Вредат повеќе зашто цените се кренаа многу сега. Не можеш да ми споредуваш цени од пред три години и денеска. Како и да е и Мики и Обамејанг имаа потешкотии на почетокот, особено Мики кој блесна дури сезонава, исто како и Обамејанг.
И да се врати во Дортмунд тешко дека ќе биде стариот, исто како и Кагава и Шахин.
Како и да е не треба да се гордееш со тоа што ве искористуваат играчите како Кагава и Шахин па се враќаат послаби и со послаби игри од претходно што било случај. Ич не си критичен кон Вацке и Цорк. Кривици бараш на други места, а замижуваш на работата на вашата управа мислиш совршени се. За да направите уште едно ниво понагоре треба и некој докажан играч да се земе. Еве сега читам Никлас Силе од Хофенхајм објавил на фб и инстаграм дека останува во Хофенхајм. правилна одлука, 20 години има и има време за трансфер. Наместо кон такви играчи може и подокажани играчи да бараат вашите. И кога сме кај вашите, еве спремни биле 20 мил. евра за Топрак да платат, играч од вашиот конкурент Леверкузен.
И друго, не ти личи како сериозен човек кој оставил добар впечаток на форумот секој ден да плачеш за Баерн насекаде по темите. Едноставно мора да се помириш со тоа дека сме едно ниво погоре и дека сме на ниво со Реал и Барса и дека многу играчи сакаат да заиграат за Баерн. Треба вашите да сменат нешто во трансфер политиката за да направите чекор напред.
Еве конкуренција за Шмелцер ќе земате. Репрезентативец на Португалија за кој и Клоп е заинтересиран. И двата клуба за исти играчи заинтересирани
Кренаа цените, да, ама Мики и посебно Обамејанг многу напреднаа. Мики лани имаш тешка сезона, првата му беше ок а е играч кој чинеше 27м ЕУР а не 50м, на пример. Оба секоја година напредуваше а годинава експлодира, не е лошо за играч кој чинеше 13м ЕУР.
Шахин и Кагава се добри играчи за Дортмунд, го знаат клубот и имаат добро ниво. И такви играчи треба. Порано Дортмунд имаше доста послаба клупа, сега тука се Гинтер, Шахин, Кагава - очигледно е напредувањето на кадарот.
Не сум некритичен кон Вацке и Цорк ама досега многу одлично ја вршат работата. Дортмунд финансиски закрепна, има јаки спонзори и обврт од 300м ЕУР а пред неколку години беше пред стечај. Дортмунд има 50м ЕУР кеш на банка и не зема кредити за играчи. Дека не може да даде 50м ЕУР за еден играч, не може и мора на друг начин да компензира. Вајгл дојде за 2,5м ЕУР, Кагава за 500.000 ЕУР, Гундоган за 5м, Лева за 5м, Хумелс за 5м, Оба за 13м, итн итн. како да бидам незадоволен при вакви трансфери? Толку се можностите на Дортмунд. Клоп до лани беше тренер со најголем стаж, Дортмунд вложи многу пари во младината и затоа сите младниски тимови на Дортмунд се многу јаки и следните години идат млади таленти како сега Паслак и Пулишич. Презадоволен сум од напредокот.
Дортмунд не може да биде на исто ниво како Баерн или Реал или Барса, дупло поголем обврт имаат. И пак Дортмунд на добри денови може да ги победи, иако нема да бидат фаворити.
Иначе малце сте контрадикторни. Викате Дортмунд вака да прави онака да прави за да направи чекор напред а после викате треба да се помириме што Баерн е ниво погоре. Што сега, ај одлучете се?
Иначе коментирам само околу актуелни настани и нормално Баерн секојпат е тема во Бундеслигата, посебно ако секоја година зема играчи од Дортмунд. Мислам не е чудно.
За Зуле: добро што не иде во Дортмунд. Топрак е добра замена. Тој е најдобар бек во лигата после тие во Дортмунд и Баерн и логично е да го сакаат. Има алтернативи ама мислам дека тој е солидно засилување за 20м ЕУР.[DOUBLEPOST=1464362111][/DOUBLEPOST]а за Клоп и Ливерпул:
Клоп седум години беше во Дортмунд и знае кои играче ги следи скаутингот на Дортмунд. При сериозен скаутинг долгорочно се следат играчи уште од млади години, затоа и Клоп знае кои се на листа.