УЈП и повлекување пари од банкомат

Член од
6 мај 2014
Мислења
647
Поени од реакции
1.184
Насловот на темата не е баш најсреќно избран, но не ми текнува подобар. Она што сакам да знам е дали било која финансиска институција во Македонија вклучуваќи ја УЈП има увид во парите кои се подигаат од банкоматите? Дали тие можат да побараат отчет од некоја банка која има некаде поставено банкомат во смисла да можат да проверат колку пари и од која картичка се подигнати?
Имам картичка од банка која не е македонска, и на неа пари кои не се заработени во Македонија, а ги подигам на банкоматите во Македонија, па ме интересира дали имаат увид врз тие пари.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Не би требало да имаат увид во тие пари од причина што не си врзан со македонска трансакциона сметка, и банката си зема провизија за подигната сума од АТМ.
Инаку еден период кога бев под завод за вработување, додека не ме избришаа оти закаснив некој ден требаше да се достави увид од трансакционата сметка и дали имаш приходи на неа над одредена сума по било каква основа за да го користиш бенефиот како бесплатно здравствено осигурување.
Океј да ја скратам приказнава, имам сметки на три наши банки и на две од нив немам никакви приходи, додека третата трансакциона сметка ја користам за таа работа за приходи, па и расходи.
Извадов извештај за трансакционите сметки во двете банки и кога појдов да вадам од третата банка ми кажаа дека никој нема право да дознае какви ми се приходите и расходите и дали имам сметка се додека не се води некаква истрага против мене.
После само дадов изјава дека немам приходи кој ја надминуваат некоја сума и извештај од двете трансакциони сметки и добив бесплатно здравствено осигурување кое траееше два месеци.

Во твојот случај би било уште покомплицирано од причина што треба прво странската банка да одобри да се објавуваат твои податоци, па потоа нашата банка да му достави извештај за одредени трансакции преку картичка.
Ова само мое размислување, најверојатно би било најдобро да разговараш со вработен во тој сектор.
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
394
Поени од реакции
222
Насловот на темата не е баш најсреќно избран, но не ми текнува подобар. Она што сакам да знам е дали било која финансиска институција во Македонија вклучуваќи ја УЈП има увид во парите кои се подигаат од банкоматите? Дали тие можат да побараат отчет од некоја банка која има некаде поставено банкомат во смисла да можат да проверат колку пари и од која картичка се подигнати?
Имам картичка од банка која не е македонска, и на неа пари кои не се заработени во Македонија, а ги подигам на банкоматите во Македонија, па ме интересира дали имаат увид врз тие пари.
Другар претпоставувам дека имаш Payoneer картичка

и јас имам таква и ја користам за вадење пари од банкомат скоро една година
нема врска ујп со тоа
ако беше така јас имав повеќе пати од грција пари вадено - така да треба да платам таму некој данок?

мој совет е да не се разпрашваме
бидеќи и самиот гледаш дека од мн распрашвање само закони донесуваат за да ни земмат бари безвеза - Закон за Хонорарци(46% од приходот за придонеси+персоналец)

така сите се распрашувавме за ујп, даноци и пари извадени од интернет и само белја си направивме

ќути си *упи си
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Имаат, ама не УЈП, туку една друга државна институција и тоа за над одреден износ.
 
Член од
6 мај 2014
Мислења
647
Поени од реакции
1.184

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Мој пријател професионален фотограф работи со странска картичка, односно со онаа од IStockPhoto веќе неколку години и никој никогаш не му правел проблем. Тие картички се такви што може низ цел свет да се користат за плаќање или вадење пари од АТМ и немал проблеми. Често патува низ светот во различни држави и секогаш кога оди некаде не носи кеш пари во него туку се плаќа преку таа картичка. Бидејќи е долгогодишен соработник со IStockphoto провизијата му е некој банален 1% или 1.5% и затоа не се ни замара.

Јас имам Payoneer картичка издадена преку Fiverr и неколку пати досега сум вадел пари од неа во Македонија и Грција и не сум имал проблем никогаш. Никој не ме прашал од каде ми се парите ниту пак картичката.

Така да уживај и користи слободно.
 
Последно уредено:

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
Можат, имаат право да побараат извештај за секоја трансакција од банките, а истите мораат да им го дадат тој извештај, парите што ти се заработени надвор од Македонија се подлежни на данок од 10%, односно персонален данок.[DOUBLEPOST=1406808456][/DOUBLEPOST]
Јас имам Payoneer картичка издадена преку Fiverr и неколку пати досега сум вадел пари од неа во Македонија и Грција и не сум имал проблем никогаш. Никој не ме прашал од каде ми се парите ниту пак картичката.

Така да уживај и користи слободно.
Како тоа уживај и користи слобододно, ако тебе не ти направиле проблем што не значи дека може да ти направат проблем само тогаш кога си ги вадел, не значи дека и него нема да му напраат. Нека си отиде у УЈП и тие ќе му го речат истото што му го кажав и ја.
 
Последно уредено:
А

Атомската мравка

Гостин
Океј да ја скратам приказнава, имам сметки на три наши банки и на две од нив немам никакви приходи, додека третата трансакциона сметка ја користам за таа работа за приходи, па и расходи.
Извадов извештај за трансакционите сметки во двете банки и кога појдов да вадам од третата банка ми кажаа дека никој нема право да дознае какви ми се приходите и расходите и дали имам сметка се додека не се води некаква истрага против мене.
Не сум баш сигурен околу ова, можеби порано било така но не и сега..
Порано имаше сума до која си ослободен од данок и ќе пријавиш под тоа приход и ништо не плаќаш не се замараа многу барем за оние “поситните“, но од годинава од УЈП почнаа да испраќаат точни суми на данок колку треба да платиш базирано на приходите од твојата трансакциона сметка што значи дека веќе имаат увид во сметките и имаат право да го побараат тоа..
 
F

FARANG

Гостин
Можат, имаат право да побараат извештај за секоја трансакција од банките, а истите мораат да им го дадат тој извештај, парите што ти се заработени надвор од Македонија се подлежни на данок од 10%, односно персонален данок.

Банката може да даде извештај за колку пари и број на сметка од каде се извелечени. Неможе 100% да го потврди идентитетот на клиентот што ги повлекол парите кога тој нема сметка во таа банка. Зависно во која држава ти е сметката во некој држави доколку им стигне барање од полиција (за ова треба налог) би ги испорачале податоците за месец дена во некој треба и 20 години и судска процедура. За ситни пари никој нема да се заебава со ова така да не е проблем.
 
Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
Банката може да даде извештај за колку пари и број на сметка од каде се извелечени. Неможе 100% да го потврди идентитетот на клиентот што ги повлекол парите кога тој нема сметка во таа банка. Зависно во која држава ти е сметката во некој држави доколку им стигне барање од полиција (за ова треба налог) би ги испорачале податоците за месец дена во некој треба и 20 години и судска процедура. За ситни пари никој нема да се заебава со ова така да не е проблем.
Доволно за нив е да видат дека парите се надвор од Македонија, после другото е лесно за нив, ќе ти чукнат на врата па после ти ќе си докажуваш од каде ти се и како си дошол до нив, али се зависи и до сумата, активно да вадиш секој месец е ризик, барем за мене е, поарно би отишол до УЈП и би прашал што како, башка на се и процентот не е голем, 10%, во другите држави е поголем, за тој процент барем ќе имаш мирна глава.
 
Член од
6 мај 2014
Мислења
647
Поени од реакции
1.184
Доволно за нив е да видат дека парите се надвор од Македонија, после другото е лесно за нив, ќе ти чукнат на врата па после ти ќе си докажуваш од каде ти се и како си дошол до нив, али се зависи и до сумата, активно да вадиш секој месец е ризик, барем за мене е, поарно би отишол до УЈП и би прашал што како, башка на се и процентот не е голем, 10%, во другите држави е поголем, за тој процент барем ќе имаш мирна глава.
Како мислиш 10% не е многу? Со кое право ми се даночат пари кои не се заработени во оваа држава? Со што е оваа гнасна дупка заслужна за парите кои сум ги заработил на друго место, за овде да им платам данок? За да пумпаат неписмени идиоти во администрација и да си градат бирачко тело?

Еден посран денар нема да им дадам.
 
Јас сум македонски државјанин со сметка во странство. Активно дур сум во МКД редовно вадам и не така мали суми. Никој нит ми дошол нит ме прашал нешто. И да дојде треба да докаже дека тоа е моја сметка а не на некој друг со исто име ко моето. За да докаже мора ме идентификува банката во која ми е сметката. Со среќа нека им е таа работа во мојот случај
 
Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
Како мислиш 10% не е многу? Со кое право ми се даночат пари кои не се заработени во оваа држава? Со што е оваа гнасна дупка заслужна за парите кои сум ги заработил на друго место, за овде да им платам данок? За да пумпаат неписмени идиоти во администрација и да си градат бирачко тело?

Еден посран денар нема да им дадам.
Во другите држави мислам дека е многу повеќе од 10%, некаде е дури и по 40%. За секој фриленсер е пекол ова со даноциве, но тоа е што да се прави. Баш поради тоа што државава е дупка ќе направи се за да се наплни буџетот, нема да ме чуди утре ако почнуваат да чешлаат трансакции од неколку стотици евра или долари, небаре малку е тоа што огромни суми се внесуваат во држава поради тие фриленсери...

Него фино лепо си има дупки за да не се оданочуваат парите од ПејПал, сигурен сум дека има и за Скрил, само треба да бараш.[DOUBLEPOST=1406810109][/DOUBLEPOST]
Јас сум македонски државјанин со сметка во странство. Активно дур сум во МКД редовно вадам и не така мали суми. Никој нит ми дошол нит ме прашал нешто. И да дојде треба да докаже дека тоа е моја сметка а не на некој друг со исто име ко моето. За да докаже мора ме идентификува банката во која ми е сметката. Со среќа нека им е таа работа во мојот случај
Не сум многу запознаен со ова, али некаде прочитав дека е забрането да имаш сметка во странство?
 
А

Атлантист

Гостин
Во другите држави мислам дека е многу повеќе од 10%, некаде е дури и по 40%. За секој фриленсер е пекол ова со даноциве, но тоа е што да се прави. Баш поради тоа што државава е дупка ќе направи се за да се наплни буџетот, нема да ме чуди утре ако почнуваат да чешлаат трансакции од неколку стотици евра или долари, небаре малку е тоа што огромни суми се внесуваат во држава поради тие фриленсери...

Него фино лепо си има дупки за да не се оданочуваат парите од ПејПал, сигурен сум дека има и за Скрил, само треба да бараш.[DOUBLEPOST=1406810109][/DOUBLEPOST]

Не сум многу запознаен со ова, али некаде прочитав дека е забрането да имаш сметка во странство?
Знаеш ли колку пари се префрлаат на наши сметки од иселениците? Таман работа и тие пари да ги одданочуваат. Не можат да знаат дали се тие пари заработени или поклон.
И не го плаши човекот, никој до сега не отишол во УЈП да ги пријави тие пари, а ако отиде секако ќе му речат дека треба да плати.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom