Недвед кога дојде во Јуве имаше 29 години. Игуаин има 28. Игуаин, онаа игра што ја прикажа во Наполи изминатите сезони, особено лани, половина да покажи од тоа, мислам дека ќе се истури од голови во Јуве, бидејќи ќе има кој да му асистира.
И Турам и Буфон не беа Зидан, ако гледаш така на работите. Тоа беше една ситуација, ова е друга мислам дека нема потреба да влечиме паралели до детали
.
Јас секогаш сум претпочитал прво да видам играчите на терен, потоа да давам оценки, независно дали се викал Игуаин или Кристијан Поулсен. Бенатија беше избран во најдобрите 11 во Сериа А, 2 пати, еднаш во Удинезе, еднаш во Рома. Во Баерн немаше среќа со повредите, па ќе видиме како ќе оди неговата кариера во дресот на Јуве.Го заборави Пјаца
Инаку, се согласувам, особено за ова треба стабилна опција секаде. Спокојство ми дава и тоа што во една прилика лани Марота изјави дека за шампионски тим потребни се да имаш двајца силни играчи на една позиција, се надевам дека тоа ќе го спроведува и на терен. Одбраната ни е повеќе од одлична. Игуаин ја пополни дупката што ја остави Мората, останува уште средината да се потсреди, знае тој.
Маркизио се опоравува како што треба и се очекува крајот на Октомври да биде во натпреварувачка форма. Си дошол и порано од одмор, и почнал порано со меки тренинзи за да биде фит што е можно побргу.
Ете сега читам нешто Паратичи имал разговор со тој спортскиот на Зенит се распрашувал за Витсел.
Инаку вечерва фанови на Наполи истакнувале навредливи содржини за Игуаин на пријателска средба на Наполи со некој клуб. Де Лауреантис требало да присуствува но после случувањата не пристигнал на местото каде се одигрувал мечот.