Она што веќе сите почнаа да го пишуваат по Англија.
Најголемиот противник на Ван Гал е самиот Ван Гал, а не стадионот, судиите, ветерот.
Искрено, не ми се свиѓаше ништо што чув на пресот пред мечот со Кембриџ. Кембриџ биле giant killers, можеле она, можеле ова. Им направи услуга со ова што им даде самодоверба дека може нешто да извлечат од мечот.
Добија реванш без удар во рамки на голот. Да не зборам тоа што сега ке ни се осоколат други тимови, исто како лани што ни искачаа екипи со 2 напаѓачи на Олд Трафорд. Згаси ги со 4-5 гола, одиграј рутиниран меч.
Сме дозволиле на QPR, Јеовил и Кембриџ да не вовлечат во нивната игра во првото полувреме?
Не бе брат, самиот си крив. Ти ја менаџираш играта.
Ди Мариа упорно го игра на погрешна позиција. Најдобрите партии дојдоа кога овој играше лево.
Мечевите против QPR, Eвертон, Лестер, кога правевме шанси left and right...
Мечевите против Саутемптон, Кембриџ и QPR ...
Едно ке исправи, 2 ке скрши... Каков само моментум имавме до пред мечот со Тотенхем.