Одново не изигравме ништо, а направивме 5-6 чисти шанси. Штета Николов што не даде гол, првиот шут му беше одличен, а голманон на Ренова ја имаше интервенцијата на сезоната. Време беше Петковски да го постигне деби погодокот, особено по промашувањето на неговата 100% шанса. Фичо и Блажевски беа најслаби денес, ништо не одиграа, особено Ивановски. Блажевски има пад во формата, можеби е време малце да се пресели на клупата. За Стојков имам помешани гледишта, изработи една сто процентна шанса за Николов кога мајсторски ги мина по левата страна, ама во глобала гледано играше просечно.
Заслужено победивме, иако немаме некоја посебна убавина во играта, сепак требаше дуелот да заврши со многу повисока победа.
На трибините беше дрмање, грмеше ИНДИЈАНЦИ, ГОРАН ПОПОВ, ИЛЧО ПЕДЕР, НАПРЕД ВАРДАР, од се по нешто имаше
И песна која дефинитивно ќе стане хит, верувам меѓу сите навивачки групи во Македонија
Не можам да престанам да се смеам, ШОШОНИ ШОШНИ во ритамот на мотори, мотори
+4 бодови пред Шкендија и сскоро загарантирано прво место по два круга, што значи дека со Шкендија одново ќе играме како домаќини.