Тутунот од типот Вирџинија зошто е забранет во Македонија?

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
по одамна читав дека по '45-та во бившата СФРЈ,како прва резерва или почеток на капитал е земен македонскиот тутун.Значи висока вредност за гаранција и платежни вредности за почеток на една држава.А сега како што спомна некој погоре да неможеш струја и дрва да купиш од одгледување на тутун(или било кој друг земј.производ).Многу се изменети вредностите и тоа мора да претрпи измени во корист на земјоделецот и оние култури кои имаат силни вредности на странскиот пазар а се забранети или контролирани со некакви застарени закони..По мене очигледно се измешани лонците.На пример зошто административецот да зема поголема плата од земјоделецот?Ако земјоделецот ја добие вистинската цена на производот ќе напреднеме многу во смисол на личниот буџет како и подобриот квалитет на производот и други добивки за државата..Сметам дека е потребно ревидирање доколку постои и таква можност да повече не се уништува земјоделецот и да конечно земјоделскиот труд си ја добие вистинската цена.
....првите легални девизни пари од извоз на НЕШТО.... ФНРЈ (Федеративна Народна Република Југославија) ги им земено од тутунот и од свилениот конец од Македонија , катранот од афионот не го спомнувам, иако отсекогаш бил СТАВКА . Херцеговскиот тутун стасал дури другата реколта, а за бакарот од Бор и оловото од Трепча им требело може уште една-две години.... Друго и немало баш многу интересно за извоз тогаш... ;)
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
A зошто таков одговор очекуваш од форумаш? Зошто за тоа не ги прашаш Јанко, Сарма, Анета и други истакнати новинари на кои тоа им е работа, да истражат поради кои причини овој вид тутун е забранет, кога е забранет и од кого е забранет?
А зошто па да не очекувам? Од толку луѓе сигурно има некој што знае и ете бев во право. Која е поентата на форумот ако ги прашувам најчевска и героски и други експерти во случај да немам одговор на некое прашање? И не ме интересира толку за да праќам специјални дописи до новинари и министерства за да добијам одговор.
Патем не ја отворив јас темата.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Еве ги одредбите од Законот за тутун:
Член 6 Со производство на тутун можат да се занимаваат физички и правни лица (производители) врз основа на договор за производство и откуп на тутун склучен со правен субјект регистриран за откуп и обработка на тутун (откупувач). Член 7 Производителот пред да склучи договор за производство и откуп е должен да го пријави производството на тутун од производната година најдоцна до 1 март во тековната година во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство според местото на производство. Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на еден член од семејството - производител на тутун му издава заверен картон за сите катастарски парцели на кои ќе произведува тутун. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ги пропишува образецот, содржината и начинот на издавање на картонот од ставот 2 на овој член. 3 www.pravdiko.com Член 8 Производителите на тутун се должни да употребуваат сертифициран семенски материјал (семенски материјал) од откупувачите на тутун, а обезбеден од регистриран производител на тутунско семе, согласно со закон. Откупувачот е должен репроматеријалот (семенски материјал и заштитни средства), да ги обезбеди без надоместок на тутунопроизводителите. Член 9 Откупувачот на тутун е должен секоја производна година до 30 јуни до подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство одговорна за подрачјето на производството, да го пријави договореното производство на тутун за тековната реколта. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство го пропишува начинот на пријавувањето, формата и содржината на образецот на пријавата за договореното производство на тутун. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство води евиденција за договореното производство на тутун, за тековната реколта. Член 10 Производителот на тутун е должен, целокупниот произведен тутун да го продаде на откупувачот со кој склучил писмен договор за производство и откуп на тутун, а откупувачот е должен да го откупи истиот, под условите предвидени со договорот. По исклучок од ставот 1 на овој член производителот може да го продаде тутунот на друг откупувач ако договорот е раскинат под условите предвидени со овој закон. III. ДОГОВОР ЗА ПРОИЗВОДСТВО И ОТКУП НА ТУТУН Член 11 За производство на тутун, производителот склучува договор за производство и откуп на тутун (договор) со откупувачот на тутун. За производство и откуп на тутун за една производна година и едно исто производство, производителот не може да склучи договор со повеќе откупувачи. Член 12 Договорот се склучува во писмена форма. За содржината на договорот, откупувачот е должен да побара мислење од највисоката асоцијација на тутунопроизводителите. Откупувачот не смее да склучува договор за количини на тутун за кои производителот има склучено договор со друг откупувач за една производна година и едно исто производство. Секој откупувач во заверениот картон на производителот го впишува и заверува со печат бројот на договорот и договорената количина. Со производителот кој ќе нема заверен картон од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не може да се склучи договор. Договорот се склучува најдоцна до 31 мај во тековната година. 4 www.pravdiko.com Член 13 Договорот од членот 12 на овој закон особено содржи: - договорни страни, - предмет на договорот (површина, катастарски парцели, тип, сорта), - откупна цена на тутунот по класи, - времетраење на договорот, - права и обврски на договорните страни, - начин и рок на исплата на откупениот тутун, - одредби за еднострано раскинување на договорот, - одредби за пренос на договорот, - одредби за евидентирање на договорот, - место и време на склучување на договорот, - авансот и начинот на авансирање и - заштита на тутунскиот расад и тутунот на нива од болести и штетници. Член 14 Авансот од членот 13 на овој закон не може да биде понизок од 15% од просечната откупна цена за договорениот тип постигната во претходната година. Авансот од ставот 1 на овој член се засметува при исплатата на откупениот тутун. Начинот на авансирање на производството се регулира со договорот. Член 15 Договорот се склучува за годишната реколта, а може да биде склучен и за повеќе производни години. Доколку договорот е склучен за повеќе производни години за секоја производна година, правата, обврските и другите прашања се уредуваат со анекс на договорот за производната година. Член 16 Преносот на договорот направен од едната или другата страна е полноважен, ако со тоа се сложи страната која останува во договорот. Согласноста за преносот на договорот е полноважна, ако е дадена во писмена форма. Преносот на договорот од ставот 1 на овој член се пријавува во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство одговорна за подрачјето на производството. Член 17 Договорот престанува: - со исполнување, - со истекот на времето на кое е склучен, - со заемна согласност на договорните страни, - со еднострано раскинување и - по сила на законот. 5 www.pravdiko.com Член 18 Производителот и откупувачот може еднострано да го раскинат договорот под услови и на начин определени во договорот. Производителот има право да го раскине договорот, ако за откупувачот има отворено стечајна постапка или е под стечај или е во ликвидација. Раскинувањето на договорот од членот 17 алинеја 3 и ставовите 1 и 2 на овој член, про- изводителот и откупувачот го пријавуваат во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство одговорна за подрачјето на производството. Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство одговорна за подрачјето на производството, во картонот го впишува и заверува со печат раскинувањето на договорот. Член 19 За штетата и нејзиниот надомест кој настанува поради едностраното раскинување на договорот се одговара според општите правила за одговорност на штета.

http://www.pravdiko.mk/wp-content/uploads/2013/11/Zakonot-za-tutun-i-tutunski-proizvodi-21-02-2006.pdf
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.608
накратко не смееш да произведеш нешто за што немаш договорен пласман. Прашањето е како да произведеш нешто за што никој не ти дава опција да потпишеш договор за откуп. Кога немаш откуп автоматски правиш криминал односно производство на забрането растение.
 
Член од
29 август 2011
Мислења
47
Поени од реакции
22
Интересно ми е како тоа досега нити едно здружение не крена глас за оваа работа, како никој не рече дајте бе луѓе да произведуваме видови на тутун за кои се плаќаат сериозни пари и за кои има голема побарувачка. А како факт знам дека има едно чудо земјоделски организации, асоцијацији и што ти знам повеќе. Дополнително никој не се ни има збунето, кренато глас против монополот со одкупот на тутун во Македонија!? Што треба да се случи за да се овомозжи сободен одкуп на тутунот во Македонија? За ситуацијата со афион не сум запознает што и како е ситуацијата моментално во Македонија, така да нема што да речам на таа тема освен дека мојата фамилија во време на Југослаавија одгледувала афион кој бил добро платен и се разбира под строга контрола на властите што и е во ред. Како да е земјоделците, со акцент на тутунарите, се благо речени сјебани од сопствената држава безразлика кој е на власт.
 
Друже пак не сфати што е работата со цената.
Ориенталниот (овој нашиот, тип Прилеп/ 23ка/ 66ка/ Јака...) е ПОСКАП од крупнолисниот но тука е со НАМЕРНО девалвирана откупна цена! Кога комбинатите го земат за безпари, го ферментираат, сомелат итн и го продадат некаде во светот преку берза (трговско наддавање) тој е „ЖОЛТО ЗЛАТО“ Тој во реалност е ПОСКАП по единица мерка за количина од крупнолисниот. Крупнолисниот не се одгледува на мало. Тој треба хектари и хектари парцели со непрестан доток на вода.

Како што реков нема закон кој забранува одгледување но има закон да не одгледуваш нешто за што немаш договор а бидеќи НАМЕРНО никој не ни нуди договор за таков тутун ти ако насадиш ќе направиш криминал. Исто е со афион, порано имало откуп затоа било дозволено, сега нема откуп и автоматски садиш без пласман односно на црно што е криминал. Овие растенија не се домат, пиперка, грозје па да се за лична употреба и јадење, ова се индустриски растенија за кои има други прописи...

Нешто заборавив да повторам. Ако здружение побара да се почни со производство и недај боже дозволат знаете дека со сегашната откупна цена на ориенталнио цената за крупнолистнит нема да е поголема од 50-60 денари најквалитетен?
 
Последно уредено:

Испаѓа дека навистина не сум сватил за што се извинувам што со должно внимание не сум го дочитал твојот риплај. Еве и потврда на твојот муабет http://tera.mk/zoshto-tutunot-virdhinija-e-nelegalen/ Али ај настрана афионот за кој има разлилни аргументи, за тутунот не би требало тоа да биди така безразлика што се класифицира во индустриско растение. На крајот на денот овие кои ја одгледувала вирџинијата сигурно не планираат да правата наркотици од нив. А и очигледно има пазар и побарувачка за него а и овие кои го саделе испаѓа дека имале голем есап. Е сега по логиката на законот ако јас направам фирма за одкуп на вирџинија тој ќе стани легален и со тоа производството ќе стани легално?!
 
Ако ти дадат лиценца за работа, обезбедиш гаранции за откуп итн работи од типот подмачкувања и слично да, би требало ама чисто сумљам зошто најверојатно имаш слушнато како за грдажна, фармацефтска ... така и за тутунска мафија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom