Навивачи на Наполи, пред куќата на Де Лауреантис, му ставиле банер да го продаде клубот.
Човекот можеби е луд, непресметлив итн, но факт е дека ја има најголемата заслуга што Наполи воопшто постои како клуб под тоа име. Во 2004 година, тој бил единствениот што сакал да вложи пари во тимот после банкротирањето на Наполи, тимот го сменил името итн (исто како слуајот со Парма). Наполи тогаш бил преместен во најнизок ранг натпреварување, и му било сменето името во Napoli Soccer. По две години, тој лично дал 25 милиони евра Наполи да си го врати првобитното име (SSSC Napoli), и денеска го донесе клубот да биде еден од фаворитите за Скудетото во Италија, со континуиран настап на Европските натпреварувања, и со постојано вложување во клубот.
Нека го продаде, нека го купи некој тапоглав како Лотито, ете тогаш ќе ги видат навивачите на Наполи како се руинира тим по брза постапка.