Фан Клуб: Лацио

Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.097
Поени од реакции
5.767
Озбилно го планираат овој Данило Каталди за капитен?
Глеам на 2-3 пати до сега Маури коа искача му ја остава нему лентата а не на Раду.
Еднаш само се случи тоа, на последната утакмица со Фиорентина. И тоа Раду му ја даде лентата откако ја доби од Маури. Не верувам во скоро време да биде капитен, ама ваков потег може само да послужи за зголемување на самодовербата. А би сакал да го видам еден ден како капитен на Лацио, сме немале домашен играч капитен уште од Неста.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин

Мислам дека имаше уште најмалку 2 пати како ја добива лентата. Нема врска не е тоа муабетот, туку ова што го спомна, изгледа спремате ваше дете за капитен. (y)
 
Член од
23 ноември 2010
Мислења
1.836
Поени од реакции
2.104
Мислам дека имаше уште најмалку 2 пати како ја добива лентата. Нема врска не е тоа муабетот, туку ова што го спомна, изгледа спремате ваше дете за капитен. (y)
Prv pat ja dobiva lentata :)
 
Член од
15 јануари 2012
Мислења
88
Поени од реакции
21
Да не се летаме друже. Чекор по чекор. Целта за оваа сезона е пласман во ЛШ. Со исполнување на таа цел се обезбедува останување на најголемите ѕвезди во тимот, како и привлекување на нови играчи од таа класа. Дури после тоа можеме да збориме за некаков проект.

За сега тоа што ми се свиѓа највише последниве 2-3 години е давањето шанса на младите играчи.
Па уствари тој е пројектот, ако Лацио се пласира на ЛШ во старт има загарантирано 40 милиони од сите приходи, а шансите се реални имајќи во предвид односот на Лотито и Тавекјо(претседател на фудбалскиот сојуз на Италија). Од друга страна младинскиот тим (primavera ) последните неолку години е постојано на врвот, гледајте Каталди кој има 20 години а во теренот се покажува како многу искусен играч. Да не го заборавиме тренерот Пиоли кој се докажа како најдобар тренер.
 
Член од
23 ноември 2010
Мислења
1.836
Поени од реакции
2.104
Па уствари тој е пројектот, ако Лацио се пласира на ЛШ во старт има загарантирано 40 милиони од сите приходи, а шансите се реални имајќи во предвид односот на Лотито и Тавекјо(претседател на фудбалскиот сојуз на Италија). Од друга страна младинскиот тим (primavera ) последните неолку години е постојано на врвот, гледајте Каталди кој има 20 години а во теренот се покажува како многу искусен играч. Да не го заборавиме тренерот Пиоли кој се докажа како најдобар тренер.
Со Лотито ништо не се знае, а и башка летањето во облаци може скапо да се плати. Почекај да заврши сезонава да видиме дали ке се пласираме во ЛШ. Има доста до крај а сите се тука некаде. Лотито пошто е ретард може на лето да продаде двајца тројца од прв состав и ете сме пак на почеток.
Прво што ни трба е победа вечер против Торино. Во купот лесно ги добивме во гости, но вечер ќе биде доста тешко иако Торино се изморени од ЛЕ. Резултатите до сега од ова коло ни се погодија, сега треба да докажеме дека имаме квалитет да се избориме за ЛШ. Во минатите сезони натпреварите како овој вечерва ги кикснувавме, се надевам дека оваа сезона ги научиле грешките, и шансата што ни се пружа мора да се искористи, а доколку ја задржиме моменталнава форма можеме и да целиме кон второто место:)
ФОРЦА ЛАЦИО
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.569
Поени од реакции
81.078
Лацио има добар тим, но проблемот е Лотито е премногу непредвидлив. Ако по некоја случајност Лацио обезбеди пласман во ЛШ, прашање е дали нивниот им "драг" претседател ќе продаде неколку играчи, или пак ќе го засили тимот со неколку засилувања.

Тоа ќе биде голема штета ако заминат некои играчи, дека после подолго време гледам некој потенцијал во Лацио да направи нешто повеќе, заедно со Фиорентина и Торино
 
Тоа е главното прашање. Доколку обезбедиме ЛШ најверојатно нема да биде продаден никој и ќе се донесат некои засилувања (веќе се купени Морисон и Ходет) но за ЛШ на Лацио му требаат барем уште двајца добри играчи, а доколку не влеземе во ЛШ ќе биде дрш недај летово. Од друга страна па Лотито одлично го води финансиски Лацио клубот е финансиски стабилен и работи со добивка, се исплаќа долгот по шест милиони годишно до 2024г. Ќе видиме што ќе испадне на крај:)
 
Член од
15 јануари 2012
Мислења
88
Поени од реакции
21
Бидејќи добро го совладувам италијанскиот јазик јас редовно го пратам Лацио на www.cittaceleste.it a има и апликација "lalaziosiamonoi". Се согласувам дека Лотито е непредвидлив, но да не заборавиме дека тој го спаси Лацио од банкрот, го купи со 500 мил. долгови. Оваа година Лацио е многу силна екипа, експертите се импресионирани од тренерот Пиоли и покрај повредите на клучните играчи како Џентилети, Раду, Лулиќ, Андерсон, Кандрева итн. сепак Лацио демонстрираше добра игра. Слаба точка беше одбраната, но со Маурисио(освен оној кикс со Палермо) се стабилизира.
Не верувам дека Лотито ќе продаде оти ја сватил поентата, тој се борел да завземе позиција во футбалската федерација и успеа во тоа, тој е десна рака на Тавекјо кој е претседател на Футбалската Федерација на Италија. Секаде има политика, нели. Затоа сум убеден дека Лацио оваа година ќе го гледаме во ЛШ со што Лотито ќе крка 40 милиони за учеството, затоа Лотито не само што нема да ги продаде ѕвездите туку ќе донесе уште еден топ плејер - напаѓач.
FORZA LAZIO!!!
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.097
Поени од реакции
5.767
Добро е, се плашев дека нема да им дадат гол. :)

FA7 :cuc:
 
Член од
15 јануари 2012
Мислења
88
Поени од реакции
21
Уште ли не верувате дека ќе бидеме вице шампиони на Италија?
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
1.966
Поени од реакции
2.876
Уште ли не верувате дека ќе бидеме вице шампиони на Италија?
Зошто да не бидете? Што е оваа "мртва" Рома поквалитетна во моменталнава игра од Лацио? Баш би сакал Лацио сезонава да ја заврши на второто место иако ќе биде многу тешко тука се и Наполи и Фиорентина во борба за втората па и третата позиција која носи квалификации за Лига на шампиони.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom