Фан Клуб: Депортиво Ла Коруња

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
И официјално потпиша Ц(Ч)ани :D

Уште не се знаат деталите договорот, но веројатно се работи за договор од една сезона, со можност да се продолжи на уште една.

Последото инфо е дека Москера го раскинал договорот со Елче и е на прагот на потпис со Депортиво.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Педро Москера е нов играч на Депортиво.
Денеска ги помина медицинските прегледи и потпиша договор на 4 години.

Новите вести велат дека постигнат е договор меѓу ПАОК и Депортиво за Лукас Перез. Депортиво ќе го купи Лукас за 1.5 милиони евра.

ОДИМЕ ВО ЕВРОПА :vozbud:
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
6.358
честито Феде иако се работи за позајмица без право на откуп, а гледам според StadioSport Лукас Перез е следен. Одлично меркато за Депор.
Феде во Кордоба изигра многу јако во првиот дел од сезоната, а после веројатно им влезе во шема на ноќните клубови или дека почна да глуми супер ѕвезда на тимот.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Уште неколку засилувања од мојот последен пост.

Феде Картабиа доаѓа на позајмица од Валенсија, додека од Елче ни доаѓа Faycal Fajr (поим немам како да го преведам), играч кој игра на крилните позиции и како офанзивец средњак.



Еве ги последните 7 засилувања, без двата играчи кои дојдоа од Севиља, Наваро и Арибас и Ориол Риера.

Фајр доаѓа на едногодишна позајмица, меѓутоа доколку Елче не успее да обезбеди пласман во Примера, тој ќе потпише две годишен договор со Депортиво.

Останува да потпише Лукас Перез, откако тренерот на ПАОК, Игор Тудор, изјави дека тоа е веќе завршен договор и само се чека на официјално претставување.
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Официјално за сума меѓу 1.5 и 2 милиони евра, Лукас Перез се сели од ПАОК во Депортиво, потпишувајќи 4 годишен договор :oleee:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Џонатан Родригез е нов играч на Депортиво. Доаѓа на позајмица од Бенфика на една сезона.
Младиот 22 годишен Уругвајски напаѓач по добрата сезона мината во Пењарол, ја засили Бенфика во зимската полусезона. Не успеа да најде место во првиот тим и сезоната ја доигра во вториот тим кој настапува во втората Португалска лига, каде што постигнал 7 погодоци на 6 меча.
Табарез го зема и во националниот состав на Уругвај, па ваљда има некој потенцијал во него.


Во меѓувреме неколку играчи го напуштија клубот. Сеоане го раскина договорот и премина во Понферадина, додека Инсуа е пуштен на позајмица во Луганес во Сегунда. Младиот напаѓач Луис Фернандез отиде на позајмица во Хуеска.

Моменталниот состав е:

Голмани: Фабрицио, Герман Лукс

Одбрана: Мануел Пабло (десен бек), Лауре (десен бек), Хуанфран (десен бек, десно крило), Алберто Лопо (централен бек), Алехандро Арибас (централен бек), Сиднеи (централен бек), Саул (лев бек), Луисињо (лев бек, лево крило), Фернандо Наваро (лев бек, централен бек)

Средина: Алекс Бергантињос (одбранбена средина), Харис Медуњанин (средина), Педро Москера (средина), Келсо Боргес (средина), Цани (средина, десно крило), Феде Картабиа (лево крило, офанзивна средина, десно крило), Фајкал Фахр (офанзивна средина), Луис Алберто (офанзивна средина, напад), Лукас Перез (десно крило, напад)

Напад: Ориол Риера, Џонатан Родригез

Од тие што потпишаа:
Лопо го продолжи договорот до 2017 година
Хуан Домингез го продолжи договорот до 2018 година
Арибас потпиша до 2018 со можност да го продолжи до 2019 година
Наваро потпиша до 2017 со можност за продолжување до 2018 година
Саул Гарсија потпиша до 2019 година
Педро Москера потпиша до 2019 година
Ориол Риера потпиша до 2018 година
Фајкал Фахр се води како на позајмица од Елче, меѓутоа ако Елче не се пласира во Примера оваа сезона (што е тешко за верување), Фахр потпишува за Депортиво до 2018 година
Лукас Перез потпиша до 2019 година

На позајмица се:
Хуанфран едногодишна позајмица од Ватфорд
Сиднеи едногодишна позајмица од Бенфика (има шанси да го земеме по истекот на позајмицата)
Луис Алберто едногодишна позајмица од Ливерпул
Феде Картабиа едногодишна позајмица од Валенсија
Џонатан Родригез едногодишна позајмица од Бенфика


За разлика од неколкуте претходни сезони каде што скоро цел тим ни беа играчи дојдени на позајмица, оваа година успеавме да потпишеме играчи на подолг период и да атакуваме посериозно на опстанокот во лигата. Се чини дека листата на играчи сеуште не е комплетирана и се очекува конечно да заврши сагата околу Диого Саломао со што би ги комплетирале и крилните позиции.

Во првото коло играме против Реал Сосиедад, а пред почетокот на сезоната останавме без првиот голман Фабрицио, кој се повреди на месец дена. Сепак, тука е Лукс да го покрие голманското место.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Првиот освоен бод сезонава :D

ДЕПОРТИВО-Сосиедад 0-0!
Реален резултат после 90 минути игра. И двете екипи си имаа свои минути, Депортиво ја имаше иницијативата во поголемиот дел од мечот, а за воља на вистината Сосиедад имаше подобри шанси. Стартувавме со Лукс на голот, Лауре-Лопо-Сиднеи-Наваро во одбраната, Хуанфран како десно крило, Москера и Боргес во средина, Чани лево, Фахир како плејмејкер и Лукас Перез како напаѓач.
Во првиот дел видовме игра каква што Депортиво не покажал со години. Одма се гледа разлика во квалитет меѓу овие играчи и оние кои продефилираа во последните 3 сезони. Течни акции, но без завршница. Требаше Риера да стартува како напаѓач, а Лукас како крило, меѓутоа и кога се направи таа замена во вториот дел, ништо не покажа Риера за минутите кои ги доби. Чани даваше одлични и прецизни пасови, а Фахир беше маестрален. Дефинитивно играч каков што му недостасуваше на Депортиво во изминативе сезони. Боргес и Москера имаа добри удари од далечина, но Роли немаше проблем на голот на Сосиедад. Сосиедад се закани неколку пати, но Лукс беше одличен на голот. Во вториот дел тргнавме уште подобро, напаѓавме, се заканувавме, но Роли секогаш беше поуспешен од нашите играчи. Имавме неколку добро одиграни акции, одлично изведени акции по корнери, добар слободен удар на Фахир, а потоа и на Картабиа кој влезе во вториот дел. Картабиа сакаше да се покаже како за прв дуел, ама реално имаше просечно деби. Неколку пати паѓаше во дуели, а ниеден фаул не му досудија. Во последните 15 минути драстично опадна концентрацијата во редовите на Депортиво, па Сосиедад на 2-3 наврати беа блиску до победата, но одново Лукс беше поуспешен. Сосиедад можеа и да си постигнат комичен автогол по едно недоразбирање на играч од одбраната и голманот, ама се спасија за малку.

Како за прв дуел, може да се каже дека сме барем ниво подобри од лани и се надевам дека нема да стравуваме за опстанокот до последни минути. Ќе имаме проблеми во нападот, особено со реализацијата ама се надевам и тоа ќе се поправи во наредните кола, како што ќе се воигрува нападот и средината.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
ГОООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООЛЛЛЛЛ
Лукас Перез за водство на Местаља од 0-1
Сосема заслужено според играта досега :bravobe:[DOUBLEPOST=1440962169][/DOUBLEPOST]1-1 на самиот истек на полувремето, ебате среќата :D
А сакаа да го шитнат Негдредо, како не го продадоа мамата :icon_mrgr:
Недозволиво како остана сам после изведениот корнер, одбраната заспа целосно.[DOUBLEPOST=1440966587][/DOUBLEPOST]Валенсија-Депортиво 1-1 :D
Одлично, сеуште сме непоразени и после ова тешко гостување. Во првото полувреме бевме подобар противник, промашивме неколку шанси, а потоа Лукас Перез по една одземена топка од работ на шеснаесетникот биеше за 1-0. Валенсија цело полувреме беше непрепознатлива и погоди во 45-та минута во првиот шут кон голот, кога по еден корнер заборавивме на Негредо.
Второто полувреме донесе различна игра. Валенсија почна да напаѓа, Депортиво падна во играта. Одигравме слаби втори 45 минути, но тука беше Лукс да спаси едно 2-3 100% шанси. Со оглед на тоа што ни недостасуваа Картабиа, Риера, Чани, а право за настап сеуште нема Саломао и плус ни се повреди Луис Алберто во првиот дел, ова е одличен резултат против противникот кој игра во ЛШ.
Подобри сме од лани, одиме на првата победа во наредните мечеви :icon_mrgr:
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
На крај Саломао не успеа навремено да го раскине договорот со Спортинг Лисабон и отпаѓа од листата на засилувања :tapp:
Клубовите постигнаа договор да биде слободен трансфер со тоа што Спортинг би добил некој процент од идна продажба, а играчот требаше да потпише договор 1+2 години со услов поврзан со неговите постојани повреди, но на крај ништо.

Затоа, сосема изненадвачки медицинските прегледи во Депортиво денес треба да ги мине Жонас Гутиерез, играчот на Њукасл :eek:
Играчот кој беше дел и од Аргентинската репрезентација и во последните години се лечеше од рак, лани го спаси клубот од испаѓање со гол во последните мечеви, за сега да му биде покажана излезната врата. Ако ја врати старата форма, ова би било одлично засилување за нас.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568


Официјално Жонас Гутиерез потпиша договор со Депортиво на една година.
Алекс Бергантињос и Лауре, играчите кои се деца на Депортиво, ги продолжија договорите до 2018 година.

Составот за оваа година е:
Голмани:
13 Фабрицио
1 Герман Лукс
20 Ману Фернандез

Одбрана:
2 Мануел Пабло (десен бек)
15 Лауре (десен бек)
11 Хуанфран (десен бек, десно крило)
23 Алберто Лопо (централен бек)
14 Алехандро Арибас (централен бек)
12 Сиднеи (централен бек)
18 Саул (лев бек)
16 Луисињо (лев бек, лево крило)
3 Фернандо Наваро (лев бек, централен бек)

Средина:
4 Алекс Бергантињос (одбранбена средина)
8 Харис Медуњанин (средина)
5 Педро Москера (средина)
22 Келсо Боргес (средина)
6 Чани (средина, десно крило)
17 Феде Картабиа (лево крило, офанзивна средина, десно крило)
24 Жонас Гутиерез (лево крило, десно крило, офанзивна средина)
19 Фајкал Фахр (офанзивна средина)
21 Луис Алберто (офанзивна средина, напад)
7 Лукас Перез (десно крило, напад)

Напад:
9 Ориол Риера
20 Џонатан Родригез

Ова е составот кој треба да ни донесе опстанок оваа сезона.
Напред Депор :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
ГОООООООООООООООООООООООООООООЛЛЛЛЛ во Мадрид :D

По центаршутот на Луис Алберто, Боргес мајсторски со глава стрела за 0-1 за Депортиво уште во 6-тата минута од мечот кај Рајо Ваљекано :vozbud:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Голови како на филмска лента :D
Рајо притисна бајаги по првиот погодок, имаа две добри шанси, за потоа по една маестрална акција, Ембарда, да го совлада Лукс за 1-1.

Само што тргнавме од центарот, имавме продор по десна страна, голема грешка на дефанзивците на Раји кои се судрија, Луис Алберто доби топка, ги прати по цигари дефанзивците на Рајо и стрела за 1-2 :D

Лудило :D[DOUBLEPOST=1442262263][/DOUBLEPOST]Рајо Ваљекано - Депортиво 1-3 :oeoeoe:

Поминаа осум месеци од последната победа на гости, интересно и таа остварена кај истиот ривал. Тогаш Боргес стрелаше два пати, денес го откри резултатот и ни ја донесе победата. Најзаслужни беа Лукас Перез и Луис Алберто. Луис Алберто имаше маестрална асистенција за првиот гол, а беше стрелец на вториот, додека вториот гол падна по акција на Перез, а токму тој стрелаше за 1-3.
На крај Луис Перез имаше уште 2-3 добри шанси да погоди за поубедлива победа, особено откако домаќините останаа со 10 играчи. Одлично одигран дуел се на се, ако се занемари големата грешка во одбраната, при единствениот постигнат гол на Рајо. Водевме скоро во целиот меч и заслужено ги освоивме првите три бода во сезоната.
Отварање на сезоната со 5/9 поени, без пораз после три кола, после две гостувања од кои едно кај Валенсија :icon_mrgr:
Виктор се покажува одличен на тренерската позиција сега за сега, нема да летаме многу, иако тимот има шанси и за Европа, сепак опстанокот е приоритет.

На овој меч притоа настапивме без Џонас Гутиерез кој ќе биде пријавен од наредниот меч, без Чани и без Ориол Риера, кои истотака може да бидат важни првотимци.

Давај ги копилињата Хихон, да ги торпедираме наредно коло :kuracc:
Мечот прогласен за меч од висок ризик :icon_mrgr:
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
ДУПИ СИ ГИИИИ :icon_mrgr:

Бетис-Депортиво 1-2 :vozbud:
Седмиот бод од третото гостување годинава, подобри се од Барса у пичку материну :цицки:
Мртво прво полувреме. Виктор се реши да ги одмара Лукас Перез, Луис Алберто, Хуанфран и Боргес, па Депортиво во првото време скоро и да не нападна туку играше на 0-0.
Феде Картабиа беше најактивен на теренот, ја погоди и стативата со еден шут од далечина.
Домаќините имаа една шанса откако Лукс лошо дегажираше, нашиот екс играч Рубен Кастро излезе сам пред голман, ама лошо шутираше крај голот. Додуша и му стартуваа и беше сомнителна ситуацијата, меѓутоа мислам дека сепак немаше допир за пенал и повеќе беше глума.
Картабиа сосема заслужено го отвори вториот дел со погодок и водство на Депортиво.
Само што поведовме, Картабиа при една контра доби луда идеа да врати назад, ја загубивме топката и примивме ефтин погодок за 1-1.
Виктор направи три замени, Перез влезе место Родригез, Боргес место Домингез и Хуанфран место Картабиа. По една прекрасна акција меѓу Луизињо, Боргес и Фахир, поведовме со 1-2, откако спуштената топка од Боргес, Фахир со волејче ја смести во мрежата. До крајот бевме невнимателни во одбрана, особено при прекините, меѓутоа мрежата мируваше.
Многу важна победа особено после несреќниот пораз во претходното коло.

Во претходното коло:
Депортиво-Хихон 2-3

Неколку дена не можам од поразот да се соземам. Колку ги мрзам маме им ебам :icon_mrgr:
Се вака се спасуваат :вонзем:
Постигнаа два брзи голови преку Санабриа, по истата грешка на одбраната на Депортиво. Остана да се поправи уште овој сегмент од тимот. Набрзина, со головите на Лукас Перез и Хуанфран, Депортиво израмни на 2-2, а потоа во една акција, судијата на два пати не виде чист пенал за Депортиво. И само што почнавме да напаѓаме за водство, ни бапнаа гол од контра. Второ полувреме притискавме, ама без посериозни шанси за погодок.

После 5 кола освоени се 8 бода, уште 32 за опстанок :icon_mrgr:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
ДЕПОРТИВО-Еспањол 3-0 :oeoeoe:

Не бев во можност да ја гледам утакмицата, ама од тоа што видов тотална доминација на теренот.
Еден автогол и два погодока на Лукас Перез. Машинерија е Лукас, играч кој игра со цело срце за клубот од својот роден град :ojeaa:

Шесто место после 6 кола, само 3 бода помалку од Реал, 4 од Барса :D
@ElNinho да не сакаш да ја поништиш кладбата, дури имаш време? :gjavol:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom