Исла отиде на позајмица во Марсеј со право на откуп, додека Де Чеље само годинава ќе се задржи таму....
He'll be back, со 10-ката на грб
Најголемото засилување летово за Јуве е тоа што дрвава нема да бидат во можност да земаат место на некој.
Малце ми е нејасно зошто, ако не некој друг играч, не се зема Љајиќ, кој заврши во интер, откако Хернанес дојде во Јуве, ама нејсе... Досега не се сеќавам на многу играчи кои можеле максимумот да го даваат дури се играчи на интер, така што, се надевам дека бразилецов ќе биде тој што играше во Лацио, што би било одлично.
Некој имаше пишано погоре, потребно е играчите да се борат, да гризат за секоја топка. Тоа е тоа што фалеше во претходните два натпревари, а верувам дека сега, по завршувањето на сите притисоци од трансфер пазарот и обврските со репрезентациите, екипата ќе почне да дише како едно и ќе се добие таа жед за докажување. Ако почнат да играат така, со борба за секоја топка, Италија брзо ќе падне пак на колена.
Во однос на ова формацииве што се кружат и тука, а глеам и по фејсбук...Зашто Манџукиќ го нема во ниедна? Не го купија за да грее клупа ваљда.