Увоз на половни возила

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.062
Поени од реакции
11.411
Kолку ќе чинат автомобилите по забраната за увоз на еуро 2?
Според одлуката на Владата, увозот на возила со мотор со стандардите еуро 2 ќе заврши до крајот на годинава, по што ќе следува шестмесечен преоден период во кој ќе биде дозволен увоз на автомобили со нормите еуро 3, потоа во Македонија ќе можат да се увезуваат само автомобили што ги исполнуваат стандардите еуро 4 за издувни гасови.



Во изминатиот период од март 2010 година, кога со измените во правилниците и законската регулатива се дозволи увоз прво на еуро 1, а потоа и на возила еуро 2, во Македонија влегоа повеќе од 160 илјади стари патнички возила, што е речиси две третини од поранешниот вкупен возен парк, чија просечна старост се проценуваше на 14-15 години. За жал, и огромен број од тие возила беа толку стари (нормите еуро 1 во Европа стапија во сила во 1993, а еуро 2 во 1997 година). Тоа значеше дека освен драстичното зголемувањето на бројот на возила во сообраќајот и делумната замена на прастарите автомобили од социјалистичко време со малку понови, не се постигна многу за подобрување на сликата на нашите патишта. Напротив, поголемиот број, сега посилни возила што се возат повеќе од старите, доведе до поголем број сообраќајни несреќи и зголемување на загадувањето.

Оваа состојба ниту сега нема многу да се промени - за тоа ќе треба доста време. Но, добро е што првиот чекор е повлечен, а тоа е спуштањето на рампата за отпадот од Европа, бидејќи со новите прописи од идниот јули практично ќе можат да се увезуваат возила не постари од десетина години, бидејќи нормите еуро 4 стапија во сила во јануари 2005 година за новопретставените и една година подоцна за сите возила. Од 1 септември годинава во ЕУ е дозволена продажба само на возила со нормите еуро 6, кои се значително построги за автомобилите со дизел-мотори, а поблаги всушност многу блиски до еуро 4 за бензинските возила.

Што се добива?

Како прво, сите заедно ќе имаме почист воздух за дишење - возилата со нормите еуро 4 имаат за два-трипати помалку штетни материи во издувните гасови. Но, дури и како поважно од тоа многумина ќе ја посочат безбедноста, не само поради помалата старост (а со тоа и истрошеност) на возилата туку и поради фактот дека токму во периодот кога се појавуваа возилата со нормите еуро 4 дојде до пресврт во понудата и побарувачката на автомобили, кои под притисок на сѐ поголемата освестеност на купувачите, без разлика дали прописите тоа го бараа или не, сѐ почесто како дел од својата опрема имаа значителен број безбедносни додатоци. Ако возилата што сега можеме да ги увеземе најчесто немаат АБС и во најдобар случај имаат две воздушни перници, нивниот број кај десетина години старите возила од странство е најмалку четири, а се среќава и систем за електронска стабилност. Ова е битно за сите, бидејќи во сообраќајните незгоди не страдаат само сопствениците на возилата.
Од нивни аспект гледано, пак, тие ќе добијат поголема валоризација на своите пари. Токму возилата стари меѓу седум и десет години имаат најниска вредност во однос на она што го нудат - тоа е периодот по кој опаѓањето на нивната цена е помало, а уште се доста здрави и добро зачувани за да служат уште многу години.
Простата логика вели дека нивниот преостанат век на траење ќе биде за десетина години подолг. Како плус на ова треба да се има предвид дека тоа се возила купени пред кризата во Европа, кога продажбата растеше и купувачите трошеа повеќе на нив, избирајќи посовремени погонски агрегати и побогати пакети опрема. Сега продажбата на возила во Европа повторно почнува да расте, па нивните сопственици ќе размислуваат да се ослободат од нив и да си купат нови, што значи дека понудата ќе биде поголема, а цените релативно пониски.

Што се губи?

Бидејќи ќе дојде до поместување на понудата на стари увезени возила кон понови и поскапи, тие што не можат или не сакаат повеќе да платат нема да можат да најдат возило за себе и ќе треба, со сите давачки и трошоци, да издвојат за него најмалку двојно повеќе отколку сега. Не треба да се очекува дека дупката во понудата на евтини стари возила ќе биде надоместена со автомобилите купени во Македонија како нови во средината на деведесеттите, бидејќи ниту ги има во количества колку што сега се увезуваат стари возила (речиси стотина дневно), ниту, пак, нивната цена ќе биде толку ниска.
Во согласност со тоа, бројот на возила во сообраќајот ќе се намалува, со што ќе дојде до опаѓање и на приходите во буџетот од продаденото гориво. На тоа дополнително ќе влијаат и новоувезените возила, кои ќе трошат помалку. Треба да се очекува и дека дел од оние што веќе имаат старо возило, а нема да го заменат со поново, ќе продолжат да го возат, дури и неисправно или нерегистрирано.
Оние, пак, што ќе купат возило со еуро 4, освен што ќе платат повеќе за него, ќе мора да одвојат и повеќе пари за негово исправно одржување, затоа што иако олку старите возила помалку се расипуваат, нивните поправки чинат повеќе - моторите им се покомплицирани, а имаат и повеќе системи што можат да се расипат. Некои од возачите нема да ги одржуваат своите возила како треба, со што ќе заштедат повеќе отколку што ќе загубат на нивната цена кога ќе им дојде време за продавање, а таквите возила повторно ќе бидат закана за безбедноста.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.062
Поени од реакции
11.411
Изгледа сам со себе си правам муабет на темава, убаво ќе беше и Валво да каже од прва рака каква е ситуацијата на терен :unsure:

ПРОДАЖБАТА НА АВТОМОБИЛИ ВО СЛОБОДЕН ПАД



Во првите девет месеци од годинава продолжува да паѓа увозот на нови возила, но намалување има и кај половните

Нина Нинеска-Фиданоска

Откако Владата соопшти дека побрзо од планираното ќе стави рампа за старите возила, продолжува да паѓа увозот на автомобили, и на новите, но и на употребуваните. Односно, по оваа најава, ниту се зголеми продажбата на стари возила низ плацевите во земјава, ниту се раздвижија нешто посебно салоните за нови автомобили.

Најновите податоци на Царинската управа на Македонија говорат дека во септември во Македонија биле набавени 221 нов автомобил, или помалку од 287 возила во истиот месец минатата година.

Во првите девет месеци од годинава, пак, увозот на нови возила е намален за 7,2 отсто во однос на истиот период лани. Односно, од јануари до септември биле увезени вкупно 2.279 автомобили, додека во истиот период лани 2.456 нови возила.

А, во исто време има мало намалување и на увезените стари возила, иако нивниот број останува на ниво десет пати поголемо од она на новите возила. Или, во септември годинава, македонските граѓани го почувствувале загадувањето на уште 2.363 половни автомобили. Додека, пак, во првите девет месеци од годинава земјава станала домаќин на 19.444 стари автомобили, нешто помалку од 22.033 возила, колку што влегле на наша територија во истиот период лани.
 
Член од
20 јуни 2011
Мислења
192
Поени од реакции
13
колку би коштала царина на Mercedes e 270 CDI 2005 година,колата е од германија?
 
Член од
18 ноември 2014
Мислења
1
Поени од реакции
0
Zdravo na site...
Bi me interesiralo kako bi odelo kupuvanjeto na euro2 vozilo koe gi ima (plateno site davacki do registracija),odnosno dali ima moznost za izmama od prodavacot,koi dokumenti bi trebalo da gi poseduva,na sto treba da se obrati vnimanie...
 
Член од
12 јуни 2010
Мислења
200
Поени од реакции
61
дали знае некој колку би биле давачките до регистрација за увоз на Опел Астр ГТЦ 1.7 101 коњ
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.062
Поени од реакции
11.411
Еко такса за увоз на половни возила

Во подготовка се нови давачки за увоз на половни возила. Владата предлага измени во Законот за животна средина, со кои се воведуваат дополнителни надоместоци за увоз на стари возила. Поскапува царината на автомобилите со бензински и со дизел мотор.


„За употребувани патнички автомобили и други моторни возила со клипен мотор со внатрешно согорување со палење со помош на свеќички: - за возилата до 1.000 цм3 надоместокот изнесува 1.500 денари, од 1.500 цм3 до 3.000 цм3 надоместокот изнесува 2000 денари, додека за оние возила над 3.000 цм3 ќе треба да платат 3.500 денари. За дизлел возилата што не надминуваат 1.500 цм3 новата давачка изнесува 2.500 денари. Од 1.500 до 2.500 цм3 глобата изнесува 3000 денари а за над 2.500 кубни сантиметри давачката е 3.500 денари.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.888
ekotaksa ima i sega. ne gledam nekoja razlika, mozebi poskapuvanje po 500 denari vo sekoja klasa.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.716
Поени од реакции
15.590
лошо ќе биде ако уведат на технички нови прописи со мерење на издувни гасови, како во Хрватска, те кочи за минимално надминување, а тие со 100јадините и слични нееколошки возила гајле немаат бидејќи фабрички немале:mad:
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.366
Поени од реакции
38.343
лошо ќе биде ако уведат на технички нови прописи со мерење на издувни гасови, како во Хрватска, те кочи за минимално надминување, а тие со 100јадините и слични нееколошки возила гајле немаат бидејќи фабрички немале:mad:
стојадин 10 пати помалце загадува од некој смрдлив дизелаш кој троши више уље него нафта
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.716
Поени од реакции
15.590
не мислев за дизелаш, па и тие старите што ги споменуваш а што загадуваат поминуваат лесно бидејќи немаат фабрички катализатор
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.062
Поени од реакции
11.411
Подраматичен пад на увозот на половњаци во јануари

Паѓа увозот на половни, но и на нови возила. Според последните податоци, во јануари годинава биле увезени вкупно 1.368 автомобили, од кои 1.100 биле употребени, а 165 нови возила.

Во истиот месец минатата година бројот на увезени возила бил двојно поголем, односно 2.239 автомобили. Ако се направи споредба на годишно ниво, во 2014 година вкупно во земјава влегле 35.107 возила, а во 2011 бројката била за 15.000 коли повеќе.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Половните возила уште се скапи.
За споредба најдов ф-ри од пред 10-15 години што сум увезувал половни возила стари меѓу 4-7 години кои со сите платени давачки до регистрација биле 40%поефтини и покрај тоа што се смени власта и ги зголеми дупло давачките(царина,данок,акциза.........)
Подобро 5-6к евра место за половен автомобил дај ги учество за нов а остатокот од 6-8к евра со пресметани камати на рати во зависност од тоа колку ќе одобри банката
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.888
Половните возила уште се скапи.
За споредба најдов ф-ри од пред 10-15 години што сум увезувал половни возила стари меѓу 4-7 години кои со сите платени давачки до регистрација биле 40%поефтини и покрај тоа што се смени власта и ги зголеми дупло давачките(царина,данок,акциза.........)
Подобро 5-6к евра место за половен автомобил дај ги учество за нов а остатокот од 6-8к евра со пресметани камати на рати во зависност од тоа колку ќе одобри банката
95% od narodot kupuva koli vo cenoven raspon od 1500-3000 evra. Sega so ovie niski ceni na polovnjacite samo idiot kupue novo vozilo. Znaci prajme muabet za prosecen gragjanin so prosecna plata. Tie so imaat vrekji pari za rasfrlanje normalno deka ke si kupat novo.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom