Украдени пари од трансакциска...

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Зависи за каков трансвер се работи,и колку време има поминато откако е направена трансакцијата,јас веднаш се јавив немаше ни две минути от како ми пристигна пораката,под истрага се мисли на вистинска истрага.
Од каде е направено плаќањето,што е купено , кога е купено,од кого.
И се зависи од тоа дали се повлечени парите или не се,дали ќе го најдат сторителот.
Во мојот случај парите не беа подигнати-повлечени,туку резервирани притоа само го откажав испраќањето ништо друго.
Инаку од кај да знае банката дека ти не си ги дал податоците и пријавуваш кражба ?
Само шо ми стигна пораката за трансакцијата се јавив и ја блокирав сметката т.е. картицата. Ми беа во резервирани средства ама ми кажаја дека морало да се заврши трансакцијата па после тоа ќе ми биле вратени. Кај мене се знај кај кој се стигнати парите, руска стоматолошка ординација Ника.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.978
Поени од реакции
14.748
Јас имам и платежна и интернет картичка од Стопанска банка, и нормално токенче. Пари префрлувам со мобилениот преку апликацијата и токенот од платежната на интернет картичката, и тоа толку колку е трошокот на Алиекспрес. Во банката ми велат дека трансакциите се сигурни, бидејќи за да некој ми земи пари треба во исто време да ја има мојата шифра(со името) и токенот.

Претпазлив сум во принцип, и доста време откако ја зедов инт.картичката ништо не пазарев, само гледав туѓи искуства
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.786
Поени од реакции
4.432
1. наздравје бричење си плаќаш скапа лекција
2. земи си картичка од друга банка и купувј строго од не онлајн, ставај на неа по потреба и не држи мн пари за да не фатат нозе пак
 
VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Од искуство што бев на пракса во една банка во сектор за е-банкинг имаа систем кој автоматски сите сумливи трансакции ги блокираше и телефонски се контактираше клиентот за обидот за трансакција. Ако клиентот потврдеше дека е океј,тогаш ја одобруваа. Значи ова не за банални суми до кај 1000 денари, туку повеќе.
Се чудам како не те известиле. Види ако го имаш договорот за картицата кои одговорности ги сносува банката, бидејќи на интернет не смеат да се пропуштаат вакви трансакции.
И нареден пат проверувај селерот на алиекспрес. Некогаш и поефтиното не чини многу поскапо на крај.
 
The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Aко имаш банкар другар (од било која банка) прашај како оди постапката за отварање случај/барање/ за следење на парите. За Шпаркасе не сум 100% сигурен ама НЛБ ептен се ангажираат за клентите.
Братучед ми букираше во хотел преку картичка, и освен трошоците за хотелот му беа подигнати (исто за резервација на некакви си билети за патување) уште 400тини евра од сметката. Забележал прилично доцна, откако се вратил од патување, после две недели отишол во банка и им се заканил, ќе пријавел кражба, па полиции, ќе поднесел тужба, бидејќи не го известиле кога се направила трансакцијата. Му кажале првин да поднесе писмено барање до банката за да видат они што може да сторат па после ако не биде ништо нека оди преку судови и полиција. Така и направи.

За помалце од месец дена парите му се вратија, со образложение дека “успеале да ја стопираат трансакцијата“. Искрено не верувам на тоа, затоа што ако кажат дека не успеале би ги биело глас како неспособна банка и плус нивен пропуст со неизвестувањето, и поради тоа сигурно би изгубиле клиенти. Мислам дека самата банка му ја исплатиле сумата.

Распрашај се, пробај со истото, ништо нема да загубиш.

п.с. те имам читано во Премиер лига темата, имаш кажано дека секој пораз на Јунајтед го прославуваш со частење кафана. Манчестер премногу киксираше годинава, ништо чудно пијан да си бил цела полусезона па да не се сеќаваш кај си ги сјебал. :P
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Од искуство што бев на пракса во една банка во сектор за е-банкинг имаа систем кој автоматски сите сумливи трансакции ги блокираше и телефонски се контактираше клиентот за обидот за трансакција. Ако клиентот потврдеше дека е океј,тогаш ја одобруваа. Значи ова не за банални суми до кај 1000 денари, туку повеќе.
Се чудам како не те известиле. Види ако го имаш договорот за картицата кои одговорности ги сносува банката, бидејќи на интернет не смеат да се пропуштаат вакви трансакции.
И нареден пат проверувај селерот на алиекспрес. Некогаш и поефтиното не чини многу поскапо на крај.
Во охридска имаат таков софтвер и секогаш кога пазарам прво ми се јавуваат да прашам дали јас ум ја направил трансакцијата па ги префрлаат парите на продавачот
 
macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.723
Поени од реакции
1.480
Јас користам дебитна мастер на Стопанска банка Скопје исто имам токен за неа. На таа сметка ми стасува плта , плаќам сметки , купувам на нет ама денар до сега не ми фали. СТБ има 3д сигурност и ми стасуват смс пораки за поголема транскација во форма на код за да потврдам дали е тоа точно.
Така што тебе најверојатно ти ги украле податоците жали се во полиција. Мене нешто слично ми се случи во Уни ама отиов во централа па ми ги најдоа за 5 минути парите и од тогаш раскрстив со нив за секогаш.
 
Член од
22 август 2009
Мислења
615
Поени од реакции
221
Постои постапка за оспорување на трансакции која е доста долга, сложена и скапа и оди преку Мастеркард или Виза. Доколку се изгуби случајот трошокот кој е најмалку 150 евра најчесто оди на товар на клиентот.
Најчесто ваквите трансакции се направени на виртуелни пос терминали за кои не постои ниту можност да се оспори трансакцијата, трансакции кои се регистрирани дека се во присуство со картичката, точен пин или пак со верификација и авторизација по добиен код.

Најдобро решение посебна сметка со картичка за онлине, намалени дневни лимити, пазење за сомнителни банкомати, и избор на банка со стручен кадар, токен и систем за потврдување т.е за одобрување на трансакции.
Одговорноста за украдени податоци од картичка ја сноси клиентот. 99% се изгубени парите. Ако си ВИП клиент па банката да те обештети.
 
Член од
21 март 2014
Мислења
511
Поени од реакции
375
Најбрза постапка
Одиш до полиција пријавуваш се шо како, одиш консултации со адвокат за тоа шо не те известиле. Одиш на шалтер (со бомбоњера во рака) и убаво им даваш дојава дека ќе им пристигне тужба...
Во рок од 5 секунди парите ќе бидат на твоја сметка.
Проверено работи значи секаде ќе го спомнеш зборот тужба и плус пари може да ти дадат. Е после смени ги НЛБ немаш гајле ја колку што знам..
 
Член од
6 август 2011
Мислења
682
Поени од реакции
1.065

Каде се случува дејствието на приказнава,во Боливија, Перу, УСА Швајцарија ?[DOUBLEPOST=1454455462][/DOUBLEPOST]
Само шо ми стигна пораката за трансакцијата се јавив и ја блокирав сметката т.е. картицата. Ми беа во резервирани средства ама ми кажаја дека морало да се заврши трансакцијата па после тоа ќе ми биле вратени. Кај мене се знај кај кој се стигнати парите, руска стоматолошка ординација Ника.
Напоменав како оди постапката,сега тие од ординацијата може да тврдат дека извршиле стоматолошки услуги на некоја девојка,услуги кои што ти си ги плати од мк,малку ќе се завлече но ќе си ги добиеш парите.
 
Член од
21 март 2014
Мислења
511
Поени од реакции
375
Он треба малце повеќе да ја претисне банката за тоа што му немат дадено известување(сепак станува збор за ГОЛЕМА сума на пари). А полиција чисто ако има среќа и живци со тие токмаци таму. Нека му е со среќа . . .
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.219
Поени од реакции
35.824
Абе тужба... мислиш они со дневен обрт од милиони евра се плашат од тужба. Којзнае и колку тужби водат моментално, за секакви работи. И да ги тужиш ќе најдат некој член од тоа купиштата договори што си ги потпишал и на крај и судски трошоци ќе си плаќаш за изгубен спор.

Во вакви ситуации игра улога репутацијата на банката и нивниот однос кон клиентите.
 
k3b

Член од
17 декември 2010
Мислења
2.808
Поени од реакции
4.280
Или на банкомат имаш налетано на скимер или на некој скам сајт
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Во 99 посто од коментарите прочитав “нема шанси“, “ум за друг пат“ и “имај си две картици“.

Ова имај си две картици ти е ко “абе ми ја украдија колата“ - “епа имај си две коли, едната убава, чувај си ја в гаража“.

Затоа го јадеме курот и како народ и како држава.

Затоа што јас лично ги добив интерпол и ми укажаа дека случајот мора да се пронајде - само во јануари имале 500 такви решени случаи.

Јас ќе одам до крај. Макар и ќе додадам пари.

Сите песимисти нека го јадат курот низ животот.

Тоа е.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Во 99 посто од коментарите прочитав “нема шанси“, “ум за друг пат“ и “имај си две картици“.

Ова имај си две картици ти е ко “абе ми ја украдија колата“ - “епа имај си две коли, едната убава, чувај си ја в гаража“.

Затоа го јадеме курот и како народ и како држава.
Во твојот првичен пост напиша „некој ум за ова..?“
Не е доволно конкретизирано што точно бараш.
Луѓето што ти пишуваат „нема шанси“ ти кажуваат од нивно искуство или искуство што го имал некој нивни познајник.
„Ум за друг пат“ е ок совет ама премногу општ.
„Имај си две картици“ е одличен совет за во иднина и твојата аналогија со колата не е добра од 2 причини - двете коли ќе бидат убави а на таа од гаража ќе и ставаш по малку бензин кога сакаш да ја возиш.
Ако не сакаше да ти солат памет, можеше да напишеш во првичниот пост дека те интересира само „што да преземеш понатака“.
Не е ова гаранција дека нема да ти пишуваат слични постови но можеби ќе имаше помалку.
Сите песимисти нека го јадат курот низ животот.
Знам Малколм, сите се криви.
Фрустрацијата е нормална во случајов. Ќе ти помине.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom