Фан Клуб: Барселона

P

pepito*

Гостин
А, ако Лучо освои тројна тогаш шо праиме ?
Ако тебе ти се допаѓа Мурињо тип на тренер, тоа е твој проблем. Победуваме со контри, без доминирање во играта, секоја појака екипа ни ја зеде средината, тоа сакаш да го гледаш? Лучо си има его како планина, се однесува како шериф и одвај разговара со играчите, тоа и самите играчи го признаваат. Мислиш дека знаеш подобро од Меси, Нејмар, Пике, Ракитич, Суарез, Тер Штеген, Чави, Иниеста? Овие набројаниве не го обожаваат нашиот тренер. Сите знаеме дека овој тим можи многу повеќе од ова, Иниеста на пример цело време заради нашиот начин на игра е лимитиран да покрива назад, па го плукаме цела сезона овде, а како да игра човекот кога е многу поблиску до нашиот шеснаесетник отколку до спротивниот. Да не го тупам веќе, поентата ми е дека овој начин на игра не е долгорочно решение и дека со овој фонд на играчи ние сме способни да победуваме и да играме добро, а не само да победуваме. Реал Мадрид стаса да игра подобро од Барса во средина бе...
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Не знам шо да кажам, во прво полувреме можеа да не кастрираат.
Ама ете, вака така победија :) Стварно ми е чудно да ја гледам Барса без средина,
трчаа како изгубени германци низ средината во поголемиот дел од натпреварот, без разлика што имаа 67% посед.
Битно Суарез влезе во формата во која очекувавме и редовно си дава голови.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.937
Поени од реакции
35.328
Каква таква победа е , што оти немавме многу шанси. Со Селта канонада им правевме пред голот со 4-5 100 % шанси , па ни го напикаа со се јајца.

Суарез во најбитниот дел од сезоната влегува во форма , конечно имаме играч кој што знае да повлече кога на Меси не му оди. Сепак има уште многу да се усовршува , далеку е од тоа во Ливерпул. Офсајдите му се голем проблем. Сега гостување кај Еспањол , таму со 3 бода и ќе се дише до дербито со Атлетико.
 
Член од
27 септември 2009
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.037
Ако тебе ти се допаѓа Мурињо тип на тренер, тоа е твој проблем. Победуваме со контри, без доминирање во играта, секоја појака екипа ни ја зеде средината, тоа сакаш да го гледаш? Лучо си има его како планина, се однесува како шериф и одвај разговара со играчите, тоа и самите играчи го признаваат. Мислиш дека знаеш подобро од Меси, Нејмар, Пике, Ракитич, Суарез, Тер Штеген, Чави, Иниеста? Овие набројаниве не го обожаваат нашиот тренер. Сите знаеме дека овој тим можи многу повеќе од ова, Иниеста на пример цело време заради нашиот начин на игра е лимитиран да покрива назад, па го плукаме цела сезона овде, а како да игра човекот кога е многу поблиску до нашиот шеснаесетник отколку до спротивниот. Да не го тупам веќе, поентата ми е дека овој начин на игра не е долгорочно решение и дека со овој фонд на играчи ние сме способни да победуваме и да играме добро, а не само да победуваме. Реал Мадрид стаса да игра подобро од Барса во средина бе...
Не грешка си брате реално, моментално располагаме со слаба средина. Чави веќе е во години, Иниеста е во тапа форма сезонава, мислиш дека поради поставеноста Иниеста губи по 100 топки на утакмица?? Не, тој е во тапа форма сезонава тоа е реалноста. Иван Раќитич не е тип на играч баш како на Чави и на Иниеста да ја пимпла топката , туку е многу подиректен играч.... Едноставно Лучо мора вака да игра и да се крсти на најсилниот напад моментално во свет.... Одбранбено сме многу постабилни, тоа мора да го признаеш, а како што кажа Лучо ротациите кој ги правеше на почетокот тек сега во најбитниот дел на сезоната даваат резултат. За блискоста со играчите, да потребно е тренерот да има блискост со играчите, НО мислам дека Лучо намерно се постави како генерал уште на самиот почеток, затоа што на половина од момците и се дигна егото до безсвес. Пиќе лани беше тапа , каснеше на тренинзи , шо се вика кога сакаше не се ни појавуваше. Меси не се замараше, кога ќе примаше топка го правеше она што најдобро го знае, но ниту еднаш не се беше вратил шо се вели зад центар линијата. И јас сакам да ја гледам Барса , како во времето на Пеп, кога ја имавме најдобрата средина во историјата, кога Чави и Иниеста можеа да играат со затворени очи. Ама во сегашност, ситуацијата е многу подруга, тоа мораме да го разбереме. А Лучо со овој состав на играчи кој го поседува, од сите го вади максимумот тоа биди повеќе од сигурен .....
 
P

pepito*

Гостин
100 % е заради поставеноста тоа што се губи Иниеста, цело време го гледаме назад кај што ги покрива спринтовите на Алба и на Нејмар, човекот нема слобода во играта. Не е толку расштиман колку што се зборува насекаде, тоа може да се забележи и кога игра за репрезентација затоа што Дел Боске знае како најдобро да го користи. Ракитич ја има истата улога само на десната страна, финтата е што е многу подобро физички спремен, всушност тоа е и еден од неговите најголеми квалитети и можи да ја игра и оваа улога. Во овие двајца имаме страшни средњаци што се лимитирани заради нашиот начин на игра уште од старт на сезона. Чави со неговите 35 години игра фантастично цела сезона и кога и да влезе го внесува тој мир во играта, тој не може да се замени, тоа е реалноста. Тоа што го немаме Денис Суарез пак е делумно кривица на Лучо, не требаше да дозволи да го позајмиме, мислам дека ќе се вклопеше подобро од Рафа и Роберто. Тоа што мора Меси да влегува во средина за да почниме да играме фудбал на секоја утакмица доволно зборува, играта е поставена да зависиме од крилата, а не од средината.
За одбраната не спомнав ништо затоа што реално тука има подобрувања и пак мислам дека немаше Енрике толку голема улога тука, затоа што гледаме цело време дека при секој прекин тој седнува на клупа, а станува Унзуе и ги координира. Унзуе е виновник за подобрувањата во одбраната и прекините, заслугите мора да одат кај него, не кај другиов. Единствено е заслужен за подобрувањето на Пике и Меси, што не е малку, ама сепак земено се заедно мислам дека ова не е нашиот максимум. Меси, Иниеста, Алба, Бускетс, Суарез, Пике, Ракитич сите овие моментално треба да се во врвот на кариерите и ова не е доволно. ;)
 

LaVista

Traumatic Playground
Член од
31 јануари 2007
Мислења
4.183
Поени од реакции
958
До пред некое време сите сакаа тактичка флексибилност и стабилност во одбраната. Сега кога тоа го има, пак не чини.

Тоа што немаме средина е поради лошата форма на Иниеста, годините на Чави и неспособноста на управата да го купат Крос.
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
А, ако Лучо освои тројна тогаш шо праиме ?
Кур ќе освои он. Ако по некоја случајност се освои тројна, овој нема да има никаков удел во тоа. Кажи ми ти една утакмица, која ја имаме добиено заради него. Една само, кај што сме губеле, па он направил некој страшен потез и сме добиле утакмица до крај.
Безидејни сме во напад. На Малага во 2 утакмици шанса не им направивме. Не ми се проверува за точен податок, ама мислам дека бар на 5 утакмици во лига немаме постигнато гол. Памтиш кога се случило тоа последен пат?
Не го бива, едноставно е.
До пред некое време сите сакаа тактичка флексибилност и стабилност во одбраната. Сега кога тоа го има, пак не чини.

Тоа што немаме средина е поради лошата форма на Иниеста, годините на Чави и неспособноста на управата да го купат Крос.
Не заебавај, немаме никаква стабилност во одбрана. Не сме многу подобрени во тој сегмент од лани, само што сега го имаме Браво кој брани како ненормален.
Во прекиди сме подобро толку многу и во напад и одбрана, што човек би помислил само тоа се вежба на тренинг.
 
Член од
17 март 2014
Мислења
670
Поени од реакции
917
Ја не знам што е проблемот со сите вас. Ало луѓе со една нога сме во полуфинале во ЛШ, играме финале Копа и сме на прво место на табела во Примера и пак незадоволство од тренерот пред се? Главната кривица за сезонава треба да ја бараме едино во Зубизарета за позајмицата на Денис, оставањето на Серхи и за трансферите на Вермален и Даглас. Сезонава не сме ама ич надмоќни на средина на теренот сите акции ни потекнуваат од контри преку брзината на бековите, пред се Алба и повлекувањето поназад на Меси каде што прима топка уште на наша половина. што не беше случај лани. Се бориме на три фронта на месец и пол пред крај на сезона, тимот е и повеќе од кондициски спремен, едино што фали во тим е соодветна замена за напад, по можност замена шпиц играч, еден тркач од средина на терен, еден креативец, десен бек и уште еден штопер.
 
Член од
20 јули 2011
Мислења
576
Поени од реакции
203
Ајде ондак да губиме се тогаш? Изгледа тогаш ќе сте среќни
Многу чудни сте. Се нешто не ви штима, се нешто ви пречи. Сменете тим, мој совет
 
Член од
20 април 2009
Мислења
991
Поени од реакции
944
сето ова што го споменуваат членовите стои.. не сме толку доминантни и тоа е факт.. Да не се залажуваме јас веќе престанав да го споредувам тимот со оној на Пеп.. Одбраната беше посилна, а Иниеста и Чави беа во врвот на своите кариери. Не верувам и се сомневам дека повторно Иниеста ќе ја врати формата... Но погледнете некој натпревар од тој период и погледнете како екипите се бранат против Барса.. Начинот на кој играат сите против нас е различен и еволуирал последните 5 години.. И во сета таа атмосфера треба да се пронајде игра која нема да биде класична тики така, која ќе носи резултати и ќе воодушевува...Нели ви звучи малку фантастично..?Треба да се биде реален и се гледа реално ситуацијата..Не верував дека Енрике ќе дотурка до овде, но има уште да се одработи оваа сезона...Дали е добар за долгорочно решение? Не знам, не сум компетентен да кажам...Крајните резултати ќе покажат многу..Сите знаеме дека добрата игра не е гаранција за успех.. Игравме одлично, го дрмавме светот, а Челзи и Интер како од шала ни ја земаа ЛШ...Баерн ни даде 7гола, губевме од втора постава на Реал, и Атлетико се справуваа со нас како со деца...Имало и многу други лоши моменти претходно.. треба само храбро да се исчекорат овие месец дена..Никој не знае што има на крајот од тунелот..главата горе!
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.937
Поени од реакции
35.328
Заборавивте да спомнете и дека фановите на Барса од 2008 , се разлигавени и перфекционисти. :icon_lol:

Единствено што ме нервира се нелогичните ебени потези на Енрике. Ова што го направи у прво полувреме беше тотално аматерски , и немање никаков респект спрема Валенсија како голем противник. Небаре против Леванте играме. Од него зависи дали сезоната ќе биде успешна. Еден глуп потег и се може да оде у ...
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Потегот со влегувањето на Роберто :facepalm:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom