Факултет за Електротехника и информациски технологии

Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.295
Поени од реакции
1.911
Да прашам нешто: дали некои професори од КТИ втора година даваат тестови што им се внатре во учебниците како што дава Верка физика или можам само да си ги купам без грижа од фотокопирницана спроти факултетот?
 
Член од
16 септември 2016
Мислења
21
Поени од реакции
0
Сакам да се запишам на постдипломски на ЕЕС или обновливи или слично нешто.
Некој што веќе е запишан или завршил да ми каже лично искуство. Какво е студирањето? Лесно тешко? Финансиски се вкупно колку чини? И слично?
 
Член од
22 септември 2016
Мислења
1
Поени од реакции
0
Zdravo decki, da ve prasam dali znaete nekoj sto dava privatni casovi po Sistemi na avtomatsko upravuvanje i po Elektromagnetika?
 
Член од
26 февруари 2015
Мислења
3
Поени од реакции
0
Ја сум на овој смер,при крај веќе :) Мој совет е да одиш на насока што е со ИТ, со друг смер немаш шанса да го работиш тоа што го учиш.
Ако веќе си решен за Енергетиката,избери ЕЕС. Обновливите се ствар на иднината,а Македонија и иднина...
Така да чувај си ги за магистарски,поготово ако идеш во странство. И онака само 5-6 предмети на смеров се стрикно за обновливи.
Дали е барем интересен смеров ЕАОИЕ ?
И што може да се работи со овој смер?
 
Член од
30 септември 2016
Мислења
42
Поени од реакции
1
здраво, ќе може некој да ми каже кај можам да си купам/испечатам збирки задачи по математика 1, физика 1, ое1?
 

Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.295
Поени од реакции
1.911
здраво, ќе може некој да ми каже кај можам да си купам/испечатам збирки задачи по математика 1, физика 1, ое1?
Мислам дека има некои во фотокопирницата што е спроти факултетот.
 
Член од
23 декември 2015
Мислења
18
Поени од реакции
1
дали некој предмет ако не го положиш може да не го запишеш во следниот семестар туку да го оставиш за понатака ?
 
Член од
19 јули 2012
Мислења
47
Поени од реакции
4
Предмет не може да се остава за понатака во никој случај ако не е положен го презапишуваш
 
Член од
30 септември 2016
Мислења
42
Поени од реакции
1
Дали може некој да ми каже што имало лани на тестот математика 1 од средношколска математика?
 

Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.295
Поени од реакции
1.911
не се замарај со тоа, оди си на бруцошка, не влијае тој тест за ништо
Ти ги важат како бонус поени. Буквално ништо не губиш и да зезнеш на него, ама сепак „бесплатни“ поени се. Ама мислам дека само ако го положиш предметот ти влегуваат во оценка. [DOUBLEPOST=1475943592][/DOUBLEPOST]
Дали може некој да ми каже што имало лани на тестот математика 1 од средношколска математика?
Имаше формули за синус и косинус од двоен агол и задача со равенка на права од што се сеќавам. Најтешката задача беше една тригонометриска неравенка под апсолутна вредност. Сè друго заборавив... Од тој PDF-от што ви го имаат ставено имаше од сè по малце.
 
Последно уредено:
Член од
30 септември 2016
Мислења
42
Поени од реакции
1
Дали електротехника домашните ги прегледуваат во детали или колку да се однесе? и дали некој ги има решени сите домашни некако да ми ги прати оти рекоа на колоквиум ќе биле како од домашните
 

Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.295
Поени од реакции
1.911
Дали електротехника домашните ги прегледуваат во детали или колку да се однесе? и дали некој ги има решени сите домашни некако да ми ги прати оти рекоа на колоквиум ќе биле како од домашните
Барем кај Благоја, воопшто не ги прегледува. Само треба да ги имаш донесено. За другите асистенти не знам.
На колоквиум има само една од домашните. Другите две се како од збирка, односно тие од аудиториски што се решавани.
 
Член од
30 септември 2016
Мислења
42
Поени од реакции
1
Да прашам од кај се спремате за колоквиуми и тест математика1 ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom