Фан Клуб : Баерн Минхен

  • Креатор на темата 'Никола'
  • Време на започнување
Н

'Никола'

Гостин


Малку историја

Fußball-Club Bayern München е Германски спортски клуб од Минхен, Баварија. Најпознат е по професионалниот фудбалски тим, кој е најуспешен клуб во Германскиот фудбал, со освоени 22 бундеслигашки титули и 15 купови.

Клубот бил основан во 1900 година од 11 играчи предводени од Franz John. Иако Баерн го освоил своето прво првенство во 1932 година, клубот не бил одбран за во Бундеслигата во нејзините зачетоци во 1963 година. Во средината на 70тите, клубот имал период на голем успех, кога познатиот тим предводен од Franz Beckenbauer го освоил Европскиот куп на победници на куповите (денешна Лига на Шампиони) три пати по ред (1974-76). Во последнава декада, Баерн е најдалеку најуспешен тим во Германскиот фудбал, освојувајќи 7 од 10 првенства. Последната Интернационална титула на Баерн е Интерконтиненталниот куп во 2001 година.

Од почетокот на сезоната 2005-06, Баерн ги играат домашните натпревари на Алијанц Арената. Претходно тимот играше 33 години на Олимпискиот Стадион во Минхен. Боите на тимот се црвена и бела, а грбот на тимот ги содржи боите на Баварија.

Баерн е membership-based club со повеќе од 152 000 членови. Исто така има повеќе од 2500 официјално регистрирани клубови (меѓу кои и нашиот:)) со со околу 181 700 членови.


Раните години

Баерн Минхен бил основан од членови на гимнастичарскиот клуб (MTV 1879). Кога "Собирот на членови" на MTV 1879 на 27 Фебруари 1900 година одлучиле на фудбалерите од клубот да не им се овозможи да се приклучат на Германската Фудбалска Асоцијација (DFB), единаесет членови на фудбалската дивизија го напуштиле собирот и истата вечер го основале фудбалскиот клуб Баерн Минхен. Наредните неколку месеци постигнале огромен успех против сите локални ривали и стигнале до полуфиналето на 1900-01 South German championship. Во наредните години клубот освоил неколку локални трофеи и во 1910-11 Баерн Минхен се приклучил во ново оформената "Kreisliga", првата регионална Баварска Лига. Уште во првата сезона ја освоиле оваа лига, но не повторно до почнувањето на Првата Светска Војна во 1914 година, при што запреле сите фудбалски активности во Германија.

Во годините после војната, Баерн освоил неколку регионални натпреварувања пред првиот поголем успех, освојување на првато Јужно Германско Првенство во 1926 година. Истото го освоиле и две години подоцна. Првата национална титула била во 1932 година, кога предводени од тренерот Richard "Little Dombi" Kohn, го освоиле Германското Првенство победувајќи го Ајнтрахт Франкфурт со 2:0 во финалето.

Режимот на Хитлер ставил крај на еруптивниот развој на Баерн. Претседателот на клубот, како и тренерот биле Евреи, и биле приморани да ја напуштат државата. Исто така многу професионални играчи биле прогонувани и Баерн бил означен со етикетата "Еврејски клуб". Поради овие настани, Баерн не бил во можност да се бори за титули, напротив, бил клуб од средниот дел на табелата на Регионалната Лига.

После Втората Светска Војна, Баерн станал член на Oberliga Süd, јужната конференција на Германската Прва Дивизија. Во периодот меѓу 1945 и 1063 година, во Баерн се смениле 13 тренери. Во 1955 година отпаднале од лига, но наредната сезона се вратиле и го освоиле Германскиот Куп за прв пат, победувајќи ги Fortuna Düsseldorf со 1:0 во финалето. Клубот имал големи финансиски проблеми што резултирало со банкрот на крајот на 1950тите години. Богаташот Roland Endler го спасил клубот и за тоа бил награден со 4 годишно водство на клубот. Во 1963 година Оберлигите во Германија биле соединето во една национална лига, Бундеслига. Пет тима од Јужната лига биле примени во Бундеслигата. Баерн таа сезона завршил трет, но друг тим од Минхен бил победник таа сезона, Минхен 1860. Бидејќи DFB преферирале да не земаат 2 тима од еден град, Баерн не бил примен во Бундеслигата. Баерн сепак биле примени две години подоцна, со тим на млади таленти во Франц Бекембауер, Герд Милер и Сеп Маер.


Златните години (1965-79

Во првата сезона во Бундеслигата, Баерн завршил трет и го освоил Германскиот Куп. Со тоа се квалификувале за наредната сезона за натпреварувањето во Куп на Победниците на Европските Купови, што и го освоиле во драматичен натпревар против Шкотскиот клуб Ренџерс, кога Franz "the Bull" Roth постигнал гол за 1:0 во продолжението на натпреварот. Во 1967 година го задржале Купот, но по воглавно слабиот развој, нов тренер пристигнал, Branko Zebec. Тој го заменил офанзивниот стил на игра со малку подисциплиниран пристап, и со тоа успеал за првпат во Бундеслигата да ја освои двојната круна, Првенството и Купот. И притоа имал на располагање само 13 играчи во текот на сезоната.

Во 1970 година на сцена стапил Udo Lattek. Откако го освоил Купот во неговата прва сезона, тој го предводел Баерн до нивната трета титула во Првенството. Одлучувачкиот меч во сезоната 1971-72 против Шалке 04, бил првиот натпревар на новиот Олимписки Стадион и воедно бил првиот натпревар пренесуван на телевизија во живо во историјата на Бундеслигата. Баерн го совладал Шалке со 5:1 и со тоа ја обезбедил титулата, воедно поставувајќи неколку рекорди, вклучувајќи собрани поени и постигнати голови. Баерн исто така ги освоил и наредните две Првенства, но зенитот бил нивниот триумф во Европскиот Куп против Атлетико Мадрид со 4:0. Наредните години Баерн немал позначајни успеси во домашното првенство, но ја одбраниле Европската титула двапати по ред, прво против Лидс Јунајтед кога Roth и Müller постигнале два доцни голови, и потоа наредната година во Глазгов, Сент Ентјен биле поразени со уште еден гол на Roth. Со тоа Баерн станал третиот клуб во историјата што го освоил ова натпреварување три пати по ред. Последниот трофеј што Баерн го освоил во овие години бил Интернационалниот Куп, победувајќи го бразилскиот тим Cruzeiro Belo Horizonte. Останатиот дел од декадата бил релативно мирен, гледан ос страна на успеси. Во 1977 година Franz Beckenbauer заминал да игра во New York Cosmos, во 1979 Sepp Maier и Uli Hoeneß се пензионирале, а Gerd Müller заминал во Fort Lauderdale Strikers.


Периодот од 1979-98

80тите биле период на многу промени во Баерн Минхен, проследувајќи и многу финансиски проблеми. Paul Breitner и Karl-Heinz Rummenigge го воделе тимот до титули во Бундеслигата во 1980 и 1981 година. Две релативно неуспешни сезони следеле, настрана освоениот Германски Куп во 1982 година. Breitner се пензионирал, а како повратник на тренерското место бил Udo Lattek. Во 1984 година, Баерн го освоил купот, за потоа да следеле 5 освоени титули во првенството во наредните 6 години, вклучувајќи ја и двојната круна во 1986. Но, Европскиот успех изостанувал во оваа декада.

Во 1987 година за тренер бил назначен Jupp Heynckes, но после две по ред освоени првенства, во 1988-89 и 1989-90, формата на Баерн значително опаднала. По завршувањето на втората позиција во сезоната 1990-91, Баерн завршил само 5 поени над зоната за испаѓање од лига во 1991-92. Во вториот дел од сезоната 1993-94, Franz Beckenbauer бил назначен за тренер на Баерн, кој го освоил првенството после 4 годишна пауза. Тогаш тој бил назначен за Претседател на клубот.

Неговите наследници на тренерската позиција, Giovanni Trapattoni и Otto Rehhagel не успеале да освојат ништо, секој по една сезона водејќи го клубот. Franz Beckenbauer се вратил на тренерската позиција за да во сезоната 1995-96 да го води тимот до титулата во Купот на Уефа, победувајќи го Бордо во финалето. Во сезоната 1996-97 Giovanni Trapattoni се вратил на кормилото на Баерн, за наредната сезона да ја изгуби титулата од ново промираниот бундеслигаш, Кајзерслаутерн. По тоа, Trapattoni по втор пат си заминал од Баерн.


Обновениот интернационален успех (1998-сега)

Од 1998-2004 година, на кормилото на Баерн беше Ottmar Hitzfeld. Во неговата прва сезона, Баерн ја освои Бундеслигата, и беше на праг на освојување на Лигата на Шампиони, во драматичното финале против Манчестер Јунајтед. Наредната сезона беше запамтена по третата клубска двојна круна, Бундеслигата и Германскиот Куп. Наредната сезона 2000-01 беше една од најдраматичните сезони во поново време, кога Баерн ја освои Бундеслигата буквално во последното коло, во последните минути од продолжението, за неколку денови подоцна да ја освои и Лигата на Шампионите во драматичното финале против Валенсија која беше совладана на пенали. Во тој натпревар херој беше еден од легендите на Баерн, голманот Оливер Кан. Наредната сезона беше освоен Интернационалниот Куп. Потоа во 2002-03 Баерн ја освои четвртата двојна круна. Во 2004 Hitzfeld го напушти Баерн по неуспешната сезона и испаѓањето од купот од второлигашот Alemannia Aachen.

На кормилото дојде Felix Magath, кој го водеше клубот до две последователни двојни круни. На почетокот на 2005-06 сезона, Баерн се пресели од Олимпискиот Стадион во Минхен, на новоизградената Алијанц Арена, што клубот ја дели со Минхен 1860. Таа сезона, Баерн повторно во купот отпадна од Alemannia Aachen и кратко по зимската пауза, Magath беше избркан.

Повратник во Баерн беше Ottmar Hitzfeld, но не успеа да ја спаси сезоната, и Баерн заврши на четвртата позиција, не квалификувајќи се во Лигата на Шампионите за прв пат после повеќе од декада. Наредната сезона имаше драстични промени во играчкиот состав, при што во Баерн дојдоа 8 нови играчи, а си заминаа 9. Тоа се исплатеше, со тоа што Баерн во 2008 ги освои Купот и Бундеслигата, со тоа што беше на врвот од почетокот до крајот на сезоната.

После Hitzfeld, како негов наследник дојде Jürgen Klinsmann кој го презеде кормилото на 1 Јули 2008. Првата сезона на Klinsmann не почна според планираното. Во првите 6 кола во Бунделсигата, Баерн имаше само 2 победи. Во Купот беше елиминиран од страна на Баер Леверкузен во четврт финалето. Исто така беше елиминиран и во четврт финалето во Лигата на Шампионите од страна на Барселона. Пред тоа, Баерн постави рекорд од највисока победа во Лига на Шампиони со вкупен резултат од 12:1 против Спортинг Лисабон. По поразот дома од Шалке 04 на 27 Април, Jürgen Klinsmann беше отпуштен. За спасител на сезоната беше доведен Jupp Heynckes, кој успеа да заврши втор на крај и со тоа директно да се пласира во Лигата на шампионите.

Потоа во Баерн пристигна Louis Van Gaal во сезоната 2009-10. Првата сезона на вГаал беше доста успешна. Тој ја освои двојната круна и исто така играше во финалето од Лигата на Шампионите, каде што Баерн беше поразен од Интер со 2:0.


Најдобрата 11ка на Баерн

На отворањето на Алијанц Арената на 01.06.2005, Баерн Минхен ги објави резултатите од онлајн гласањето за "најдобрата 11ка". Гласовите на 66000 фанови доведоа до овие резултати, односно овој состав:

....................S. Maier....................
K. Augenthaler..G. Schwarzenbeck..F. Beckenbauer
.................P. Breitner.....................
....M. Scholl...S. Effenberg...L. Matthäus
K.H. Rummenigge...G. Müller...G. Elber

(coach: O. Hitzfeld)



Бои на тимот

Во оригиналната конституција, боите на Баерн биле БЕЛА и СИНА, но клубот играл со бели дресови и црни шорцеви од 1905, кога Баерн се приклучил на MSC. MSC наредиле дека фудбалерите треба да играат во црвени шорцеви. Баерн играл во црвена и бела боја во најголем дел од неговото постоење, но и сината била додавана во прилики.
Гостинските дресови на Баерн низ годините ги вклучувале боите бела, црна, сина и златно-зелена.


Успеси на тимот

Германско Првенство: 22
1932, 1968/69, 1971/72, 1972/73, 1973/74, 1979/80, 1980/81, 1984/85, 1985/86, 1986/87, 1988/89,
1989/90, 1993/94, 1996/97, 1998/99, 1999/2000, 2000/01, 2002/03, 2004/05, 2005/06, 2007/08, 2009/10

DFB-Pokal (Германски Куп) : 15
1957, 1966, 1967, 1969, 1971, 1982, 1984, 1986, 1998, 2000, 2003, 2005, 2006, 2008, 2010

Европски Куп/Лига на Шампиони : 4
1974, 1975, 1976, 2001

Европски Куп на Победници на Куповите: 1
1967

УЕФА Куп : 1
1996

Интерконтинентален Куп: 2
1976, 2001

Германски Супер Куп : 4
(1983), 1987, 1990, 2010

Германски Лига Куп : 6
1997, 1998, 1999, 2000, 2004, 2007
.
.
.
.
Дечки, тоа е тоа, се потрудив колку што можев за ова кратко време, еве ја нашата втора тема на форумов, еве и линк до првата.
Се надевам оваа тема ќе ја полниме со квалитетни дискусии, па и да ја закитиме со уште некоја титула во Лига на Шампиони, а зошто да не и наредната сезона на нашата Алијанц Арена. Поздрав, Баварци и Баварки.:salut:
 
Член од
8 април 2010
Мислења
1.182
Поени од реакции
281
Нек ни е наздравје новата тема ...
 
P

PoisonLady

Гостин
УУУУУууаааааа за тој што ја отворил темава :back:
Епа супер дечки, само се надевам дека овој пат нема да ни требаат повеќе од 5 години за да ја пополниме.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Честито нова тема,полна со успеси во Германија,во Европа не ви требаат :icon_lol:
 

spaso

Discover the ultimate in relaxed romance with the
Член од
5 септември 2008
Мислења
2.746
Поени од реакции
779
Ajde neka ni e cestito novata tema i samo za uspesi da pisuvame vo nea !!!
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.893
Честито нова тема Баварци,се надевам дека ќе ја исполните со победи и трофеи. :smir:
 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Ајдееееееееееее НЕК СЕ УГОДЕ!!!!

Со среќа нека е,темава да се позлати со мнооогу титули!!!!
 

stick figure

#MiaSanArsenal
Член од
2 мај 2010
Мислења
4.811
Поени од реакции
3.705
Со среќа новата тема, и наредна година да ги поминете Интер. :)
 

коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.546
Поени од реакции
9.457
Нека ни е наздравје новата тема и да ја полниме со многу успеси, и да почниме со неколку добри трансфери.

ПС. Poison Lady се префрли кај Шалке и петарда распалија на сред Меаца.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.410
Поени од реакции
42.663
Ајт честито нека ви е новава тема.. :)
 

Bavarecot

Доле Влада !!!
Член од
4 март 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
358
Ајде нека ни е со среќа новава тема,и само за успеси да се пишува во неа.

VIVA FCB!!!
 

spaso

Discover the ultimate in relaxed romance with the
Член од
5 септември 2008
Мислења
2.746
Поени од реакции
779
Od vcera sum siguren 100 % deka noviot Kahn e Neuer , go gledav deckovo e ZVER , znae i da pisne sto e najvazno da im go potkrene moralot na igracite i imase nekolku intervencii koi stvarno go stavaat megu TOP 3 golmani u svetot ! Mora da se kupi !
 

Johnny B

Психопат
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.094
Поени од реакции
9.679
Ај честито темава. Многу добро ја средил Николче. Браво браво.
Бтв испраќам официјална понуда до Poison Lady да се префрли кај нас. Очекувам одговор а личните услови подоцна ќе ги договориме :smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom