Фан Клуб: Јувентус

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.053
Поени од реакции
17.739
Јас се што сакам од оваа сезона е за наредната Конте да ги извлече до максимум лекциите кои ни беа поделени. Како прво испаѓањето од групите во ЛШ, а како второ огромната разлика во квалитетот на играта во првиот и вториот дел од сезоната. Сетете се само како игравме во првиот дел после поразот од Фиорентина кога сврзавме 8 победи по ред без примен гол и плус уште 4 победи после тоа. Сетете се како игравме тогаш, со постигање многу голови преку течна игра и течни акции и со убав фудбал за гледање. Не знам што се деси, ама после онаа второ полувреме против Верона кога од 0-2 ни израмнија 2-2 во февруари месец игрите се движеа во надолна линија. Без разлика што победуваме и во вториот дел, едноставно не е тоа поентата. Повеќето победи ни се со прилично лоша игра, или пак со едно одлично полувреме, а со второ лошо. Како пример за натпревари каде што игравме лошо, а ги добивме би ги набројал оние против Фиорентина и Торино дома (по 1-0), Парма (2-1), па дури овде би ги додал и победите од по 0-1 против Џенова и Катанија кои беа многу повеќе благодарение на индивидуалните потези на Тевез и Пирло отколку на добрата игра. Не може сите натпревари во текот на сезоната да се добијат со добра игра, но лошата игра ескалира во вториот дел. Еве овде би ја додал и вчерашната победа, пак резулатат на индивидуален потег, а не на некоја си добра игра.

Ќе бидам задоволен оваа сезона ако ја освоиме очекуваната Сериа А титула, па дури и дај боже ЛЕ да освоиме, ама за наредната мора да се променат некои работи во ЛШ од една страна и да се спречат осцилациите во игрите од друга страна. Со такви лоши изданиа не може да се надеваме во Европа.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Одамна ме нема и ја да пишам ,ама ко шо гледам тапа и темава, некако слаба желбата... нема мотивација, после разочарувањето во ЛШ. Сите очекувавме повеќе, посебно веќе кога ги немаме Љоренте и Тевез.

... околу сношти, незнам шо да кажам освен катастрофа. Среќни 3 бода -.- Уште 2 победи не делат до Скудето, 33 годинава! Повторно ќе се слави, 3-то по ред :pipi:
 

Маршалот

Bianconeri
Член од
29 декември 2009
Мислења
2.090
Поени од реакции
2.393
Тевез сеуште е под знак прашалник, поради повредата дали ќе игра против Бенфика. Ќе се знае во следните 2 дена.
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
По се изледа Манчестер Јунајтед ке го отпушти Дејвид Мојс по очајната сезона ,а како негов наследник се спомнува Конте .Конте бара од управата многу пари за појачување како би се борел за самиот крај во Лигата на Шампионите .Но и Манчестер Јунајтед би можел и да му понуди 10 милиони евра по сезона за разлика од 3 те што ги добива во Јувентус + многу повеке пари за појачувања .
п.с Мора да се сложите и вас да ви понудат 3 пати поголема плата и тоа од великан како Јунајтед не би можеле да ја одбиете .
Сепак се надевам дека ке продолжи оваа бајка со Конте иако имавме и доста срека во одредени дуели во Италјанското првенство .
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
По се изледа Манчестер Јунајтед ке го отпушти Дејвид Мојс по очајната сезона ,а како негов наследник се спомнува Конте .Конте бара од управата многу пари за појачување како би се борел за самиот крај во Лигата на Шампионите .Но и Манчестер Јунајтед би можел и да му понуди 10 милиони евра по сезона за разлика од 3 те што ги добива во Јувентус + многу повеке пари за појачувања .
п.с Мора да се сложите и вас да ви понудат 3 пати поголема плата и тоа од великан како Јунајтед не би можеле да ја одбиете .
Сепак се надевам дека ке продолжи оваа бајка со Конте иако имавме и доста срека во одредени дуели во Италјанското првенство .
Колку и да ми нудат, ако го сакам клубот не си идам макар и милион да ми даваат по сезона.. Не заебавај пак се 3 милиони големи пари, дај мене нека ми ги даваат :D ако отиде ради парите ќе го мразам цел живот..
 

Маци-

ragazzo pazzo
Член од
17 април 2007
Мислења
6.184
Поени од реакции
3.512
Не си иде Конте не се секирајте.




бирајте :)
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2014
Мислења
2.205
Поени од реакции
2.051
Не си иде Конте не се секирајте.




бирајте :)
Право да ти кажам не ми се допаѓаат ,штознам, :unsure:можеби зошто (малку) сум конзервативец. Првиот е добар, ама другите два обични маички:sick:. Сепак мој вкус е дека Најкот ми е подобар:P
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.588
Поени од реакции
81.177
Јас веќе свршив на првиот :icon_lol:
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Право да ти кажам не ми се допаѓаат ,штознам, :unsure:можеби зошто (малку) сум конзервативец. Првиот е добар, ама другите два обични маички:sick:. Сепак мој вкус е дека Најкот ми е подобар:P
Исто и ја. Првиот ми се свиѓа, другите 2 не. Не сакам а и не е традиција ригите да ни бидат хоризонтално, секогаш ни се вертикално.
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.095
Поени од реакции
16.291
Lazio ‘await’ Juve Lulic bid

Scuffet to Juve?

 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.588
Поени од реакции
81.177
Големи се шансите Тевез да настапи задутре против Бенфика. Инаку читам по нетов, скоро и да е готова работата со Дрогба за преселба кај нас. Идеални услови за Марота, на Јуни му истекува договорот со Галатасарај, и по се изгледа договорот ќе биде само на една година. Можеби платата ќе му биде малце голема, ама тоа е...

Денес се сретнале нашите челници со неговиот агент.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom