Фан Клуб: Јунајтед оф Манчестер

Член од
1 јули 2008
Мислења
2.027
Поени од реакции
2.026
Јунајтед оф Манчестер

Јунајтед оф Манчестер
е фудбалски клуб чии сопственици, воедно и управители, се 2000+ членови. Членството е отворено за секого. Членовите се рамноправни ко-сопственици, еден удел = еден глас во раководењето на клубот.
Клубот е основан во 2005 година и е полу-професионален фудбалски клуб. Моментално настапува во Северната Премиер Лига. Клубот редовно привлекува повеќе од 2000 гледачи за време на натпреварите, што е неколку пати повеќе од просекот на лигата. Исто така може да се пофали и со доста успеси на и надвор од теренот, како што се трите последователни напредувања во повисоките фудбалски рангови во Англија, како и освојување на неколку трофеи.
Клубот е уникатен на своето ниво во Англискиот фудбал по обврските кон заедниците на фановите и локалните заедници. Во 2009 доби награда за својата работа со локалните заедници. (UK's Cooperative Excellence Award)
Јунајтед оф Манчестер се обидува да го промени начинот на кој фудбалот е во сопственост и е управуван, ставајќи ги фановите во центарот на вниманието. Има за цел да покаже, со пример, како може ова да функционира во пракса, преку создавање на стабилен, успешен, демократски фудбалски клуб кој создава вистински и трајни придобивки за своите членови и локалните заедници.



‘’Клубот е формиран во знак на протест на преземањето на Манчестер Јунајтед од страна на Американецот Малколм Глејзер’’, е изјава која најчесто се користи за да се опише ФК Јунајтед. Навистина, не постои сомнение дека формирањето на клубов не би се случило доколку не се појавеше семејството Глејзер. Но, тоа иако беше најважната причина, не беше и единствена.
Материјалната кража на институција на Манчестер, насилно земени од луѓето од Манчестер, беше врвот на пирамидата на уништувањето, со менувањето на почетоците на натпреварите за доброто на телевизиите, бездушната атмосфера на стадионите преполни со новите навивачи чија намера е да седат и да гледаат, а не да учествуваат, скапите работи кои се продаваа за време на натпреварите и смешно ефтините билети кои го поддржуваа сето тоа.
Во Мај 2005 на некои навивачи им дојде преку глава. Неуспехот да се спречи Глејзер и повторување на успешното одбивање на Руперт Мардок во 1998 предизвикаа стапување на сила на ‘’последното решение’’ идејата и ФК Јунајтед беше создаден. Група на поединци беа решени да продолжат со борбата формирајќи управен одбори историјата на ФК Јунајтед оф Манчестер почна да се пишува.



Критичарите на оваа идеја расправаа дека ако навивачите не се задоволни од начинот на функционирањето на Премиер Лигата, тогаш зошто не ги поддржуваат другите локални клубови туку создаваат свои? Но, тие не би биле нивни, нели? Тоа немаше да биде Јунајтед и немаше да биде во ред превземањето на туѓите клубови. Навивачите би можеле да се разделат во неколку правци и да се заборават еден со друг, а со тоа да ја изгубат и пасијата која ја носи фудбалот и навивањето. Тие сакаа да се одржи темпото на протестот, да се држат заедно, да пеат песни за Јунајтед, да се потсетата и барем за момент да се вратат во старите добри денови. Тие сакаа свој сопствен клуб, свои сопствени правила и го добија тоа, демократска сопственост, непрофитна организација создадена од фановите на Манчестер Јунајтед. Клуб достапен за сите од Големата Манчестер-овска Заедница, посветен на поттикнување на младите на учество во фудбалот без оглед дали ќе се работи за играње или пак навивање.



Првата сезона



Раководната група заврши неверојатна работа во кратот временски период, вклучувајќи го и назначувањето на првиот менаџер Карл Маргинсон. Само две недели стар, клубот го одигра својот прв натпревар во Леј, на 16 Јули 2005, пред точно 2552 навивачи. Натпреварот заврши со инвазија на навивачите и играчите на теренот, со нови херои, рамо до рамо со навивачите. Најверојатно за прв пат такви фантастични сцени се видени по завршувањето на еден пријателски натпревар со резултат 0:0.
Следната недела беше посветена на ФК Вимблдон, клубот кој им помогна толку многу и ги инспирираше навивачите на Манчестер Јунајтед откако и тие самите станаа жртви на еден бизнисмен кој сакаше нова играчка, иако во различни околности. Клубот обезбеди делење на теренот со ФК Бјури (Гиг Лејн) како и успешна апликација за учество во Северозападната Окружна Фудбалска Лига. Дебито на клубот беше против Лик. На крајот на сезоната, 6023 навивачи гледаа како играчите на Јунајтед оф Манчестер ја креваат титулата. Неверојатни забави имаше на секој натпревар. Имаше и незаборавни денови, како против Блекпул, кога Блумфилд Роад го почувствува гостувањето на 4000 фанови на ФК Јунајтед, најмногу во 20 годишната историја на Блекпул. Клубот на крајот на сезоната дури имаше и патување до Германија за да се соочи со Локомотив Лајпциг.
Клубот доживуваше подеми и падови. Членот на Управниот Одбор, Расел Дилејни, ја загуби долгата битка со неизлечива болест, а исто така умре и Џорџ Бест, легендата на Манчестер Јунајтед. И двајцата добија сопствени минути за аплаузи. Но, и покрај овие загуби, успехот на теренот не изостана и Јунајтед оф Манчестер напредуваше еден ранг.




2006-2007 Сезона

Клубот повторно заврши на прво место, со само 2 порази и правејќи една одлична серија од 12 победи.


2007-2008 Сезона

Клубот повторно напредуваше едно ниво во Англискиот фудбал, меѓутоа оваа сезона не освои титула. Сезоната ја заврши со 1 поен помалку од Бредфорд, па во плеј-оф натпреварите, во финалето, со 4:1 го победи Скелмерсдејл.


2008-2009 Сезона

Оваа сезона Јунајтед оф Манчестер се натпреавруваше во Северната Премиер Лига, но не успеа да обезбеди место кое води во поквалитетна лига.


2009-2010 Сезона


Јунајтед оф Манчестер заврши на разочарувачкото 13-то место. Како и да е, Маргинсон го засили составот и во новата 2010-2011 сезона ФК Јунајтед повторно атакува на местата кои водат кон поквалитетните лиги во Англија.


Најголемата победа на Јунајтед оф Манчестер е 10:2, а најтешкиот пораз 5:1. Најдобар стрелец во историјата на клубот е Рори Петерсон со 99 гола, а играч со најмногу настапи е Сајмон Карден, 199. Истиот овој играч има постигнато 5 гола на еден натпревар, поради што Бербатов го доби прекарот Карден бидејќи го копира.

Оваа сезона Јунајтед оф Манчестер, моментално, е на 19-то место со 21 поен од 17 натпревари. Победија на последниот натпревар против Ештон Јунајтед, на Гиг Лејн, со 2:1. Следниот натпревар е на 08.01.2011, со, сега веќе, ривалот Бредфорд Парк Авени, на Гиг Лејн. И овој Манчестер си има свој Невил, Ли Невил. Игра на позицијата десен бек, како Гери Невил. =)


 

devil!

weirdo
Член од
19 јули 2008
Мислења
1.047
Поени од реакции
462
Јунајтед оф Манчестер 2010/2011:


Менаџер

Karl Maringson

Голмани

Sam Ashton Zach Hibbert


Одбрана

[FONT=&quot]Mark Ayres Richard Battersby [/FONT]


David Chadwick James Holden

[FONT=&quot]Kyle Jacobs Scott McManus[/FONT]


[FONT=&quot]Karl Munroe Lee Neville [/FONT]

[FONT=&quot]Martin Parker[/FONT]


Средина

[FONT=&quot]Simon Carden Jake Cottrell [/FONT]

[FONT=&quot]Chris Ovington[/FONT]

[FONT=&quot]Nick Platt Jerome Wright[/FONT]

[FONT=&quot]Ben Deegan[/FONT]

Напад

[FONT=&quot]Mike Norton Carlos Roca [/FONT]

[FONT=&quot]Steve Torpey[/FONT]​
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.185
Поени од реакции
4.005
Ми имаа кажано за овој клуб,јас мислев брзо ке дојдат до прва или втора лига али очигледно не им иде нешто посебно бидејки како што читам сега се на очајното 19 место!
 

devil!

weirdo
Член од
19 јули 2008
Мислења
1.047
Поени од реакции
462
СМеј се се испотив -.- ебаго чек да досредиме х))
Се откажувам со ова имињава не се одвајаат... Џену или било кој модератор коа ќе прочитате овоа како знаете средете тоа со имињата и тоа избришете го додаток 34132 во првиот пост :) после бришете ми го постов позздрав :(
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
:pos2::pos2::pos2:
Шо фан-клуб отварал Девл_гај. Се испофали на мсн бе :):)

Ајде добри сте со воведов :) Малку овоа со имињава сте го зезнале другото ви е таман :)
Со среќа па за десетина години да влезете во прва лига :)
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Фан клубот вришти.......да се надеваме дека ќе се множат асторномски постови тука за успесите или неуспесите на овој клуб.....и се извинувам ако се навреди некој фан на Јунајтед оф Манчестер :smir:
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
2.027
Поени од реакции
2.026
Љубоморен бе? :icon_lol:

:pos2::pos2::pos2:
Шо фан-клуб отварал Девл_гај. Се испофали на мсн бе :):)

Ајде добри сте со воведов :) Малку овоа со имињава сте го зезнале другото ви е таман :)
Со среќа па за десетина години да влезете во прва лига :)
Не се фалев бе, не го лажи народот, те прашав само дали е многу катастрофално или само катастрофално. :)

За почеток, добро е. Клубов и нема некоја историја за која можеме да пишуваме, како Манчестер Сити отприлика, единствено староста им е разлика. Да не мрчат некои, уште сега ќе пишам дека добив дозвола од модераторот на овој подфорум за да го отвориме фан-клубов и ако немате нешто паметно да пишете, не ширете смрдеа барем на оваа тема. Овој клуб е нешто посебно за нас фановите на Манчестер Јунајтед, нешто што вие другите не може да го знаете. Без навреда. :)
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.410
Поени од реакции
42.663


Wont pay Glazer
or work for Sky,
Still sing City's gonna die,
Two Uniteds but the soul is one,
as the Busby Babes carry on.
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
2.027
Поени од реакции
2.026
Боби[Мкд];3999642 напиша:
Ове нешто ко Харчестер Јунајтед? :icon_eek:
Харчестер Јунајтед се измислени, овие не се. :)

Ми имаа кажано за овој клуб,јас мислев брзо ке дојдат до прва или втора лига али очигледно не им иде нешто посебно бидејки како што читам сега се на очајното 19 место!
Имаат шанси до крајот на сезона да се изборат за едно од местата што водат во 6-та лига, ама за тоа ќе треба да ги добијат заостанатите натпревари и озбилно да си ја сфатат работата. :)
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.274
Поени од реакции
45.673
идоли ми се луѓево уште откако откако се појавија, имаатнајкрвава трибина на сите времиња... Видете што им пеат на џандариве на пример



:icon_lol:
 
Член од
25 септември 2010
Мислења
80
Поени од реакции
8
sto pravi albanskoto zname na cetvrtata slika? ima nekoja vrska?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
sto pravi albanskoto zname na cetvrtata slika? ima nekoja vrska?
Добро де, навивачи од Албанија го истакнале. И ние ќе имаме македонско со Манчестер, ништо чудно :toe:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489

Kajgana Shop

На врв Bottom