Не заборавајте дека по 3-5-2 со фрлаше со дрва и со камења од многу страни, вклучувајќи и од фановите. 3-5-2 не чинеше, 3-5-2 застарена, 3-5-2 не оди во Европа и не знам што, а сега гледам константно нагласување оти ќе се користи, па филувана наводна изјава на Барзаљи дека посигурно се осеќаат со таа формација и уште триста глупости.
Ова само докажува дека мислењето на фановите и пошироката маса за тоа што чини а што не ја формираат медиумите со силните пропагандни средства кои ги поседуваат. Ако sky напише 3-5-2 застарена, искористена одма право се критикува се во врска со таа формација, занемарувајќи ги останатите фактори кои нормално влијаат на еден меч. Ако пак медиумите ја прикажат формацијата како успешна, како нешто ново и сето тоа поткопено со некој наводен извор од клубот одма право се прифаќа, исто така занемарувајќи ги сите фактори кои ја детерминираат поставеноста на теренот, почнувајќи од играчките ресурси, моментално повредените играчи и се останато.