Досега како одат работите мене ми се чини дека Роџерс нема да издржи.
И Ливерпулехо (покрај сите други) се сврте против него.
Прво да кажам дека ако следи отказ на Роџерс и му се дадат одврзани раце на наредниот со некоја голема сума, тогаш тоа ќе биде огромна грешка.
Ако се оди со истиот модел како што одеше досега (мислам на трансферите) тогаш ферски е да се очекува дека Роџерс ќе си оди.
Отказот во комбинација со голема сума на пари и одврзани раце на наредниот (билокој) би било погрешно од причина што тој истиот што ке дојде ќе сака да гради свој тим, а сите знаеме и осетивме како изгледа тоа, настрана тоа што би била огромна неправда према Роџерс.
Според мене....
Во моментот нема слободен Менаџер кој што би направил разлика од она што досега го имаме со Роџерс.
Бенитез не го сакам во ниту еден случај. Направил тоа што направи во Клубот, но не сакам да се навраќам на последните 2 негови сезони. Некои како да го заборавија тоа. Уствари они заборавија на ланската сезона а не па да се навраќаме неколку години уназад.
Клоп во комбинација со лимитиран трасфер буџет би бил нешто слично на Хоџсон. Не сте слепи за да видите кај е Дортмунд.
Клоп во комбинација со одврзани раце би било смешно и неферски према Роџерс.
Во секој случај лето со Ливерпул никогаш досадно!