Фан Клуб: Арсенал

Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
шпекуалциите се (а веројатно е вистина) 3 месеци.

Заборевате било каква борба за титула во тој случај, топ4 пласман ќе фатиме, но од тоа повеќе со Фламини како првотимец не. Сите знаевме дека ќе се деси ова, само не очекував дури 3 месеци.

И пред некој да рече дека се отакжувам само заради еден играч, да јас тврдам дека улогата која ја игра Кокелан во тимот од минатиот ноември до сега е толку значајна и клучна што сега без него се ќе биде поинаку.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Дoбрo бе шo се пoтресувaте дo тoлку ?
Дa, oгрoмен хендикеп ќе биде oтсуствoтo нa Кoкелaн пa мaкaр тoa билo и еднa утaкмицa, a не пa 3 месеци aмa ипaк мислaм декa мoже дa се искoмбинирa нештo. Јa би експериментирaл у ситуaцијaвa, пример би гo стaвил Ремзи кaкo дмф, сaмo нoрмaлнo првo дa се врaти вo тимoт. Не верувaм декa Флaмини ќе ни биде првoтимец, пре би Венгер дa експериментирa пaк сo некoј млaдинец негo дa гo прaи Флaмини првoтимец.

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Е ќе видиш дека Фламини ќе биде првотимец (дур не се повреди нормално). Ремзи никогаш нема да го стави ДМФ, каков би бил тој среден ред со Казорла и Ремзи, никаков, Ремзи нема дисциплина за такво нешто.

И се потресувам, пошто разликата меѓу Кокелан и се друго што може да го замени на таа позиција е огромна.
 

Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.546
Поени од реакции
3.845
Само што гледам MOTD и вба имале 1 шут на гол, а 2 гола.
#TheArtetaEffect
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Само што гледам MOTD и вба имале 1 шут на гол, а 2 гола.
#TheArtetaEffect
Сите космички сили беа против нас, немаше теорија ни алтернативна реалност во која можевме да победиме.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Е ќе видиш дека Фламини ќе биде првотимец (дур не се повреди нормално). Ремзи никогаш нема да го стави ДМФ, каков би бил тој среден ред со Казорла и Ремзи, никаков, Ремзи нема дисциплина за такво нешто.

И се потресувам, пошто разликата меѓу Кокелан и се друго што може да го замени на таа позиција е огромна.
За болдот апсолутно се согласуваме и ја реков дека огромен губиток ќе биде ако Кокелан отсуствува и 1 утакмица, а не па цели 3 месеци.

А за другото, шо знам, ја реков би експериментирал. Би пробал да речеме со Ремзи и Казорла против некој послаб тим да видиме чисто како ќе изглеа, ако е лошо би играл со Чејмберс и Казорла, зошто нели Чејмберс и дмф може да игра. Не викам дека Ремзи/Чејберс или било кој друг би го замениле во целост Кокелан, ама според мене вреди да се проба, зошто да не, секако подобро ќе биде него со Фламини или не дај боже со Артета да треба да играме.
 

Sura

Gooner 4 Life
Член од
6 мај 2010
Мислења
3.422
Поени од реакции
1.923
Џек не го заборавајте и он кај и да е ќе се врати ;)
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.535
Поени од реакции
5.767
Значи најбитниот период од сезоната ќе го играме без најбитниот играч во тимот. Кокелан. За кого уште еднаш стариот добар и искусен лисец, не донесе замена. Ќе биде штета за сезонава, ако останеме со празни раце. Особено за оваа сезона. И повторно една повреда може да го наруши целиот баланс во тимот. Само една. Тоа добро се виде со ВБА викендов, а ќе се види повторно со некој посериозен противник (Хинт: Сити за 3-4 недели).
 

Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.291
Поени од реакции
12.645
Да бе Фламини и Чемберс, секоја сезона топла вода ќе измислуваме.
Ајде Хајден ќе го вратиме од позајмица кај Хул, може ќе биде новиот Кокелан.
Како може на тие пари шо ги имаме волку лошо да ја водат екипава, не ми е јасно.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069
Експериментот се прави во претсезонските натпревари, а не сред сезона. Си баравме засилување, не го добивме. Пак фановите испаднавме во право.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Ќе тепаме вечер или ќе не јаде уште поголем срам.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Вечерва е супер можност да игра Чејмберс како дмф, да видиме како ќе се снајде. Динамо не се јак тим и може против нив да праиме ај да кажам експерименти.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Од кога не сум чул Ооооооооспиииинааааааа :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom