Фан Клуб: Депортиво Ла Коруња

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.690
Кикс на гостински терен :icon_mrgr:

Гранада-Депортиво 1-1!
Натпревар без многу прилики на двете страни. Се играше досаден фудбал кога во една акција на Депортиво, Фахир одлично биеше и погоди за 0-1, резултат со кој се замина и на полувреме. Во последите дуели Џона Родригез ни е стартен напаѓач, но некако не е многу продуктивен, иако за воља на вистината доста се труди. Откако Риера се изнапромаши сто процентни шанси против Еспањол, одново Родригез се врати на теренот.
На стартот од вториот дел имаше шанса да ја запечати судбината на противникот, откако на два пати промаши големи шанси. Во вториот наврат, голманот на гостите беше веќе матиран, но некогаш можеш да промашиш шанса која е потешко да ја утнеш :icon_mrgr:
И нормално, кога шансите ќе останат неискористени, доаѓа казната. Акција по страната на Лауре, лошо одбиена топка во дефанзива, играчот на Гранада налета и ја заби во мрежата крај немоќниот Лукс.
До крајот ние напаѓавме повеќе, меѓутоа без некоја посериозна шанса.
Освоивме бод, ама се осеќам како да загубивме два, против прилично слаб противник.

Со 12 поени остануваме во горниот дел на табелата по 7 одиграни средби, пред репрезентативната пауза.
Одличен почеток, на крај криво ми е што немаме повеќе бодови :D
Но, вреди да се напомене дека досега само Валенсија ни беше потежок противник :icon_mrgr:
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Лукас е одличен сезонава како напаѓач. Четири гола и два асистенции се одличен скор.
Можда и е претерано ама според мене вреди да се проба за репрезентација. Перфектно би се вклопил во тактиката на Шпанија со оглед на тоа дека е технички супериорен и доста брз, а баш таков профил им треба на шпанците. И така со ромбусни напаѓачи од типот на Коста и Мората не им оди.

Иначе Депор одличен засега. Таа од вчера и посебно таа против Спортинг моравте да ги добиете, но тоа е што е. И вака не е лошо. Тимот доста доби на стабилност во одбраната со искусните Арибас и Наваро, а во нападот Алберто и Фахир брзо се вклопија. Сега засега засилувањата се полн погодок. (y)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.690
Депортиво-Атлетик Билбао 2-2

Ауф каква утакмица :icon_mrgr: Навидум Депортиво се спаси, бидејќи постигнавме погодоци во 80 и 89 минута, ама реално заслуживме НАЈМАЛКУ бод од овој дуел.
Со изменета постава во коа стартуваше очајниот Хуан Домингез, Депортиво одигра прво полувреме во кое не смееше да замине со 0-1 на крајот од 45-те минути
Ињаки Мартинез искористи една долга нафрлена топка, убаво биеше од прва и го изненади Лус кој имаше кренато рака барајќи непостоечки офсајд. Сиднеи е очаен во моментите кога треба да се направи офсајд стапица, мора да се земе подобар играч во одбраната. Иако е голем борец, сепак недозвовливо е да има толкава неорганизираност при правењето на офсајд стапиците.
Депортиво брзо се разбуди и промашивме две големи шанси.
Статива и пречка погодени од страна на Луис Алберто.
Најпрвин Алберто утна на метро од гол линијата, успевајќи една одбиена топка да ја шутне само во внатрешната страна на стативата, покрај неможниот гостински голман. Мораше многу подобро да реагира во таа ситуација и задолжително да постигне погодок. Во наредната акција Лукас шутираше од далеку, Луис Алберто ја прифати одбиената топка и со добар удар ја погоди само пречката.
Во второто полувреме Депортиво почна многу лошо. Набрзо беше примен втор гол, откако Адуриз одново искористи лоша поставеност на Сиднеи и по една контра лесно го совлада Лукс.
Лукс е очаен во последните дуели, едвај чекам Фабрицио да се врати на теренот...
Пресврт донесе влегувањето на Феде Картабиа на крилната позиција на местото на Чани.
Веднаш влезе во шанса и биеше крај голот.
Потоа влезе од неговата крилна позиција, додаде до Лукас, овој одлично ја прими топката и маестрално заврши со полуволеј. Мајстроски погодок на Лукас, како тргна може да добие и повик за Шпанска репрезентација :bravobe:
Веќе во наредната акција можевме и МОРАВМЕ да изедначиме, ама се посрамотивме.
Тројца играчи беа сами пред веќе матираниот гостински голман и додека се мислеа кој да шутне, Риера се полакоми и успеа да промаши празен гол од пет метра :facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:
Мислев дека тука отиде шансата за бод, ама згрешив.
Феде Картабиа предводеше една добра акција, нафрли до Арибас, а овој со глава стрелаше за нов 13 бод за Депортиво.
Отприлика уште 27 поени ќе ни требаат за опстанок :icon_mrgr:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.690
Малага-Депортиво 2-0
Депортиво -Атлетико Мадрид 1-1

Еден освоен бод во двете претходни кола. Депортиво го одигра најкатастрофалниот натпревар минатата недела, кога Малага сосема заслужена стигна до трите бода. Немавме никаква игра на теренот, иако среќно можевме да дојдеме до поинаков резултат. На 0-0 Лукас Перез му даде одлична топка на Риера, овој шутна во паѓање, а топката заврши во стативата покрај немоќниот голман на домаќините. Гол во оваа ситуација ќе сменеше многу работи. Сепак, сосема заслужено Малага поведе со гол кој веројатно беше од офсајд, но само неколку минути претходно судијата им поништи чист погодок, бидејќи помошникот крена знаменце и сигнализираше непостоечки офсајд. На 1-0, Арибас промаши цел фудбал со глава од одлична позиција да израмни и тоа беше се што направи Депортиво. Малага постигна уште еден погодок, а можеа да слават и поубедливо.

На денешниот дуел одигравме две различни полувремиња. Очаен прв дел во кој му беше препуштена играта на гостинот и второ полувреме во кое можевме да стигнеме и до трите бода. Џонас имаше слаб меч иако премногу се бореше на теренот. Феде Картабиа е доста себичен, а Лукс конечно пружи натпревар во кој имаше неколку добри интервенции. Во првиот дел Депортиво губеше со 0-1, а можеше да прими уште некој погодок.Откако одбраната одолеа на гостинските напади, во второ полувреме се тргна многу похрабро. Имаше висок пресинг, па во една таква ситуација Лукас Перез украде една топка и самиот ја заврши акцијата за 1-1. На неколку минути до крајот одново погодивме статива, веќе 4-та или 5-та утакмица по ред. Овојпат Фајкал Фахир распали од раб на шеснаесетник и стрелаше само во дирекот.

Дојдовме до 14 бода, односно ни требаат околу 26 за опстанок :D[DOUBLEPOST=1446286221][/DOUBLEPOST]http://rutube.ru/video/a02e2d6f684629b43c8ee1083c9867f6/

Каква играчина е Лукас Перез :D
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.690
Какво лудо Галицисо дерби.
Лукс му брани пенал на Нолито, а минута претходно Лукас стрелаше за 1-0 од неговата трета чиста шанса. Засега дербито е 10/10 :D
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Какво лудо Галицисо дерби.
Лукс му брани пенал на Нолито, а минута претходно Лукас стрелаше за 1-0 од неговата трета чиста шанса. Засега дербито е 10/10 :D
Супер утакмица стварно, имавте убава шанса сеа пред малце за 2-0, лошо подаде Лукас. Сезонава сте добри иначе, конечно извадивте добар дрес после првото испаѓање и одма играте поарно. :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.690
Супер утакмица стварно, имавте убава шанса сеа пред малце за 2-0, лошо подаде Лукас. Сезонава сте добри иначе, конечно извадивте добар дрес после првото испаѓање и одма играте поарно. :D
Лукас додаде во акција кај што требаше да шутира, а во првата минута кога требаше само да ја пропушти топката за да дадеме сигурен гол, се заалчи и се фрли да шутне и промаши празен гол :D
Сепак даде гол и пола му се простува :icon_mrgr:[DOUBLEPOST=1448147102][/DOUBLEPOST]
И одиме, QUE NOOOOOOOOO? PERO QUE NO, QUE NO, PERO QUE NO, QUE NO, SIEMPRE VIGO NO, VIGO NO, VIGO NO, VIGO NOOOOOOOOOOOOO :kuracc:

ДЕПОРТИВО-Селта 2-0 :oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
Сосема заслужена победа во доста возбудлив меч во кој Депортиво направи едно 4-5 добри контри со кои потсети на играта од златните времиња на клубот :ojeaa:
Штета што не ги наполнивме повеќе, ама резултатот можеше да биде и поинаков ако Лукс не го одбранеше пеналот на Нолито.
Многу повеќе очекував од Селта, освен одредени акции по страната на Нолито и Орељана, ништо друго не покажаа. Јаго Аспас никаде го немаше, се му ебам :kuracc:
Лукас даде гол, ама можеше да даде уште 2-3 гола.
Уште во прва минута промашивме милион процентна шанса. Излегоа тројца со голман, Луисињо додаде до Лукас, овој се фрли за да го погоди празниот гол наместо да му ја остави на Чани и успеа да шутне само над голот. Потоа доби одлична топка во шеснаесетникот, убаво ја прими, направи дриблинг и го измести чуварот и место да ја закова топката во мрежата, реши уште да дрибла и му ја земаа топката. Селта возврати со шанса на Нолито откако Арибас како последен човек во одбрана ја изгуби топката, Нолито проба да го лобува излезениот Лукс но шутираше лошо. Конечно дојде нашиот прв погодок. Чани маестрално ги измести противниците, додаде до Алекс Бергантињос кој го заменува повредениот Боргес, голманот на Селта му го одбрани ударот, ама Лукас налета на одбиената топка и ја погоди празната мрежа. Можеби имаше офсајд во ситуацијава, али јебига :blablab:
Само што дадовме гол, судијата им досуди пенал на Селта. Нолито шутира доле лево, ама Лукс му брани. Оваа одбрана на Лукс ги пресече и до крај на мечот мислам дека немаа ниту една шанса, освен еден удар на Аспас од 17-8 метри.
Депортиво имаше милион контри за да го реши дуелот. Одбраната одигра страшно во второ полувреме, а Москера беше ѕвер денеска во средината. Најпрвин Лукас излезе сам пред гол и наместо да шутира проба да додаде до Џона Родригез и згреши. Потоа Родригез на два пати излегуваше пред голман, еднаш убаво биеше, но голманот на Селта некако ја одбрани топката, а вториот пат биеше над голот. Потоа Хуанфран со удар од 25 метри ја затресе стативата (верувале или не, ама едно 7-8 меча по ред погодуваме статива). Шлагот на вечерта беше вториот погодок на Депортиво.
Таков автогол одамна не сум видел :oleee:
Испратена долга топка за Џонас Гутиерез, голманот на Селта истрча да пресече, но дефанзивецот кој го чуваше Џонас не го примети тоа и од пола терен му ја зашвајца на голманот во гол :pos::pos:
Многу важна победа во борбата за опстанок, до 40 бода ни требаат уште 22 :D
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.690
Лас Палмас-ДЕПОРТИВО 0-2

Још једна у низу :oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
Во дуелот против тимот на Валерон, остварена втората победа во низа, петта во оваа сезона. Еден гол на Лукас и еден погодок кој најверојатно е впишан како автогол, иако изгледаше како Чани да стрелаше во противничката мрежа. Одлична одбрана и запирање на нападите на противникот уште во нашата средина. Им ја препуштивме топката, им го препуштивме поседот и ги казниве на контри. Првиот гол плод на контра на Лукас, вратена топка до Чани и гол кој на крај најверојатно беше впишан како автогол. При резултат од 0-1, веќе деветти наптревар по ред погодуваме статива, овојпат Бергантињос погоди статива, а на одбиената топка одново биеше истиот играч, за домашниот голман прекрасно да ја фати топката. Во вториот дел домаќините се отворија што придонесе да се отвори уште поголем простор за наши напади. Фахир и Лукас беа главни при контрите, но како и во претходните натпревари, така и сега, се изнапромашивме. Шанса промаши и Луисињо. На крај по една контра во судиското продолжение Лукас Перез го постигна својот 9-ти гол сезонава за целосно заслужена победа од ова гостување.

После некомплетното 13-то коло се наоѓаме на одличната позиција со скор 5-6-2, но мора да се напомене дека допрва следуваат дуелите со Барса, Реал, Севиља и Виљареал. Сепак, огромен успех е што после толку одиграни натпревари имаме само 2 порази, исто колку што имаат и Реал, Барса и Атлетико. Имаме 21 бод, лани се спасивме со 35, а годинава можеби и пониска ќе биде таа граница. Засега бегаме 11 бодови од зоната за испаѓање.[DOUBLEPOST=1448792107][/DOUBLEPOST]
Како што пред 10-тина години милуваа да кажат нашите коментатори, тоа е моќната контра ала Ла Коруња :icon_mrgr:
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.690
Победа над Љагостера со 1-2 во шеснаестина финалето во купот :D
После којзнае колку години имаме изгледни шанси да се пласираме во 16-те најдобри :icon_mrgr:
Натпревар во кој Депортиво беше многу подобар противник особено во првото полувреме кое зачудувачки го завршивме со негатива од 1-0. Риера се изнапромаши шанси. Денес настапија скоро сите резервисти, а шанса доби и младиот Кардозо кој одигра одличен натпревар. Феде Картабиа се погрижи за изедначување во вториот дел, а потоа Луисињо заработи втор жолт и црвен картон и го остави тимот на цедило. Сепак, 10 минути подоцна по една прекрасна акција, конечно и Риера го постигна својот гол првенец во оваа сезона и ни донесе победа од гостинскиот натпревар против една од послабите екипи во Сегунда.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.690
Депортиво-Севиља 1-1

Кога стигна време да бидам незадоволен со нерешено против Севиља, тогаш се е јасно... :icon_mrgr:
Во дербито помеѓу екипите на двете збратимени навивачки групи Риазор Блуз и Бирис Норте, во прекрасна атмосфера од трибините од кои ечеше Jimmy vive, Депортиво веројатно ја заслужи победата, меѓутоа единствената грешка во одбраната донесе гол за израмнување на гостите. Севиља ја контролираше играта во првиот дел, но Сиднеи и Арибас беа непремостлива пречка за нив. Иако гостите ја имаа топката во свој посед, шансите комплетно беа на наша страна. Лукас Перез ја имаше најдобрта шанса на натпреварот, излегувајќи очи во очи со Серхио Рико, меѓутоа гостинскиот голман успеа да излезе како победник од овој дуел. Веќе во наредната шанса Депортиво поведе со 1-0. Лукас Перез изведе слободен удар од 20-тина метри, топката одеше силно по земја, а теренот прекриен со вода придонесе истата да отскокне пред Рико и да влезе во мрежата. Ова беше 10-тиот погодок за Лукас Перез сезонава, кој има ист број на погодоци со Кристијано Роналдо на пример :icon_mrgr:
Севиља имаше само една шанса, по еден центаршут Гамеиро се фрли и ќе постигнеше одличен погодок, меѓутоа топката отиде крај голот.
Во вториот дел Депортиво ја имаше контролата, а Џонатан Родригез имаше две шанси за погдок. Еднаш шутираше од страна, но топката мина до стативата, а потоа при една контра биеше млако и ударот беше лесен плен за Рико.
Севиља немаше шанси, меѓутоа дозволивме грешка во одбранта која им донесе бод од ова гостување. Нововлезениот Љоренте доби еден воздушен дуел, спушти до Ибара кој ја избегна лошата офсајд стапица и лесно погоди во мрежата на Лукс.

Засега имаме 22 бода, уште 18 до сигурен опстанок :icon_mrgr:
Следува дуелот со Барселона на гости. Москера го доби петиот жолт картон и ќе отсуствува од дуелот, па шансите за изненадување се скоро еднакви на нула. Москера е можеби нашиот најдобар играч сезонава, играчот кој ни недостасуваше сите овие години :cuc::cuc::cuc:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.690
ГОООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛлл на Ноу Камп :D
Лукас Перез намалува на 2-1
Само 2 минути претходно, судијата ни поништи гол ради офсајд[DOUBLEPOST=1449938397][/DOUBLEPOST]Како се разигравме, можевме да ја завртиме у пм. Судијата класично си суди, секој допир фаул :kuracc:
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.690
ГООООООООООООООООООООООООООООООООЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛ 2-222222222222222222222222222222
ЛЕКЦИЈААААААААААААА[DOUBLEPOST=1449939531][/DOUBLEPOST]БУШИИИИИИИИИИИИИИИИ

Никогаш позаслужен поен од Ноу Камп во последниве сезони :icon_mrgr:
Штета што клучниот играч Москера и Боргес ни се повредени иначе кај ќе ни беше крајот :icon_mrgr:
Арибас дефинитивно играч на мечот, ги уби противничките напаѓачи. Да не беа головите на Меси и Ракитиќ од далеку, кои беа вистински евроголови кои ретко се гледаат, можевме и подобро да поминеме. Џонатан одигра слабо денес, утна шанса еден на еден со Браво во прво полувреме на 0-0, а потоа ги губеше сите можни дуели со противничките дефанзивци. Влезе во игра Луис Алберто и малце добивме на цврстина во нападот. По вториот гол на Ракитиќ, како да паднавме психички и се чинеше дека Барса ќе ни бапне петарда. Противникот не потцени и почнаа да прават ревијални замени. Кај нас влезе младиот Кардозо кој беше клучен фактор во пресвртот. Најпрвин, доста сомнитело ни беше поништен погодок откако Кардозо погоди пречка, а на одбиената топка Лукас ја погоди мрежата. Веднаш потоа одличен пас од Кардозо до Лукас, а нашиот најдобар играч лесно намали на 2-1. Почнавме да ги убиваме по контри и набрзо по една таква Лукас додаде до Алекс Бергантињос кој прекрасно пласираше во долниот лев агол на Браво. Барса тргна на три бода, а ние имавме милион можности по контра напади да дојде до целиот плен. Неколку пати одигравме несмасно при контрите иначе не ни бегаа три бода.

Бод кој воопшто не го очекував, браво за сите, особено за Виктор на тренерската позиција :cuc::cuc::cuc:
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.690

Виктор само си ја применува старата моќна тактика на Ирурета, контра ала Ла Коруња :icon_mrgr:
Ах да имавме уште еден добар напаѓач :icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom