Фан Клуб: Депортиво Ла Коруња

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Не е вистина ова. Ортега не е спонзор на Депортиво, единствено е задолжен за плаќање на трошоците за пресконференциите.
Не знам како после 5-6 години тупење не сфатија дека типот нема допирна точка со Депортиво.

Во декември ќе има избори во Депортиво, ќе се бира нов престседател.
Досега има 4 пријавени кандидати, и се очекува петиот да биде сегашниот претседател Лендоиро.

Во меѓувреме, тимот со огромната победа кај лидерот рекреативо во претходното коло, се најде на второто место на табелата.
Не можам да кажам дека играта е стабилизирана.
Депортиво е добар во одбраната, па дури и во средината, но очаен на крилните и напаѓачката позиција. Многу сме лимитирани во овој дел, не ни имаме неко класично крило, туку крпиме со играчи како Аризменди и Руди кои воглавно се полушпицеви и нормално дека не се толку продуктивни на крило.
Руди е одличен засега, и би бил многу покорисен во нападот отколку на крило.
Бастон е просечен во нападот, а Луис фернандез 17 годишниот играч замена за единствениот напаѓач, на мечот со Кастиља го постигна својот дебитантски гол за првиот тим, но сепак далеку е од некој страшен напаѓач :D

Конечно во форма влезе Марчена, и тука веќе се затвори приодите кон голот на противниците. Нешто позитивно од сезонава е откритието на Инсуа. Детево игра маестрално во одбрана, а веќе постигна и 2-3 гола од кои еден многу важен, решавачкиот на мечот со Рекреативо Хуелва.

После мечот со Херкулес, ги имавме следниве резултати:
Депортиво-Мирандес 0-0
Барса Б-Депортиво 0-1 (Кулио)
Депортиво-Сарагоса 1-1 (со гол во последните секунди на Бастон, откако Кулио изведе маестрален слободен од 40 метри, ја погоди пречката, топката се одби до осамениот Бастон на кој не му беше тешко да донесе израмнување)
Тенерифе-Депортиво 2-0
Депортиво-Кастиља 2-0 (Марчена со фантастичен гол и Луис фернандез)
Рекреативо-Депортиво 0-1

Или 11 бода од можни 18 :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Лууууууууууииииииииииииииииисссссссссссссс Фернандеееееееееееееез :D
Во 30-тата минута Депортиво поведува против Мајорка со 2-0, со головите на Луисињо и Луис Фернандез. Луисињо е најдобар на теренот досега. Гостите добија и црвен картон, така да очекувам торпедирање до крај :)
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Лууууууууууииииииииииииииииисссссссссссссс Фернандеееееееееееееез :D
Во 30-тата минута Депортиво поведува против Мајорка со 2-0, со головите на Луисињо и Луис Фернандез. Луисињо е најдобар на теренот досега. Гостите добија и црвен картон, така да очекувам торпедирање до крај :)
сабја не пратев летово се засиливте нешто или?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
сабја не пратев летово се засиливте нешто или?
Не беа некои којзнае какви засилувања, Кулио, Аризменди, Луисињо, Борха Бастон, Вилк, Нуњез... Не верувам дека некое од овие имиња ќе ти значи нешто :icon_mrgr:
--- надополнето: 17 ноември 2013 во 13:05 ---
2-1, одново примен гол после слободен :tapp:
--- надополнето: 17 ноември 2013 во 13:55 ---
ДЕПОРТИВО-Мајорка 3-1!
Лесно е кога во екипата го имаш Марчена. Лани да не беше повреден пола сезона сигурно ќе опстаневме во лигата.
Стрелец на третиот гол и плус заврши голема работа за вториот.
Рутинска победа денес над Мајорка. Мајорка почна убаво, постигнаа гол во првата минута, но истиот беше поништен. Потоа Депор ја превзема инциијативата што вроди со плод преку Луизињо.
Веднаш после тоа Џеромел од Мајорка доби црвен картон и уште толку ни ја олесна задачата.
Имавме корнер, Марчена се избори за удар, голманот интервенираше, а Луис Фернандез, 17 годишниот напаѓач погоди за 2-0.
Во второ полувреме Мајорка брзо намали. Одново гол примен по прекин...
Едно 90% од примените голови ни се по прекини...
Но брзо се консолидиравме. Почнавме одново да напаѓаме, па после еден фаул над Бергантињос, топката ја прелета цела противничка одбрана, Марчена на втора статива биеше со глава, гостите ја извадија топката, но помошникот покажа дека таа ја минала линијата, што се утврди и од снимката.
Веднаш после голот за 3-1, имавме и шанса за 4-1, но ја погодивме стативата.

Одличен меч, по кој доаѓаме само на бод зад лидерот Рекреативо.
1.Рекреативо 27
2.Депортиво 26
3.Луго 25
4.Лас Палмас 23
5.Спортинг Хихон 21
6.Мурсија 21
7.Нумансија 21 (и меч помалку)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Конечно после 15 кола Депортиво се најде на лидерската позиција :)
Четврта победа по ред, Понферадина-ДЕПОРТИВО 0-1 ;)
Не го гледав мечот, но од тоа што можев да прочитам не сме одиграле којзнае каков меч.
Играч на натпреварот е нашиот голман Лукс кој имал одлична вечер.
Ние сме постигнале гол од пенал преку Кулио.
Мило ми е што лека полека почнуваме да играме со се повеќе наши играчи.
Дури 5 души од стартниот состав потекнуват од школата на Депортиво. Инсуа прераснува во стандарден централен бек од првата постава и е откритие на сезоната. Алекс Бергантињос и Хуан Домингез веќе трета сезона се носители на средината. Сеоане имаше добра сезона пред некоја година, а годинава по повредата на Лауре кој истотака е од нашата школа, игра одлично во последниве мечеви.
И нормално младиот Луис Фернандез за кого сеуште има простор за напредок.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Одново останавме без трите бода на домашен терен.
Голем проблем имаме кога играме на наш терен...
Депортиво-Луго 0-0!
Еден брз и динамичен меч, со еден куп опасни контра напади за двете страни.
Одамна не сум видел меч каде што крилата имале огромна слобода, и многу време за да си направат простор за шут.
Депортиво беше за нијанса подобар противник. Марчена и Луизињо беа најдобрите на теренот. Првиот неколку пати прекина нивни опасни акции и неколку пати овозможи контри, а вториот беше најопасен на половината на противникот.
За жал најчесто нафрлувањата на Луизињо, Кулио, Аризменди и Сеоане завршуваа на погрешно место, или пак нашите играчи беа за милиметар прекратки...
Противникот имаше една убава шанса кога со една бомба од 20-тинаметри ја погодија стативата.
Нашите играчи од средината комплетно потфрлија.
Очајно ни фали некое супер крило. Не ни имаме класични крила во екипата...
Се шпекулира дека Саломао ќе дојде кај нас во зима и со тоа тимот мислам дека за 30% ќе биде појак.
И со ваква шуглива игра со гол разлика 16-8 на 16 меча, сме први на табела, но сега изедначени со Рекреативо со 30 бодови.
Луго е трет со 26 бода.
Следно коло дома со Алавес, мора да победиме.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Осамени на врвот :D

Депортиво-Алавес 2-1!
Со денешната победа и нерешениот резултат на Рекреативо на домашен терен со Х(Ж)аен (не знам како им е точен превод :D) избиваме осамени на врвот со 33 бода, 2 повеќе од Рекре, 5 повеќе од третиот Спортинг Хихон.
Заслужена победа денес, а радува тоа што после неколку критики играчот кој потекнува од школото на Депор, Хуан Карлос имаше маестрална партија.
Гол во првото полувреме на одлична асистенција од Луизињо, и една промашена шанса, која самиот си ја изгради.
Покрај голот за 1-0, во првото полувреме утнавме и голема шанса преку Луис Фернандез.
Второто полувреме почна со брзо зголемување на водството, откако Борха Бастон стрелаше за 2-0
Луис Фернандез имаше 100% шанса за 3-0, но промаши и се надевам ова трагично промашување нема даму влијае на самодовербата.

Алавес го немаше никаде се дури не добија подарок пенал. Никој не теренот не знаеше да објасни како го добија пеналот. Погодија за 2-1. До крајот имаа една добра шанса за 2-2, но Лукс го спаси нашиот гол.

Уште еден меч со неуверлива игра, но битно продолжуваме со освојувањето бодови :icon_mrgr:
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
еј абе баш сега гледам табела овие алавес предпоследни, а пред 11-12 години играа финале во УЕФА куп.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
еј абе баш сега гледам табела овие алавес предпоследни, а пред 11-12 години играа финале во УЕФА куп.
Паднаа во втора лига уште тогаш, па се вратија назад една година, па после бележеа константен пад и последниве неколку сезони беа во трета лига. Годинава се вратија во втора лига после 4-5 сезони :)
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Паднаа во втора лига уште тогаш, па се вратија назад една година, па после бележеа константен пад и последниве неколку сезони беа во трета лига. Годинава се вратија во втора лига после 4-5 сезони :)

Се сеќавам на тоа финале во 2001, многу добро каква голеада беше и во последните минути од продолжението Алавес си дадоа автогол и им ја подарија титулата на Ливерпул.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Пораз од Еибар.
Еибар-Депортиво 2-1...
Аман од оној Аруабарена, не знам ошто сум го запамтил овој играч, веројатно дека и во дресот на Билбао ни даваше голови во минатото :facepalm:
Не реши денеска со два погодока.
Колку сме очајни во нападот човече...
Целосна посесија имавме на топката, и секоја акција едно те исто, топка до крилата, овие нафрлуваат, во шеснаесетникот нема никој.
Според мене голема грешка на Васкез што го почна мечот со само еден напаѓач.
Никогаш не даваме голови кога играме само со еден напаѓач...
Илјадници корнери имавме и слободни удари од опасни позициии и НИЕДНО НАФРЛУВАЊЕ не погодија.
Првото полувреме беше доста пријателско одмерување на силите се дури не примивме баксузен гол.
Од никаква акција, имаа некое нафрлување, топката го погоди Бергантињос во грб и му легна на волеј на Аруабарена кој стрелаше за 1-0 :place:
Домаќините се затворија и само чекаа на контри.
Од 35-та минута до 90-та иста слика.
Ние напаѓаме со сите играчи, на наша половина само 2-ца дефанзивци...
Цело време ќе направиме течна акција, и кога ќе дојде завршницата ОЧАЈ...
Абе буквално сите нафрлувања завршија кај противничките дефанзивци...
Главата ја искршија па тие маме им ебам, една топка да пуштеа :D
Еибар се обидуваше по контри, после една таква контра во 80-та минута, искочија во контра 3 на 2, го претрчаа Мануел Пабло по крило, имаше убава топка во фор за Аруабарена пред Марчена и Кака, по што на Баскиецот не му беше тешко да погоди за 2-0...
Доцни беа замените на Васкез, многу доцна ги стави Луис Фернандез, Руди и Нуњез во игра.
До крајот конечно дадовме гол во 90-та минута, нафрлување на Нуњез по земја, Бергантињос ја утна топката, а Луис Фернандез ја затресе мрежата на домаќините.
За жал немаше време за уште еден погодок...

И покрај овој пораз остануваме први на табела, затоа што и другиве потпосраа, Рекреативо изигра само нерешено со Жирона...
Ама сега Спортинг Хихон може да ни се доближи...
Се чека зимскиот преоден рок во кој се надевам дека ќе има засилуања во нападот, и особено по крилните позиции :)
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.206
Поени од реакции
6.560
Не беа некои којзнае какви засилувања, Кулио, Аризменди, Луисињо, Борха Бастон, Вилк, Нуњез... Не верувам дека некое од овие имиња ќе ти значи нешто :icon_mrgr:
Кулио играше у Клуж пред некоја година,добар беше. Аризменди у Валенсија играше порано :свиркам:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Три меча без победа да ти ебам :tapp:

А што е најтрагично ја зголемивме предноста пред ривалите.
Која смејурија е ова Сегунда, чудо невидено.
Судиине си судат за Спортинг Хихон и Сарагоса цело време, другиве екипи може да го победат најдобриот, да изгубат од најслабиот. Резил невиден...
Не е ни чудо што и со состав скрпен за две недели сме прво место со 3 бода пред Хихон и Рекративо.
Минатата утакмица изигравме 3-3 дома со Нумансија.
Очајно судење на утакмицата. Два гола од офсајд за гостите, но сепак тоа не смее да биде причината за неуспехот на тој меч.
И тоа се спасивме со гол во последните секунди на Луис фернандез.
Губевме 0-1, на полувреме направивме 2-1.
Со смешно примени голови и со грешки на судиите гостите дојдоа до 2-3, но Фернандез им заби гол во последните моменти.

Денеска, Хаен-Депортиво 0-0!
Одново безидејно во нападот.
Имаме добро движење на топката, ама се се сведува на додавања по крило каде што ги имаме најочајните нафрлувања...
Имавме една полушанса преку Луисињо во првиот дел, и еден одличен слободен на Кулио. Шутираше во горниот лев агол, но голманот на домаќините одлично одбрани.
На Кулио ова му е последен меч за Депортиво, откако приморани од финансиската ситуација моравме да ја прифатиме понудата на некој тим од Дубаи...
Кулио го напушта Депортиво за сума од 600 000...
Веројатно единствениот кој колку толку асистираше ако ништо друго по слободните удари, го напушта тимот. Знаејќи ги финансиите многу тешко дека ќе најдеме соодветна замена која брзо би се адаптирала...
Прво полувреме имавме добра иницијатива, но без многу шанси...
Второ полувреме изедначемо во број на шанси.
Два пати имавме многу среќа, првиот пат мислам дека Марчена киксираше при една долга топка, но напаѓачот на Хаен ја запука топката над гол. Вториот пат по еден слободен и удар со глава, топката мина крај стативата.
И ние имавме две шанси.
Уште еден одличен слободен на Кулио со нова одбрана на нивниот голман, и една шанса на Фернандез.
Треба Фернандез повеќе да игра, едноставно мора со два напаѓачи да играме...
Фернандез ми е ептен Инзаги тип на играч, знае да се постави кај што е потребно.
Домингез шутираше од далеку, домашниот голман кратко одби, Фернандез убаво налета и место да бира кај да шутира, биеше над пречката :(
И на крајот имавме добра контра, Хуан Карлос ја протна топката до Лауре, овој имаше празен простор, но се реши да нафрли очајно, како и секогаш.
Лауре е минус играч годинава, особено кога се работи за центаршутевите...

Се најавуваат некои нови играчи за зимава.
Се вртат повеќе имиња, од Бебе кој требаше да игра во Манчестер до враќање на Циско...

Инаку Депортиво после 20-тина години ќе има нов претседател.
Лендоиро и официјално истапи од борбата за претседател. Останаа 3-4 кандидати од кои најголем фаворит за победа е Тино Фернандез...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Хосе Верду Николас ТОЧЕ е наш нов напаѓач :)
Екс играчот на Панатинаикос доаѓа како слободен играч во Депор, со договор за наредните и 2 и пол години.
Тој е првото засилување за зимава.
Се очекува деновиве да добие огромно засилување во повратникот Диего Саломао :)

После првата рунда завршивме први со 36 бода, Хихон има 33, Еибар 32...
Минатиот меч изигравме 0-0 дома со Жирона. Очаен меч. Заспав гледајќи. Само една шанса имавме во последна минута преку Луис Фернандез. Без Кулио многу тешко оди...
Среќа сите клубови се мизерија. Првите 3-4 тима едно 5 кола по ред немаат победа и пак ништо не се менува на табелата :pos:

Утре не чека враќањето на Валерон на Риазор. Валерон се враќа на Риазор овојпат во противнички дресови, и тоа најверојатно на последната утакмица на Лендоиро како претседател.
Големи проблеми имаме во пресрет на овој меч. Лауре и Алекс Бергантињос се суспендирани, столбот Марчена е повреден...
Ќе биде комедија утакмицата...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom