Многу сакам да бидам оптимист за утре, дека ќе земеме три бода, но по се што ни се случуваше оваа сезона,а посебно после утакмиците со Андерлехт и Свонси, не можам никако да бидам позитивен, но ете ќе гледам утре, ќе се надевам и ќе се нервирам.
Само Алексис да е спремен 100%, одма дупло растат шансите за поволен резултат, штета што Тео нема да може да го употребиме како џокер, но вакви ситни повреди ќе има сега овој период за него после рехабилитацијата. Ама затоа тука е Жиру, он ќе ја реши, верувам во него.