Фан Клуб: Италија

Член од
5 април 2011
Мислења
1.915
Поени од реакции
924
киелини до кога ќе си даваш автоголови врска немаш!
конте го форсира пошто е зебраш
бонера е сто пути боље опција

:cool:
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
е сеа и ти, како да играат кога веќе имаат еден куп натпревари одиграно за Аргентина. секунда да одиграш на официјален сениорски натпревар и веќе не можеш да смениш репрезентација. не важи единствено за пријателски натпревари.

а плус тоа Паласио нема италијанско потекло туку шпанско. татко му е од Шпанија кој како дете со фамилијата пребегал во Аргентина поради граѓанската војна. Паласио има шпански пасош и да не играл за Аргентина ќе можел комотно да игра за Шпанија.

фамилијата на Меси потекнува од Анкона, град во централна Италија. иако и по двајцата родители е италијанец, мислам дека доколку Италија го побарала не би добил дозвола од ФИФА поради тоа што ФИФА признава потекло до трето колено, значи до дедо или баба, а случајов со Меси почнува од пра-прадедо му Анџело и пра-прабаба му Мариа кои емигрирале во Аргентина при крајот на 19 век. иако нивните потомци се мажеле и женеле со други италијански имигранти, кај ФИФА тоа не проаѓа. е сеа за од на мајка му страната не знам од кое колено му е италијанското потекло, можеби не е толку далечно. иначе, во Италија Меси денес има роднини, како на пример боксерот Лука Меси или па дечково за кој се пишуваше и по весници. според италијанските закони, Меси има право да извади италчијански пасош без разлика од кое колено му е потеклото, ама не е според ФИФА. за тоа колку е строга ФИФА кога станува збор за потеклата, ќе го наведам примерот на аргентинецот Дарио Цвитанич кој во 2008 зема хрватски пасош благодарение на хрватското потекло. требаше да игра за Хрватска арно ама ФИФА не му дозволи бидејќи потеклото му е од прадедо, што е четврто колено.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.036
Поени од реакции
106.833
За прв пат во животот вчера го сакав Киелини. :cautious: :icon_mrgr:
Ги чекав на спортска и душа ми се исполни да ви кажам. :D Реално, премногу ми се допаѓа оваа НОВА Италија под водство на Конте. Им текна на дегените дека конечно треба асален тренер да стават, а не да се ебаваат со Донадони, Прандели и остали просеци. Јас се имам изјаснето многу пати за Конте додека беше тренер на Јуве, не можам да го сварам едноставно, ама дека е тренериште тука нема збор. Башка сега кога не е тренер на Јуве, веќе не ми е омразен, напротив, баш симпатичен лик ми е. :icon_lol: :D

Одлично изгледа Италија под негово водство, а мора да земеме во предвид дека ова е само почеток!!! А чим некој тим на почетокот изгледа добро, ондак... if you know what I mean. :sneaky:
Се му е на тацна за да си ја игра неговата омилена формација, што се вели скоро цел Јувентус му е тука, плус во нападот ги има одличните Имобиле и Заза, додуша овој вториот вчера потфрли али нема везе, се дешава и слаба утакмица понекогаш. Така да од Италија очекувам многу на следното Европско Првенство.
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.046
Поени од реакции
17.712

Тренер со карактер. Ете тоа е Конте. Било кој од другите просеци или заостанати тренери ќе го макнеше Балотели, без разлика на тоа дали на теренот се движи половина километар на час или истрчува помалку од голманот на клупата. Тој си рече дека нема да бира играчи врз основа на име и популарност туку ќе ги игра тие што заслужуваат и го прави тоа. Покрај се има и авторитет доволен за никој од земјата да не му се меша во работата и во изборите на играчите, како ни во тактиката. Италија играше лошо против Азербејџан, ама токму тоа е поентата, што човекот без разлика тимот што го води игра лошо или добро, секогаш можеш да се надеваш на победа. За разлика од некои...

Мондо од дамна рече за овој :свиркам:,ама на клада ќе го спалеа уште малку
 
Па тоа е најбитното. Карактер се покажува кога тимот игра лошо а сепак победува, а не ко Бенитез, губи 4-0 од Рома, а овој вика дека Интер покажал карактер. :facepalm:

Истото беше и со Мурињо кога беше во Интер, можам уште од одма да набројам десетина утакмици каде Интер изиграл слабо а тепал ради шампионски менталитет и карактер. Затоа Конте е тренериште, и искрено капа му симињам ради сите овие особини.
Бало го шутка, го става Заза во тимот кој игра во факинг Сасуоло, а притоа овој првиот игра за Ливерпул. :cuc: Ама убаво си пишал ти за изјавата на Конте, нема кај него влечење по терен, он сака дисциплина. А Балотели е се само не дисциплиниран.
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.499
Поени од реакции
80.588
Ги читав мислењата на луѓето во Италија за Конте, веднаш кога го објави списокот на играчи на првиот негов натпревар за репрезентацијата... и онака се чудев како жители од Неапол, Рим, Милано го фалат човекот заради тоа што го исфрлил Балотели од тимот. Гледаш онака фанови на Наполи, Рома, Интер, Милан сите го викаат Мистер Конте по интернетот.... незнам дали тоа се должи што сите во Италија се расисти, или пак во прашање е нешто друго :icon_lol:

Ѕаѕа, Дестро, Имобиле, а ако продолжат со добрите резултати нема воопшто да ме чуди ако ги викне и Берарди и Габиадини... овој првиов веќе настапува за младинците на Италија до 21 година.
Се разбира да не ги заборавиме и Перин, Верати, Барди, Леали, Запакоста, Ругани, Ел Шарави, Инсиње, Бенаси итн...
Видете ја голманскана линија :vozbud:... Перин, Барди и Леали... ако остане подолго Конте на клупата на Италија, богами ќе си има главоболки кој ќе биде прв голман на репрезентацијата, се разбира одкако ќе се пензионира Џиџи Буфон.

Многу млади таленти има моментално Италија, добро е што Конте се осврнува на нив, иако играат во сакати клубови од типот на Сасуоло, Торино, Емполи итн.

Форца Конте :icon_mrgr:
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.046
Поени од реакции
17.712
А што му фали на зборот осврнува или дека јас сум од провинција ми изгледа правилен ?

:icon_lol:
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.659
Поени од реакции
13.159
Тренер со карактер. Ете тоа е Конте. Било кој од другите просеци или заостанати тренери ќе го макнеше Балотели, без разлика на тоа дали на теренот се движи половина километар на час или истрчува помалку од голманот на клупата. Тој си рече дека нема да бира играчи врз основа на име и популарност туку ќе ги игра тие што заслужуваат и го прави тоа. Покрај се има и авторитет доволен за никој од земјата да не му се меша во работата и во изборите на играчите, како ни во тактиката. Италија играше лошо против Азербејџан, ама токму тоа е поентата, што човекот без разлика тимот што го води игра лошо или добро, секогаш можеш да се надеваш на победа. За разлика од некои...

Мондо од дамна рече за овој :свиркам:,ама на клада ќе го спалеа уште малку
Вака, Прандели до финалето на ЕП многу добро си ја вршеше работата!!! И тој почна да прави тим, не дозволуваше ни тој да му се мешаат, барем според играчите што ги повикуваше. За репрезентација беа викани и играчи од втора лига, Италија почна да игра убав фудбал, напаѓачки... После тоа финале веќе Италија не личеше на озбилна екипа, тоа беше некоја друга приказна, се виде уште на првите натпревари во квалификациите за СП и тоа го пишувавме тука.

А треба да помине време за да се даде оценка за Конте, поточно за репрезентацијата под негово водство. Ова против Азербејџан беше доста лошо, дури напорно за гледање. На лаптоп ја гледав Италија, на ТВ друг натпревар, инстиктивно очите одеа накај ТВ, морав некогаш со сила да гледам во лаптопот за да видам каква е Италија под Конте. Начинот на кој се постигнати головите доста говори.

Добро е што следниот наптревар е со Малта...

Верати не игра затоа што игра Пирло. Не верувам дека Конте било когаш ќе ги стави да играат заедно, што е и исправна одлука. Зошто се форсира Пирло, кога ЕП е за две години, а не се пробува нешто друго, не ми е јасно.

Не треба никаква храброст сега да не го повикаш Балотели да игра за Италија. Па од Милан одвај чекаа да го продадат. Гнев би навлекол да го викне и да го форсира во првиот тим. :)

Малку се претерува околу карактерот, го видовме во ЛШ, го видовме тој карактер во Истанбул. Па и околу одлуката да оди на сигурно и да ја преземе италијанската репрезентација, а не да проба да се докаже некаде во странство, доволно говори за неговиот карактер. Освен Анчелоти, тој беше единствен тренер од Италија, кој ќе добиеше понуда да води голем клуб во странство.

А Конте има квалитетни фудбалери на располагање, има и младост и искуство, мора да постигне успех. Ако успехот изостане тој ќе е единствениот виновник... Резултатски овие квалификации не треба да се некое мерило, пласман во ЕП во ваков систем не е ни доведен во прашање...
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.036
Поени од реакции
106.833
А што му фали на зборот осврнува или дека јас сум од провинција ми изгледа правилен ?

:icon_lol:
И јас го користам, само смешно ми дојде у ситуацијава. :D Инаку правилно би требало да е се потпира. :D

Иначе @Hm_Hm, не може да речеш дека Конте не покажал шампионски карактер во Истанбул затоа што и сам знаеш на каков терен играа и во какви услови. Тука нема шампионски менталитет, јеби га. Ако е за тоа он го испердаши пред 2 сезони европскиот шампион со 3-0 и заврши прв во групата.

За Верати се слагам, само ради Пирло не го игра, пошо играат на иста позиција. Али млад е, има време за него.
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.046
Поени од реакции
17.712
Вака, Прандели до финалето на ЕП многу добро си ја вршеше работата!!! И тој почна да прави тим, не дозволуваше ни тој да му се мешаат, барем според играчите што ги повикуваше. За репрезентација беа викани и играчи од втора лига, Италија почна да игра убав фудбал, напаѓачки... После тоа финале веќе Италија не личеше на озбилна екипа, тоа беше некоја друга приказна, се виде уште на првите натпревари во квалификациите за СП и тоа го пишувавме тука.

А треба да помине време за да се даде оценка за Конте, поточно за репрезентацијата под негово водство. Ова против Азербејџан беше доста лошо, дури напорно за гледање. На лаптоп ја гледав Италија, на ТВ друг натпревар, инстиктивно очите одеа накај ТВ, морав некогаш со сила да гледам во лаптопот за да видам каква е Италија под Конте. Начинот на кој се постигнати головите доста говори.

Добро е што следниот наптревар е со Малта...

Верати не игра затоа што игра Пирло. Не верувам дека Конте било когаш ќе ги стави да играат заедно, што е и исправна одлука. Зошто се форсира Пирло, кога ЕП е за две години, а не се пробува нешто друго, не ми е јасно.

Не треба никаква храброст сега да не го повикаш Балотели да игра за Италија. Па од Милан одвај чекаа да го продадат. Гнев би навлекол да го викне и да го форсира во првиот тим. :)

Малку се претерува околу карактерот, го видовме во ЛШ, го видовме тој карактер во Истанбул. Па и околу одлуката да оди на сигурно и да ја преземе италијанската репрезентација, а не да проба да се докаже некаде во странство, доволно говори за неговиот карактер. Освен Анчелоти, тој беше единствен тренер од Италија, кој ќе добиеше понуда да води голем клуб во странство.

А Конте има квалитетни фудбалери на располагање, има и младост и искуство, мора да постигне успех. Ако успехот изостане тој ќе е единствениот виновник... Резултатски овие квалификации не треба да се некое мерило, пласман во ЕП во ваков систем не е ни доведен во прашање...
Прандели само привидно си ја вршеше добро работата пред финалето. Цело првенство лошо менаџираше, освен можеби со Англија. Особено се сеќавам на победата од 2-0 над Ирска кога Италија играше најпичкарски што може да се замисли. Во натпреварите против Костарика и Уругвај тимот не создаде нитуедна шанса што само беше доказ за очајната тактика која што ја форсираше, тактика со која уште не ми е јасно што сакаше да постигне.

Ќе оставиме времето да покаже за Конте, за тоа си во право, но верувај дека тренер од типот на Спалети или Манчини секако ќе го викаше во репрезентацијата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom