Фан Клуб: Јувентус

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.056
Поени од реакции
17.743
jas mislam deka za proagjanje na grupive ke bidat klucni utakmicite protiv malmo na gosti.. koj ke gi pobedi malmo vo gosti toj bi idel dalje, zatoa sto smetam deka protiv olimpiakos i atletiko u gosti ke izgubime a doma ke tepame..[DOUBLEPOST=1410908582][/DOUBLEPOST]abe a sto ke kazete za Romulo ? :D decckoto vleze i nafrli mnoooooogu neprecizno ... onamu na sprotivnata strana duri ...[DOUBLEPOST=1410908755][/DOUBLEPOST]
sto znacat tie contrasti vinti ipaloni recuperati?
Добиени дуели и вратени, поточно одземени топки.
 
commandante

diablo blue
Член од
16 мај 2008
Мислења
393
Поени од реакции
72
Неколку збора и од мене за натпреварот.

Прво полувреме некако многу не креативна игра. Од три напади започнати од Буфон, два одат преку Касерес, Погба и Лихт, а третиот преку Киелини, Евра и евентуално Аса. Само два или три напади во цело полувреме преку средина до Тевез. Мое мислење е дека тоа беше така бидејќи Маркисио имаше повеќе дефанзивни задачи и некако дечкото не одеше напред. Забележав после првиот гол како истиот почна да трча напред, да бара топка од Касерес, од Киелини за да организира напад.

Се сложувам со општоприфатената оценка за Мората. Двапати по 5 минути, а остава добар впечаток. Мислам дека првата утакмица со послаба екипа Алегри ќе го пушти барем во 60 минута ако не започне и од старт.

Ах, да и тоа. @SinisteR. Во прво полувреме, играчот не му избега на Касерес. Незнам како Бонучи остана напред, па овој го покриваше неговиот играч и на крај остана Лихт да го брка играчот на Касерес. :)
 
_predator_

Студент\Џаболебар
Член од
17 декември 2012
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.461
Како за почеток добро е , претходните две сезони , се мачевме со Нордсјеладн и Копенхаген.Не дека и вчера не беше така , ама собравме 3 бода без многу комплициранње.Реализиацијата и е слаба, милион шанси а едвај два гола.
Ќеиф ми е за Тевез, очекувам сезонава да пружи доста добри игри и во ЛШ.[DOUBLEPOST=1410959558][/DOUBLEPOST]
Ах, да и тоа. @SinisteR. Во прво полувреме, играчот не му избега на Касерес. Незнам како Бонучи остана напред, па овој го покриваше неговиот играч и на крај остана Лихт да го брка играчот на Касерес. :)
Како по обичај, Бонучи тргна високо кон центар да разчисти висока топка, го изгоби дуелот , се заглави и не се врати навреме позади да покрие.Затоа мораше Лихшт да се враќа во линија со Касерес и Киелини,одтаму и шансата која беше и едниствената посиериозна кон нашиот гол.
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.056
Поени од реакции
17.743
И не знам што сте уплашиле од поразот на Атлетико против Олимпијакос. Баталете ги другите натпревар, важно е ние да победуваме. Атлетико ако не победи два пати и освои 6 бода, сами нека си ја напуштат ЛШ. Не дека Атлетико е слаб тим, ама срамота е да се плашиме од евентуални два порази. Плус тоа овие Малме и Олимпијакос, треба да ги добиеме или максимум едно реми со нив.
 
_predator_

Студент\Џаболебар
Член од
17 декември 2012
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.461
Ја мислам дека ни годи ептен вакво отварање на групата.Ние тепавме , а Атлетико неочекувано изгуби.Грците се зезнати на домашен терен, исто и Атлетико.Дома несмееме да испуштиме бодови со АМадрид и со Олипјикакос, + сигурни три нагости кај Малме.Останатите може да се искалкулираат.Битно несмееме да дозволиме пак да ни решава последниот наптревар ко претходните сезони.
Да не споменувам колку ќе ни значи првото место во групата, и малтене осигурано 1\4 финале (ептен ако ни се погоди некој од послиниве тимови кои би завршиле како втори),Рома за која неверувам дека ќе поминие групи, што значи и огромен + во буџетот од ТВ правата.
 
Ова.

Не само последниот, туку и претпоследниот да ни биде потребно некое формално нерешено.
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.305
никој не коментираше за Ќиро Неподвижниот :sneaky:
Persona non grata e Ќиро во овој фан клуб. :ROFLMAO:

Ако, само нека продолжи да бомбардира, нека биде потсетник на тоа како ги уништуваме младите играчи.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
И не знам што сте уплашиле од поразот на Атлетико против Олимпијакос. Баталете ги другите натпревар, важно е ние да победуваме. Атлетико ако не победи два пати и освои 6 бода, сами нека си ја напуштат ЛШ. Не дека Атлетико е слаб тим, ама срамота е да се плашиме од евентуални два порази. Плус тоа овие Малме и Олимпијакос, треба да ги добиеме или максимум едно реми со нив.
Не дека не се сложвам со ова ама ситуацијата е следна,
или атлетико се олабаени или олимпијакос во атина се појаки од шо мислиме. опомена пред нашето гостување таму.
Исто добро е да не се опуштаме во мадрид оти душециве веќе го потрошија џокерот за киксање па ќе мора да си ги одработат поените со нас.
Во секој случај опомена за Алегри да го вакумира тимот и да му извај некое 0-0 и онака Атлетико играат бункер.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.637
Поени од реакции
5.317
Persona non grata e Ќиро во овој фан клуб. :ROFLMAO:

Ако, само нека продолжи да бомбардира, нека биде потсетник на тоа како ги уништуваме младите играчи.
Дал еден гол, ти го направи како да дал 5, и да имал милион шанси. Го гледав првиот натпревар од Бундеслигата против Леверкузен, Имобиле го немаше никаде, имаше 2 шута, од кој едниот погоди некоја птица во лет, а другиот заврши во публика. Следниот натпревар не го гледав, ама преседал на клупа. Третиот натпревар против Фрајбург викендов изигра 20-30 минути, во кои имаше само еден шут. Делуваше изгубено на терен, ама ајде ќе му дадам шанса, ново првенство, адаптација итн.

Долга е сезоната, рано е за судење, ќе видиме дали ќе го биде, или ќе си се врати во Парма,Палермо или можеби пак во Торино :).

После радувањето против Јуве, изјавите како Наполи му биле во срцето и дека тие ќе бидат шампиони следнава сезона, и да дава по 10.000 гола во сезона, нека биде надвор од Јуве :).
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.604
Поени од реакции
81.267
JuventusMK.com
пред 10 минути ·
Артуро Видал ќе биде подготвен за натпреварот против Милан, додека Барѕаљи и Пирло се очекува да бидат на располагање во среда против Чезена или следната сабота против Аталанта (Газета дело Спорт)

Спремен е, ама според мене не би требало да ризикуваат за мечов.... Переира ќе го замени, а ако има потреба нека влези во второто полувреме
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
Првиот вистински предизвик оваа година е екипата на Милан која оваа година игра солидно за разлика од минатите 2 години .
Една слика од архива со неповторливиот Зидан .
10687026_709991432422461_484011356939968757_n.jpg
 
Kajgana Shop

На врв Bottom