Фан Клуб: Депортиво Ла Коруња

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Депортиво-Љагостера 1-1
Се пласиравме во наредната рунда од купот, со еден бледо одигран реванш во кој Хуан Домингез беше стрелец за Депор.

Нареден противник МирандеЗЗЗЗЗЗЗЗЗ :D
Barcelona v Espanyol
Valencia v Granada
Mirandes v Deportivo La Coruna
Cadiz v Celta Vigo
Real Betis v Sevilla
Villarreal v Athletic Bilbao
Eibar v Las Palmas
Rayo Vallecano v Atletico Madrid

Идеме до финале со други зборови :icon_mrgr:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Депортиво-Еибар 2-0 :oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
Лесна победа за заверка на шестата позиција на крајот од ова 15 коло. Депортиво одигра доволно за победа, без некои спектакуларни перформанси. Еибар не беше ништо полош или подобар, само што ние ги искористивме нашите шанси (полушанси :D), а они не :icon_mrgr:
Во првото полувреме Лукас изнуди пенал (кој веројатно не беше пенал) и истиот го реализираше, за негов седми натпревар по ред во кој потигнува гол.
Еибар беше подобар противник во првиот дел, додека ние доминиравме во второ полувреме. Вреди да се издвои дека Луисињо се обиде да изнуди пенал, по што судијата му даде втор жолт картон за глума и одново заработи црвен уште во 70-тата минута. Тоа не ни пречеше бидејќи и со играч помалку бевме подобриот противник. По еден корнер, Арибас беше највисок во скокот и погоди за конечни 2-0.
Освоени 26 бода после 15 кола, ни требаат уште околу 14 бода во наредните 23 кола за да загарантираме опстанок :icon_mrgr:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Стипе Плетикоса во понеделник потпишува за Депортиво. Искусниот Хрватски голман ќе биде четвртиот голман во составот на Депортиво за оваа сезона, но Фабрицио како наш најдобар голман најверојатно ја пропушта цела сезона. Од обична повреда на тренинг, испадна дека ја пропушти цела полусезона, а богами и цела сезона :facepalm::вонзем:
Лукс брани во форма топло-ладно, а изгледа дека Ману кој беше донесен како замена за Лукс, не ги исполни баш очекувањата или пак од управата оцениле дека не можат да се потпрат целосно на него. Плетикоса е добар голман, ама господ знае во каква форма се наоѓа. Лукс веројатно ќе продолжи да биде прв голман.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
http://www.theguardian.com/football/blog/2015/dec/21/lucas-perez-deportivo-de-la-coruna-bebeto-record

SuperLucas човекот што ја одбележа фудбалската 2015 година во Ла Коруња :aplauz::cuc:

Ќе се направи огромна грешка ако се продаде срцето на овој клуб, но за жал Депортиво не може сам да донесе одлука по ова прашање. Стигне ли добра понуда, отиде Лукас...
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Според правилникот на УЕФА еден играч во текот на една сезона може да игра најмногу за две екипи. Лукас веќе имал настапи за ПАОК во квалификациите за ЛЕ, што значи дека не смее да заигра во друг тим, бар до јуни. Мирни сте до на лето. :D
Фабрицио веќе одбил 3 понуди од клубот, така што Плетикоса беше очекуван потег на управата. Ако добие шанса Стипе убеден дека би го исфрлил Лукс кој е најслаба алка во тимот. Kako и да е веројатно ќе добие шанса во копа, да видиме бар во каква форма е моментално.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
0-0 на полувреме на тешкото гостување кај Гетафе, никогаш не ни одело овде...

Гетафе можеше да поведе со 2-0 или 3-0, да не беше Лукс на голот. Се исплатеше потпишувањето на Плетикоса, затоа што Лукс денес брани маестрално :D
Сарабиа ни прави големи проблеми, по десната нивна страна.
И покрај сите шанси на Гетафе, ние ја имавме најдобрата. Ах бе Лукас, Лукас, сега најде да промашиш.
Брза контра на Депор, маестрална топка од Москера, извисува последниот дефанзивец на Гетафе и Лукас излегува очи во очи со противничкиот голман, но шутира до стативата :([DOUBLEPOST=1451510870][/DOUBLEPOST]Гетафе-Депортиво 0-0

Среќен бод за завршување на 2015 година на место кое води во Европа. Секако дека на крај нема да бидеме 6-ти, но досега освоените 27 бодови после 17 натпревари, би требало да ни гарантираат мирна втора полусезона, во која би ни требале околу 13 бодови за да избориме опстанок. Додуша првиот круг сеуште не е завршен, но со оглед на тоа што ни гостува Виљареал, а гостуваме кај Реал, не би требало да освоиме бодови, или би дошле до уште еден бод :icon_mrgr:
Гетафе беше подобар противник денес, поконкретни во своите шанси. Кај нас неколку играчи имаа преодна оценка, Москера одигра одлично, Лукс не спаси во неколку наврати, а одбраната доста се подобри во вториот дел кога навремено ја расчистуваа опасност пред голот. Лукас како и секогаш се бореше за секоја топка, така дојде до една сто процентна шанса и две полуприлики.
Најголемата шанса и единствена 100% ја имавме во првиот дел кога Лукас доби топка во празно и на 30-тина метри од голот иташе осамен кон противничкиот голман. Шутна од околу 15-тина метри, но само до стативата. Огромна шанса со која можеше да биде единствениот играч на Депортиво кој постигнал голови на 8 натпревари по ред. Имаше огромна желба да даде гол, но немаше помош од останатите во нападот. Слаб натпревар одиграа Фахир и Луис Алберто, додека Феде Картабиа беше доста активен, меѓутоа судиите некако не го обожаваат, па не свират фаули против него. Си ја исполни нормата да добие жолт картон :icon_mrgr:
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Губиме 0-1 со Виљареал, откако катастрофално бевме поставени по еден корнер. Катастрофа, Славија во трета лига не прима ваков гол. Чудно е како на секој натпревар противникот ни прави барем по една 100% шанса со утрчување на еден играч на работ од пеналтикот. Се остава премногу простор за противникот. А и судијата кумуваше на голот, со погрешно досуден слободен, по кој следуваше и корнерот.[DOUBLEPOST=1451845372][/DOUBLEPOST]Луис Алберто израмнува на 1-1, а потоа Лукас промашува 100% шанса за водство. Ајде Депор :D[DOUBLEPOST=1451848946][/DOUBLEPOST]Неверојатен пораз...
ДЕПОРТИВО-виљареал 1-2

Судиска кражба, дури и полошо од тоа. Одлично одигран меч за нас, тотално го надигравме противникот кој се бранеше цело второ полувреме и место лагано да победиме, судијата само го продолжи лошото судење и им подари пенал за победа. Фрустрирачки пораз, немам зборови да го опишам :tapp:
Првиот погодок падна по непостоечки слободен удар. Мизеријата од судија досуди фаул и додели жолт картон на Арибас, бидејќи нашиот дефанзивец го прочита движењето на Бамаку (или како и да се вика) и убаво го загради, што судијата го процени како прекршок :нинџ:
По слободниот падна корнер, на кој браневме кко третолигашка екипа од Македонија и примивме гол.
Константно ја имавме играта на наша страна, ама реално немавме некои поголеми шанси. По една акција на почетокот од вториот дел, Лукас убаво нафрли, а Луис Алберто израмни на 1-1. Само минута потоа Лукас ги измеша противничките дефанзивци и од само 7 метра го промаши голот :place:
И во првиот дел имаше промашено чиста шанса, откако Фахир му испрати одлична топка со која го исфрли сам пред гол, но Лукас не ја смири убаво.
Виљареал веднаш врато со шанса, но Лукс одбрани и тоа беше се од нив.
Константно напаѓавме до крајот, ги пикнавме во нивна половина, не можеа да мрднат.
Само се чекаше да падне гол за победа, но кога нема да ја искористиш инцијативата следува казната.
Да напоменам дека судијата не виде еден чист пенал на Депортиво и еден што еднакво можеше да се карактеризира како пенал.
Имавме нафрлување од слободел, противничкиот дефанзивец го држеше Арибас (прв контакт за пенал), а откако го пушти, противничкиот голман буквално го нокаутираше нашиот играч, сто пати поостро отколку стартот над Меси против Бетис. Ама ние не сме Барса, судијата не ни помисли да досуди пенал, иако немаше ни прашање дали е пенал или не.
Потоа одбранбен играч на Виљареал при еден корнер непрекинато го држеше Лукас, а судијата досуди контрафаул :pos::pos::pos:
И после се ова, суди смешен, непостоечки фаул од Наваро во 94-та минута :facepalm:
Бруно погоди по втор пат за целосно незаслужен триумф на Виљареал и прекин на нашата серија од 8 меча без пораз:нинџ:
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Мирандес-Депортиво 1-1

Нерешено на првиот натпревар од осмина-финалето во купот. Очајно прво полувреме и добро второ за реално реми. Одигравме меч во кој стартуваше само Москера од првата постава, Луисињо се врати по суспензијата, а во второ полувреме во игра влегоа и Фахир и Алекс Бергантињос.
Со еден таков состав, игравме доста конфузно на почетокот и примивме гол по корнер, а Мирандес можеа да погодат уште неколку пати во неколку полушанси. Депортиво почна да напаѓа во вториот дел и целосно ја превзема инцијативата. Риера имаше добар продор и шут од раб на шеснаесетник кој заврши над пречката. Џона Родригез шутираше млако, голманот реагираше лошо, но топката заврши во пречка. Потоа стигна израмнувањето. Нафрлување на Кардозо од корнер, а Лопо ја закова топката во домашната мрежа. До крајот Депортиво притисна за победа и Риера имаше 100% шанса, но успеа да стрела само во стативата. Резултатот е прилично добар, па на реваншот треба да ја завериме визата за најдобрите 8 во купот.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Пукна првата петарда за годинава :D
Како крај на полусезоната, Реал-Депортиво 5-0 :D
Штета што го сменија Бенитез, вака домаќините беа бајаги мотивирани за да се покажат пред новиот тренер и си го одиграа своето. Реал помалку ни одговара како противник него ли Барса, бидејќи не можеме да ги спречиме нивните напади по крила, поради разликата во брзина на нашите бекови и нивните крила. Виктор ептен греши што го игра Наваро како бек наместо Луисињо. Луисињо може е морон, прави жолти и слично, ама Наваро го летаат како брз воз. Плус направи два глупи пенали оваа година, а и во офанзива е бескорисен.
Типував дека Бејл ќе не наполни и бидна така.
Го гледав само прво полувреме, и головите од второ, па можам да кажам дека Лукс мораше да реагира многу подобро на некои голови. Во прво полвуреме сум целосно задоволен од играта. Одамна не сме одиграле скоро рамноправно со Реал во едно полувреме. Имавме ист број на шутеви кон гол, имавме повеќе корнери, солиден посед на топка, и неколку добри шанса. На 0-0, по одличното додавање на Москера, Лукас Перез мораше да погоди зицер , ама шутираше во Навас. Што ли ќе беше само ако поведевме. Лукас почна да промашува многу шанси во последните мечеви. Во прво полувреме уште неколку пати се заканивме, дефинитивно заслуживме да постигнеме погодок. Првиот гол кој го примивме не пресече, а судијата комотно можеше и да го поништи. Не згреши ни вака, ама и да го поништеше ќе беше фер одлука. И ова влијаеше врз нас, веројатно повторно ќе загубевме, ама немаше да се распаднеме толку лесно. Бензема не беше во офсајд, ама Бејл беше и донегде влијаеше врз голот бидејќи целосно го маркираше голманот, нешто што воглавно судиите знаат да го досудат како пасивен офсајд. То је то.
Неколку пати не претрчуваа и правеа чисти шанси, некако преотоворено влеговме во мечот, а и реално немаме одбрана за парирање и одевме на се или ништо :D
Со лимитиран состав, толку е :icon_mrgr: Мислам дека на Риазор можеме да им скинеме бодови во последно коло :icon_mrgr: Сепак, крајниот резултат не соодветуваше целосно на играта. Од хајлајтсот од втор дел, мислам дека судијата можеше и да свирне некој пенал за нас, особено по чистото играње со рака на Варане.
 

tander123

God save the queen!
Член од
5 октомври 2015
Мислења
715
Поени од реакции
363
Штета што испаднавте од купот....... Ништо вака ќе се фокусирате на првенството и со малку среќа можеби ќе завршите на местата кои водат во ЛЕ.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Штета што испаднавте од купот....... Ништо вака ќе се фокусирате на првенството и со малку среќа можеби ќе завршите на местата кои водат во ЛЕ.
Тежок пораз од Мирандес... Само да не тргне колата надолу, од тоа највеќе ми е страв :icon_mrgr:
Депортиво-Мирандес 0-3

Пораз во купот со кој се збогувавме од натпреварувањето со вкупни 4-1 за противникот. Виктор одново излезе со вториот состав, со тоа што Москера беше во стартната постава. Го одигравме веројатно најслабиот меч сезонава, со само еден шут кон гол (а можеби и ниеден во рамки на голот). Нема што многу да се каже, првиот гол на гостите целосно не уништи, па немаше враќање назад. Ману на голот беше доста лош, што само покажува дека имаме лоши голмани сезонава. Ах, да беше Фабрицио здрав годинава :facepalm: Да видиме Плетикоса дали ќе добие шанса да се покаже.
Виктор го отпиша Медуњанин од составот, не му даде шанса ниту во овој двомеч, а напразно го играше Москера на сите натпревари, кога на него му треба мал одмор, сепак е наш најкорисен играч во средината од теренот. Лопо играше слабо, па сега се шпрекулира дека Робер ќе го замени суспендираниот Арибас на мечот со Сосиедад викендов.
Не ни тргна баш најубаво во 2016 година, а следуваат два тешки натпревари со Сосиедад на гости и Валенсија дома. Ќе биде долга борбата за опстанок, за Европа не сме дораснати :icon_mrgr:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Сосиедад-Депортиво 1-1 :D

Конечно малку повеќе среќа, сосема незаслужен бод. Најлошо одиграна утакмица во оваа сезона. Убедливо најслаба партија во одбрана. Лопо не е на ниво сезонава па не го замени баш најдобро Арибас, кој беше суспендиран. Картабиа е повреден (заедно со Чани), па Хунфран игра како крило, додека Лауре покрива во одбрана. Лауре е очаен во одбрана, преспор за противниците. Истото важи и за другиот бек Наваро. Виктор треба да игра со Хуанфран и Луизињо во одбрана, не знам зошто почна да ја менува тактиката... Луис Алберто постигна погодок, промаши една добра шанса и му сервираше 100% шанса на Лукас кој одново промаши.
Три чисти шанси од кои една реализирана, а како што кажав ова беше најлошо одигран меч на Депортиво :D Ако ние имавме 3 шанси, Сосиедад имаа 53 чисти шанси :icon_mrgr:
Лукс беше играч на натпреварот, а комотно може да се прогласи и за играч на колото :D
Колку шанси им фати, колку зицери утнаа слепците, не се броеше веќе. Имаа три гола поништени ради офсајд, а голот конечно го постигнаа по смешниот пенал на Џонас. Џонас воопшто не се снајде во Депортиво, а со денешниот пенал мислам дека си ја скрои судбината...
Сосема непромислено задржување за дрес на противнички играч во скоро безопасна ситуација, поглуп пенал амин.
Ние и голот го постигнавме по грешка на домаќините. Лукас собра едно грешно додавање меѓу дефанзивците, тргна во контра, додаде до Луис Алберто кој ја погоди празната мрежа. Претходно Луис Алберто одлично го проигра Перез, но овој од неколку метри биеше само во голманот.
Како што кажав шансите на Сосиедад не можам ни да ги добројам, мала ќе ми биде цела страница на кајгана :icon_mrgr:
Мораше да дојде и ваков кризен период. Лимитиран фонд на играчи, неколку повредени (Чани, Фабрицио, Боргес, Џонатан Родригез, Картабиа) и си се враќаме на првичната цел за опстанок.
Освоени 28 бода засега, отприлика уште 12 ни требаат за опстанок :icon_mrgr:
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
@Colt Willcox, како си задоволен од Луис Алберто? Не верувам да има иднина во Ливерпул, ама сакам да знам како се снаоѓа во Примера?
Ах тој Лукас Перез колку сакам да го купи Ливерпул....:D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
@Colt Willcox, како си задоволен од Луис Алберто? Не верувам да има иднина во Ливерпул, ама сакам да знам како се снаоѓа во Примера?
Ах тој Лукас Перез колку сакам да го купи Ливерпул....:D
Солиден е :D
Имаше една мини повреда која го оддалечи од терените, ама се врати доста самоуверено. Вчера покрај нашиот голман, он беше убедливо најдобар играч на теренот во однос на останатите од Депортиво. Погодува од време на време, сака доста да шутира, а нема баш добар удар, но во последно време изненадува со добри додавања со кои сервира чисти шанси :icon_mrgr:
Ниту он, ниту Лукас Перез не се материјал за нешто повеќе од Депортиво. Да ги задржи Депортиво со години, би биле добро дуо во нападот :icon_mrgr: Луис Алберто малку го шетаат по позициите, бидејќи немаме крила. Игра како лево крило, како полушпиц, а некогаш и како напаѓач, зависи од што имаме потреба :icon_mrgr:
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Солиден е :D
Имаше една мини повреда која го оддалечи од терените, ама се врати доста самоуверено. Вчера покрај нашиот голман, он беше убедливо најдобар играч на теренот во однос на останатите од Депортиво. Погодува од време на време, сака доста да шутира, а нема баш добар удар, но во последно време изненадува со добри додавања со кои сервира чисти шанси :icon_mrgr:
Ниту он, ниту Лукас Перез не се материјал за нешто повеќе од Депортиво. Да ги задржи Депортиво со години, би биле добро дуо во нападот :icon_mrgr: Луис Алберто малку го шетаат по позициите, бидејќи немаме крила. Игра како лево крило, како полушпиц, а некогаш и како напаѓач, зависи од што имаме потреба :icon_mrgr:
За Луис Алберто се согласувам дека не е калибар да игра во врвен тим. Се гледа дека е техничар, има визија, креативност но физички е премногу слаб. Лукас Перез не е материјал за голем клуб? Ме зезаш? Депортиво го имам гледано 5-6 пати и секогаш ме импресионирал. Плус гледам има дадено 12 лигашки гола во една полусезона.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom