Фан Клуб: Вардар

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.650
Поени од реакции
9.855
Фудбалот у недела од 3 :facepalm:
Тек сега 20 души нема да има на трибина...
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.650
Поени од реакции
9.855
Кога веќе Ренова одбиле да играат у сабота, можеле вечерна да ја стават у недела од 6-7... Кој ги врти МТВ нека пренесуваат друга утакмица. Овака сигурно 90% од луѓето ќе останат дома ќе ги гледаат и 2те утакмици на ТВ.
 

Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
Па нели договорија да се игра у Сабота поради ракометот? Од кај сеа у недела :facepalm:
Мора да е намерно поклопувањето на термините, друго логично објансување нема
 

razbirashh

No puedo,tengo nobio.
Член од
11 мај 2014
Мислења
983
Поени од реакции
2.202
Јас мислам дека сето ова ко намерно да се прави во последно време, намерното поколпување на термините на ФК и РК.
Очигледно е тоа,несакаат публика а со тоа и скандирање против Монтено,кој патем црн ѓавол само знае зошто е донесен и е сеуште во Вардар.
Дефинитивно ќе го туркаат до крај на сезона а прилично сум убеден дека и со него ќе се брукаме во Лига Европа.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.567
Кажав и пред две утакмици, НИШТО НЕ Е СЛУЧАЈНО ;)
три термини по ред се поклопуваат со ракомет, крвта да им ја изнаебам.
 

Незапирливи 1903/87

Изгорен за Вардар
Член од
20 јули 2011
Мислења
3.494
Поени од реакции
9.984
Си играат курташак со лојалноста на некои луѓе, Вардар не заслужува да го водат вакви гомнари!
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.567
Ја тепавме Ренова со 1-0, со гол во последниот напад, во 93-та минута :D

Конечно видовме еден добар натпревар со шанси на двете страни, немаше параолимписки потези, имаше доста добри акции, брзи контранапади, добри одбрани од голманите, се на се убав фудбал, но недостасуваа погодоци :D

Игравме со Деспотовски, Ибричиќ и Спировски во средина. Деспотовски и Спировски одиграа послабо, додека Ибро конечно одигра добра партија. Беше моторот на екипата во тој дел од теренот, доста разигруваше, ама му фалеше завршница откако неколку пати ги помина противниците, ама наместо да шутне чекаше да дојде некој за да му додаде.

Не победивме убедливо пошто Фичо денес беше ДРВО НЕВИДЕНО.
Стап да ставевме напред, ќе се одбиеше некоја топка од него и во гол ќе влезеше.
Се изнапромаши денеска, а и толку беше тромав, да имавме побрзо напаѓач уште 5 чисти шанси ќе им направевме.
Прво полувреме мина во наша доминација. Хамбарџумијан имаше одлично нафрлување до Фичо, ама овој од чиста ситуација со глава шутираше крај гол. Потоа Грне удри една топка со глава, ама голманов на Ренова како мачка се испружи и со парада ја одбрани. Фичо имаше и уште една ситуација кога излезе пред гол и се посрамоти со промашување, ама за среќа му дигнаа офсајд.
Потоа изигравме добра акција на десно преку Петковски и Хамбарџумијан, ама одново нафрлувањето не го искористи Ивановски откако неспретно биеше над пречката.
Ренова се закануваше само со удари од далечина...
Во второ полувреме токмаков го извади Петковски и го стави Попов, додека Грозданоски од лев бек се премести на десно крило. Влатче може комотно да се пензионира од позиција крило. Никаков удел нема, преспор е, не знае да додаде, не знае да нафрли, вака бар во одбрана знае да покрие некогаш, ама за други позиции не ни треба. Слободно може да го ослободат од обврски...
Попов само што влезе расшутира две топки од далеку, ама безопасно.
Нормално, цепа во напад, губи топка и после нема теорија да се врати назад...
Затоа кога игра он, противниците ни прават контри и излегуваат еден на еден со голман.
Денес Пачовски беше расположен и одбрани две чисти шанси. Наместо ние да продолжиме да напаѓаме, гостите не утепаа со контри и неколку пати беа блиску до водство.
Ние имавме шанса откако Блажевски фантастично му нафрли на Филип Петковски кој го замени Фичо, ама и овој дрво невидено. Како попарен ја мавна топката со глава и оваа заврши во стативата.
Во последните минути судијата не ни досуди чист пенал, откако му стартуваа на Блажевски во противничкиот шеснаесетник. Ни самиот судија не знае што досуди, тој помошникот нешто мафташе, мислевме офсајд кренал, на крај испадна дека гол-аут досудиле...
Хамбарџумијан беше најдобар на тееренот денеска и заслужи да ни донесе победа. Имавме слободен удар во последните секунди, Попов ја зарога топката високо, Бојовиќ ја мавна во празно, а Мемеди мислам дека беше, не виде убаво дека Хамбар натрчува од позадина и не ја блокираше топката, па стигнавме до победоносниот гол :D

На трибина комедии, на цел стадион имаше одвај 300 луѓе, на запад едвај 60-70 и тоа дел си заминаа во второ полувреме. Играње курташак цело време, на крај делириум по голот :D

Ајде сега кога поминаа ракометиве може ќе се врати публиката на фудбал :kuracc:
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.185
Поени од реакции
4.005
Utresniot duel so Skendija e odlozen poradi denesniot napad vrz policiska stanica
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.567
Металург ни направија услуга, им скинаа бодови на Работнички на Градски, па сега имаме +3 во однос на Работнички.
Тоа би значело дека можеме со помалце притисок да влеземе во двата многу важни дуели со Шкендија и Работнички.
Ако ги добиеме и двата тоа би значело 9 поени предност пред Работнички пред утакмиците од плејофот, каде што би ни биле потребни само две победи од 5 натпревари за шампионска титула :D
Со други зборови, ако ги добиеме следниве два меча, 100% сме шампиони :D
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.146
Поени од реакции
4.539
Со Шкендија мора победа, очајни се оваа полусезона, со победа идеме на +6 пред натпреварот со Работнички и цел притисок се префрла кај нив, ќе мора да напаѓаат, а ние најдобро сезонава изигравме против екипите кои играа отворен фудбал. Две победи сега и да славиме титула
 

Kajgana Shop

На врв Bottom