Јас искрено мислам дека Браида и Марота се имаат веќе договорено и дека парафот е ставен, барем така ми мириса целава оваа работа. Ќе им го чуваат Погба уште една сезона, и после 80 милиони ќе легнат на контото на Јуве + 10 од бонуси или како што се зборува ако и годинава ја задржи формата.
2 недели медиумиве се полни шпекулации, се вртат конкретни цифри за плати, бонуси, оваа денеска е 3 средба меѓу Браида и Марота, и ниту еднаш досега Марота не излезе да демантира нешто.
И баш денеска, кога веќе доста сериозни медиуми како Sky, ЏДМ, АНСА, и ред други шпански, излегуваат со информација дека Јуве и Барса постигнале договор, наводно 80 милиони +10 ако Погба оваа сезона игра на исто ниво како и ланската, и на лето се сели во Барса кога ќе им помине банот за трансфери, Марота од никаде се појави и даде млитав демант кој мене ниту малку не ми е веродостоен. Доволно е да се забележи фацата на Браида на сликата после средбата и одма ќе се знае дали преговорите биле успешни или не.
А и логично е Марота да демантира, бидејќи ако се знае за сигурно дека Погба заминува,а треба да остане уште цела сезона во Јувентус, тогаш врз него ќе има неверојатно голем притисок, како од навивачите на Јуве, така и од цела фудбалска јавност и тоа не само во Италија, туку на цел свет, што нема да биде во полза.
Сега ќе го менаџираат процесот, ќе се прават Барса дека не се заинтересирани, Јуве ќе изјавуваат дека Погба е недопирлив итн, до следното лето.