Одлични две контролни натпревари против Франција (1:1) и против Италија каде несреќно изгубивме со резултат 1:0.
Се гледа дека Де Биази направил компактна и мотивирана екипа. Недостасува еден креативец, онака вистински плејмекер. А сите кои играат се играчи кои работат многу на теренот.
Со овие две натпревари Сокол Цикалеши мислам покажа дека тој треба да ни биде прв избор во нападот, брз, силен во дуели а и има многу добар и силен шут, ах да влезеше пречката против Италија.
Недостасува и едно десно крило, бидејќи Анди Лила е ограничен во нападот, а со Хисај добивме одличен десен бек, да најдеме еден таков и за левата страна, но Аголи на овие две натпревари ми остави позитивен впечаток.
Конечно го добивме и Арлинд Ајети од Базел и нема зошто да стравуваме ако некој од двоецот Цана-Маврај нема да биде во можност да игра.
Само нека продолжат да даваат се од себе и резултатите ќе дојдат.