Уписи на факултет - Внимателно

Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.360
Поени од реакции
58
Уписите на факултетите се или во тек или ќе почнат наскоро.
Глава боли од силината на понудите и рекламите во кои се ветуваат невидено добри студии, а ретко кој внимава дали институцијата е акредитирана и со дозвола за работа во РМ или не.

Детален список на акредитирани високообразовни институции цо РМ.

1. Министерството за образование и наука ги известува граѓаните дека според Законот за високото образование ("Службен весник на Република Македонија" број 64/2000, 49/03 и 113/05), статус на високообразовни установи, запишани во Регистарот на високообразовни установи во Република Македонија, имаат следните факултети и високи стручни школи:
ДРЖАВНИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ:

Универзитет "Св. Кирил и Методиј"- Скопје
-Архитектонски факултет- Скопје
-Градежен факултет - Скопје
-Електротехнички факултет- Скопје
-Машински факултет- Скопје
-Технолошко-металурушки факултет- Скопје
-Рударско-геолошки факултет- Штип
-Природно-математички факултет- Скопје
-Економски факултет- Скопје
-Правен факултет- Скопје
-Филозофски факултет- Скопје
-Филолошки факултет- Скопје
-Педагошки факултет "Св. Климент Охридски"- Скопје
-Педагошки факултет "Гоце Делчев"- Штип
-Медицински факултет - Скопје
-Фармацевтски факултет - Скопје
-Стоматолошки факултет - Скопје
-Факултет за физичка култура- Скопје
-Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје
-Шумарски факултет - Скопје
-Факултет за ветеринарна медицина - Скопје
-Факултет за драмски уметности - Скопје
-Факултет за ликовни уметности - Скопје
-Факултет за музичка уметност – Скопје

Универзитет "Св. Климент Охридски" - Битола
-Технички факултет- Битола
-Економски факултет- Прилеп
-Факултет за туризам и угостителство- Охрид
-Педагошки факултет- Битола
-Факултет за биотехнички науки- Битола
-Факултет за администрација и информатички менаџмент - Битола
-Висока стручна медицинска школа – Битола

Државен универзитет во Тетово
- Природно-математички факултет;
- Факултет за хуманистички науки и уметности;
- Економски факултет;
- Правен факултет;
- Центар за политехнички студии, како висока стручна школа;

На факултетот се акредитирани и следните студиски програми:
- Додипломски тригодишни студии по фармација;
- Студии за општа медицинска сестра, акушерство, логопедија и физиотерапија;
- Студиска програма за наставни предмети за двопредметни студии по физика-хемија за дооформување на образованието на кадри кои завршиле Педагошка академија;
- Студиски програми за: Мекатроника, Архитектура, (со две насоки: Проектирање и Урбанизам), Инженерска економија и Градежништво (со две насоки: Конструктивно инженерство и Градежништво);
Државен универзитет „Гоце Делчев“ во Штип (Универзитетот е акредитиран и основан со Законот за основање на Државниот универзитет „Гоце Делчев“ во Штип - објавен во „Службен весник на Република Македонија“ број 40/2007). Во состав на универзитетот се:
- Економски факултет;
- Правен факултет;
- Земјоделски факултет;
- Факултет за музичка уметност
- Факултет за информатика и
- Висока здравствена школа.


ПРИВАТНИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ:

Југоисточно - европски универзитет – Тетово:
- Правен факултет
- Факултет за јавна администрација
- Факултет за бизнис администрација
- Факултет за комуникациски науки и технологии
- Педагошки факултет
- Јазичен центар, висока стручна школа и
- Комјутерски центар, висока стручна школа

Прв приватен универзитет - ФОН - Скопје
- Факултет за правни науки
- Факултет за политички науки и меѓународни односи
- Факултет за применети странски јазици
- Факултет за детективи и безбедност - Скопје
- Факултет за менаџмент со животната средина

Прв приватен европски универзитет (акредитиран и во постапка на добивање на одобрение за работа)
- Факултет за економски науки
- Факултет за комуникации и медиуми - Скопје и Струга
- Факултет за информатика
- Факултет за јавна администрација
- Факултет за арт и дизајн


Универзитет Њу Јорк во Скопје
- Факултет за бизнис администрација
- Факултет за информатика
- Факултет за комуникации
- Факултет за меѓународни односи и
- Факултет за англиски јазик

Универзитет ”Американ колеџ”- Скопје со факултетите:

1) Факултет за деловна економија и организациони науки (постојниот факултет кој продолжува со работа);
2) Факултет за политички науки;
3) Факултет за странски јазици;
4) Факултет за јавна администрација;
5) Висока школа за архитектура и дизијан;
6) Висока школа за комјутерска техника и иниформатика.


- Приватна високообразовна установа Факултет за бизнисекономија –Скопје

- Приватна високообразовна установа Факултет за туризам - Скопје
- Приватна висока стручна школа Академија Италјана - Скопје



Горенаведените високообразовни установи имаат право да запишуваат студенти и да издаваат дипломи за завршен степен на стручна подготовка и други исправи.

Обрнуваме внимание дека при основање на нови високообразовни установи, со добивање на решение за акредитација не е завршена целосно постапката за основање и дека, високообразовната установа може да врши запишување на студенти, по нејзиното запишувањето во Регистарот на високообразовни установи на Република Македонија и во Централниот регистар на РМ, со што се стекнува со статус на правно лице и право да врши високообразовна дејност.



2. АКРЕДИТИРАНИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ
- Факултет за деловни студии-Скопје, приватна високообразовна установа (54., 23.01.2007);

3. НОВИ АКРЕДИТИРАНИ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ НА ПОСТОЈНИТЕ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ
- Родови студии, додипломски студии на Филозофскиот факултет во Скопје (54., 23.01.2007);
- Информатичко и техничко образование ИТО, заедничка студиска програма на Педагошки факултет-Битола и Технички факултет-Битола (55., 19.02.2007 );
- Факултет за бизнис економија- Скопје, последипломски магистерски студии Економија за бизнис и Одржлив развој (57. , 03.04. 2007);
- Последипломски специјалистички студии по училишна психологија на Институтот за психологија и студиска програма според ЕКТС (55., 19.02.2007).
- Природно-математички факултет - Скопје, последипломски магистерски студии по физика на меки материјали со биофизика на Институтот за физика (56, 6.03,2007 );
- Универзитет Њу Јорк во Скопје, последипломски магистерски студиски програми усогласени со Болоњската декларација и усвојување на Европскиот кредит трансфер систем, ( 56., 6.03.2007 );
- Филозофски факултет-Скопје, Институт за социјална работа и социјална политика, специјалистички студии по социјална работа во здравството - социјална работа со психички болни и хендикепирани лица ( 57., 03.04.2007 );
- Универзитет “ Св. Кирил и Методиј “ - Скопје, додипломски тригодишни политехнички студии во Штип ( 58., 24.04.2007 );
- Институт за национална историја, 10 нови студиски програми за последипломски студии : Историја на Антич!ка Македонија, Историја на Византија, Балканот и Македонија во османско-турскиот период, Балканот во ерата на формирањето на националните држави, Историја на македонското национално ослободително движење, Воена историја на Македонија, Историја на култовите и религиите на Македонија, Историја на културата на Македонија, Социјално-економска историја на Македонија, Историја на дипломатијата на балканските држави ( 58, 24.04. 2007);
- ЈИЕ Универзитет-Тетово, додипломски тригодишни студии за политички науки на Факултетот за јавна администрација ( 58, 24.04.2007);
- Њујорк универзитет-Скопје, Правен факултет за деловно право ( 58, 24.04.2007);

- Факултет за земјоделски науки и храна - Универзитет “ Св. Кирил и Методиј “- Скопје во Св. Николе ( 58, 24.04.2007 );
- Прв приватен универзитет ФОН -Скопје, Факултет за информациски и комуникациски технологии, тригодишни и четиригодишни студии со две насоки, информациски и комуникациски технологии и информациски технологии ( 58, 24.04.2007 );
- ЈИЕ универзитет-Тетово, студиска програма за додипломски студии за превод и толкување по албански и македонски јазик со странски јазик (германски и француски јазик ) на Педагошкиот факултет ( 59, 8.05.2007);
- Филозофски факултет во Скопје, последипломски магистерски студии од областа на безбедноста ( 59, 8.05.2007).

4. СТРАНСКА ВИСОКООБРАЗОВНА УСТАНОВА КОЈА ВРШИ ДЕЈНОСТ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Според членот 22 од Законот за високото образование, странска високообразовна установа може на некој од светските јазици, да врши високообразовна дејност на територијата на Република Македонија, врз основа на одобрение од Владата на Република Македонија, по претходно мислење на Одборот за акредитација и под услови утврдени со меѓудржавен договор.
На територијата на Република Македонија, врз основа на добиено одобрение од Владата на Република Македонија и по претходно мислење на Одборот за акредитација, врши високообразовна дејност Универзитетот во Питсбург за:
- Последипломски студии за јавни меѓународни работи на Универзитетот во Питсбург (магистратура и специјализација од областа на применета политика и менаџмент);

- Конзорциски магистерски студии за менаџмент и организација организирани од Економскиот факултет при Универзитетот од Љубљана

СОВЕТ: Пред да се запишете на приватен факултет информирајте се во МОН(Министерство за Образование и Наука) дали факултетот има акредитаиција или не. После тоа е веќе доцна.
 
T

The Blob

Гостин
Абе кој стигна отвори приватно средно или факултет! Луѓе што блага веза немаат со квалитетно или било какво образование, трговци, само пара да пикнат в џеб, и глупите мамини синови да лапнат диплома без газот да го мрднат и книга да фатат.
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Мала напомена за извршените измени, Европски унверзитет во двете одделениа (Охрид и Скопје) доби дозвола за работа, тоа го пишува и на официјалниот сајт од министерството за образование http://www.mon.gov.mk/visokoustanovi.asp

Исто да напоменам дека ФОН универзитет иако врши уписи на следниве факултети:

Факултет за економски науки
Факултет за информациски и комуникациски науки
Факултет за спорт и спортски менаџмент

НЕМА акредитација за нив (значи на диво запишува), исто може да проверете за оваа информација на сајтот на министерството за образование.
 

MoNa`

Do you believe in perfection ?
Член од
18 април 2006
Мислења
1.702
Поени од реакции
6
А ФОН универзитетот има акредитација за останатите факултети,само на овие нема или воопшто нема акредитација ФОН?
 
П

Паспарту

Гостин
MoNa` напиша:
А ФОН универзитетот има акредитација за останатите факултети,само на овие нема или воопшто нема акредитација ФОН?
ИМА слободно запиши се :helou:



еве кои се факултети се акредитирани на фон универзитетот

- Факултет за правни науки
- Факултет за политички науки и меѓународни односи
- Факултет за применети странски јазици
- Факултет за детективи и безбедност - Скопје
- Факултет за менаџмент со животната средина

ама кај и да е, сигурно и останатите ќе бидат акредитирани
 

MoNa`

Do you believe in perfection ?
Член од
18 април 2006
Мислења
1.702
Поени од реакции
6
Факултет за применети странски јазици

Овај ми треба,а и да не беше акредитиран за 2 години таман ке го акредитираја.Ама дотогаш боже здравје ако не се премислам.:pos:
 
Член од
23 мај 2007
Мислења
47
Поени од реакции
0
Jas se zapisav na Evropskiot nasoka "bankarski menadzment"i se nadevam ne pogresiv vo odlukata
 
П

Паспарту

Гостин
MoNa` напиша:
Факултет за применети странски јазици

Овај ми треба,а и да не беше акредитиран за 2 години таман ке го акредитираја.Ама дотогаш боже здравје ако не се премислам.:pos:
хехе наредната година мислам дека ќе биде трета откако е акредитиран овој факултет. таман ако се запишеш за 2 години ќе ти кажам која професорка да ја пцуеш место мене :pos2: :)
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
kukli4ka напиша:
Jas se zapisav na Evropskiot nasoka "bankarski menadzment"i se nadevam ne pogresiv vo odlukata
Не си погрешила ни малце :wink:
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Не знам дали гледавте си излезе министерот за образование и си кажа дека само Европски уницерзитет е признат.А тоа што пишуваше во Време тоа е се местена работа бе
 
Член од
23 мај 2007
Мислења
47
Поени од реакции
0
deXterche напиша:
Не си погрешила ни малце :wink:
I jas taka mislam ke bide ubavo posto na drzaven nema sansi da odam nemozam da go podnesuvam toa maltretiraneje i izivuvanje od strana na profesorite ko bev da se zapisam tolko ubavo me primia kako sto dolikuva imaat dobar odnos sprema studentite se ponasat drugarski a taka i treba da bide bez razlika na koj fak se zapisuvas
 
Член од
23 мај 2007
Мислења
47
Поени од реакции
0
Joey напиша:
Не знам дали гледавте си излезе министерот за образование и си кажа дека само Европски уницерзитет е признат.А тоа што пишуваше во Време тоа е се местена работа бе
Tocno taka plus i toj vo tetovo mislam Stuloviot taka se vikase
 

Ted Dettman4e

Real Optimist
Член од
25 јуни 2007
Мислења
1.697
Поени од реакции
56
ЕЕ само да прашам нешто.Дали дипломите на ФОН се признаени кај нас?Оти нешто кога читав огласи си има нагласено:Димпломи од ФОН не се признааваат!!Се надевам дека ќе добијам одговор!!!
 
П

Паспарту

Гостин
ќе добиеш зашто да не :) дипломите се признати во македонија, а тоа што и кај си го прочитал е друга работа :) секоја фирма си има право да напише какви дипломи прима и неприма тоа е нивна работа, али искрено ја до сега не сум видел ниеден таков оглас по весници. сум работел во 2 државни фирми и никој не ми направил проблем, дури во едната ми рекоа кога ќе дипломираш (на фон) ќе нема проблеми и за повисоко работно место. исто така имам многу колеги кои сега завршуваат 4 година и исто така при аплицирање за работно место во било која фирма никој не им правел проблем. ако не се признаваат дипломите од фон и европски универзитет, тогаш зашто да ги признаваат од другите приватни факултети, кои искрено се светлосни години позади овој факултет и во услови и во се останато, а за државниот не ни сакам да коментирам односно да правам споредба во услови за студирање и такви слични работи :)
 

Ted Dettman4e

Real Optimist
Член од
25 јуни 2007
Мислења
1.697
Поени од реакции
56
DoolroX напиша:
ќе добиеш зашто да не :) дипломите се признати во македонија, а тоа што и кај си го прочитал е друга работа :) секоја фирма си има право да напише какви дипломи прима и неприма тоа е нивна работа, али искрено ја до сега не сум видел ниеден таков оглас по весници. сум работел во 2 државни фирми и никој не ми направил проблем, дури во едната ми рекоа кога ќе дипломираш (на фон) ќе нема проблеми и за повисоко работно место. исто така имам многу колеги кои сега завршуваат 4 година и исто така при аплицирање за работно место во било која фирма никој не им правел проблем. ако не се признаваат дипломите од фон и европски универзитет, тогаш зашто да ги признаваат од другите приватни факултети, кои искрено се светлосни години позади овој факултет и во услови и во се останато, а за државниот не ни сакам да коментирам односно да правам споредба во услови за студирање и такви слични работи :)
A значи така ее??Фала Doolrox.Сега се ми стана јасно:smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom