Тутунот од типот Вирџинија зошто е забранет во Македонија?

Член од
29 август 2011
Мислења
47
Поени од реакции
22
Живо ме интересира зошто оваа врста на тутун во Македонија е забранета за производство како и зошто има толкава цена на пазарите (наводно до 10 евра по килограм). Во исто време овие врсти кои се произведуваат моментално кај нас достигнуваат цена одвај две до три евра по килограм? Незнам многу за темата ако има некој поупатен молам нека објасни!
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Живо ме интересира зошто оваа врста на тутун во Македонија е забранета за производство како и зошто има толкава цена на пазарите (наводно до 10 евра по килограм). Во исто време овие врсти кои се произведуваат моментално кај нас достигнуваат цена одвај две до три евра по килограм? Незнам многу за темата ако има некој поупатен молам нека објасни!
СЗО, во ноември треба да расправа по предлогот за забрана на производство на цигарите бленд, кои се прават од тутуните „вирџинија“, „берли“ и од ориенталниот тутун, информираа денескана прес-конференција од македонското здружението на производители на тутун.

веројтно не е здрав. Другиве се ептен здрави.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Од кај ти информција дека е забрането?
Тутунот вирџинија има особина да се суши вештачки во сушници. Тоа се огромни лисови кои не можат да се сушат на сонце. Затоа не се одгледува - немаме „ технологија “

Еве реклама да си купиш семе
http://www.seeds-gallery.com/sr/duvan-seme-virginia-gold.html
 
Последно уредено:

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.607
Умре Тито, ко покрадоа тутунски, ја стопија цела опрена за старо железо и некои се направија газди!

Инаку прашање за авторот дал воопшто знаеш што си пишал и што е ова што си пишал?
Дал знаеш разлика од откупна цена за смртници и цена на берза?
Дал знаеш дека во обична цигара има 95+% крупнолисен и -5% ориентален тутун?
Дал знаеш дека што имаше во Прилеп до пред 15-20 години?

Научи се за ова па врати се во темава вака со муабет вирџиниа е 10 евра а ориентален 2-3 џабе ќе правиме муабет.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.526
Поени од реакции
5.708
Искрено, и мене ме интересира зошто официјално е забранет Вирџинија во МК ? ( Неофицијално можам да претпоставам, пошто се спомнуваат големи пари во игра )

Од она што може да се најде на нет, се работи за тутун кој порано се произведувал во Македонија, значи има можности и традиција, тутун кој има повисока цена за 3-4 пати од другиот, а од друга страна во производство учествува со над 80% и кај нас се увезува ?

2 милиони евра заработка од нелегален тутун
Одземени 10 тони нелегално произведен тутун
Уништени нелегални насади од тутунот „вирџинија“
Нелегален тутун


И, ако им се точни информациите на новинарите окулу сумите, дека од 1 ха се заработува 20,000 евра, дајте петиција сите да го работиме. Ј*беш пиперки, кромид и остало.....
 
Член од
29 август 2011
Мислења
47
Поени од реакции
22
Се сложувам со се што рече Mister No! Заеби фриленсинг и се останато, за тие пари и јас идам садам тутун и ич не ми дремит :) ....има секаде да кажувам дека сум профеисионален одлгедувач на тутун
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.526
Поени од реакции
5.708
Aбе со песна ќе садам, може Рацин да се превртува во гроб....
 
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
сигурно големи пари се во игра и зошто народот да ги зема тие пари кога можат неколку луѓе да си ги делат. што е точно како е не знам, но знам дека кај нас ништо не се произведува доволно, се се увезува и изгледа некому многу му одговара тоа, затоа што без мака само од увоз прави огромни пари.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Умре Тито, ко покрадоа тутунски, ја стопија цела опрена за старо железо и некои се направија газди!

Инаку прашање за авторот дал воопшто знаеш што си пишал и што е ова што си пишал?
Дал знаеш разлика од откупна цена за смртници и цена на берза?
Дал знаеш дека во обична цигара има 95+% крупнолисен и -5% ориентален тутун?
Дал знаеш дека што имаше во Прилеп до пред 15-20 години?

Научи се за ова па врати се во темава вака со муабет вирџиниа е 10 евра а ориентален 2-3 џабе ќе правиме муабет.
Се кажа и ништо не кажа. Човекот си праша а ти му враќаш со прашања. Па дај кажи не не држи во неизвесност. Зошто е забранет ако знаеш?
 
Z

zlaki

Гостин
да не ја менувам темата за тутунот вирџинија но би можело да се вброји и афионот како култура која ја имало во Мк и дава одличен квалитет и доста е скап за фармацевтската индустрија а исплатлив за одгледувачот.Треба овие култури пак да заживеат.И зошто вирџинија е забранета во Македонија и од кога.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Забрането е садење без дозвола, односно продажба на црно ама официјално дека широколисниот е забранет во Македонија, тоа првпат слушам.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.625
Поени од реакции
7.661
Се кажа и ништо не кажа. Човекот си праша а ти му враќаш со прашања. Па дај кажи не не држи во неизвесност. Зошто е забранет ако знаеш?
A зошто таков одговор очекуваш од форумаш? Зошто за тоа не ги прашаш Јанко, Сарма, Анета и други истакнати новинари на кои тоа им е работа, да истражат поради кои причини овој вид тутун е забранет, кога е забранет и од кого е забранет?
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
хммм, а се запрашал ли некој зошто тутунските откупни точки и "комбинати" народ ги викаше и уште вика МОНОПОЛОТ???? Мислам дека во таа грмушка лежи зајкото кој ги има одговорите на тутунските прашања...:)
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.607
Ај малку гимнастика на мозок. Ориенталниот е далеку поскап НО кога имаш договор од компаниите да го одкупуваат по таа цена едноставно тие се цените и мораш да предадеш кај нив. Кога произвидеш нешто што нема легален откуп мора да дадеш на црно и затоа цената е поголема односно ниту тие може да легално го користат ниту ти може да добиеш пари преку банка. Проста математика ако се дозволи фирмите да откупуваат вирџинија таа е далеку по исплатлива и по проста за работа од ориентален а да речеме има цена 100 денари кило затоа што е една берба а ориентален има 4-5-6+ берби значи и цената треба да е толку пати поскапа. Монополски кога имаш забрана за откуп на поевтиното ти поскапото го купуваш по цена на поевтиното.

Зошто мислите дека порано од две години тутун садење 4 члена фамилија правела цела куќа а сега од две години тутун не може струјата и дрва за тие две години да си ги платат. Ориенталниот е намерно обезвреднет за смртниците додека на светски берзи тутунот си ја има вистинската цена со тоа што голем дел од разликите на откуп до продажба ја зема нашата ни мила држава.

Тутунот како тутун е ист во светот но цените се креваат зависи од светската развиеност и вредност на парите. Само кај нас цената на тутун е иста 20 години. И тогаш ако ти помини 150 треба да си среќен и сега ако земиш 90+60 субвенција треба да си среќен. Таа субвенција е чист маркетинг. Тоа се пари кои ако цените на тутунот се само малку пореално треба да се во повисоки откупни цени НО НЕ, овие нашиве паметни прават намерно туркање на цена па со демек субвенција „државата“ се саморекламира дека еве ние помагаме иако државна регулаторна комисија ги поставува цените на тутун. Па ај нека кренат откупна прва класа 500 и секоја класа надолу со разлика по 100 и кога производителот ќе земе 350-400 денари по кило нема да му биде гајле за тие 60 ама така нема да има вртење розови вести пред избори.

Да знам дека се разпишав многу ама молам не ми оправајте бабини деветини ако врска немате што е зеленоморска мака а слабо стоите со читање на Тутуноберачите од Кочо Рацин...[DOUBLEPOST=1439975032][/DOUBLEPOST]
A зошто таков одговор очекуваш од форумаш? Зошто за тоа не ги прашаш Јанко, Сарма, Анета и други истакнати новинари на кои тоа им е работа, да истражат поради кои причини овој вид тутун е забранет, кога е забранет и од кого е забранет?
Накратко никогапш не бил ни дозволен за обични производители. Го садеа само МОНОПОЛИТЕ на државна земја со аргати за берење кое е еднаш. Вирџинија се сади, се наводнува скоро 24/7 (ептен ако врни се престанува), се наорува со специјална опрема наместо копање со мотика, и по 3 месеци се бери од корен до врв. Човек не влегува во нива додека на оринтален ако не му се напупунчиш по 5+ пати над иста грутка летото не гледаш ништо...[DOUBLEPOST=1439975325][/DOUBLEPOST]
Забрането е садење без дозвола, односно продажба на црно ама официјално дека широколисниот е забранет во Македонија, тоа првпат слушам.
Ниеден македонски комбинат нема дозвола за откуп, читај ниеден нема побарано да отвори откуп на крупнолисен затоа што ако отворат таку народот ќе бара да сади таков. Со тоа ориенталниот ќе мора да крени цена (поради далеку по сложената обработка и производство) и да им земи од златото на компаниите затоа што таа цена на светски берзи си ја имаат и сега но оди во џеб и за државата.
 
Последно уредено:
Z

zlaki

Гостин
по одамна читав дека по '45-та во бившата СФРЈ,како прва резерва или почеток на капитал е земен македонскиот тутун.Значи висока вредност за гаранција и платежни вредности за почеток на една држава.А сега како што спомна некој погоре да неможеш струја и дрва да купиш од одгледување на тутун(или било кој друг земј.производ).Многу се изменети вредностите и тоа мора да претрпи измени во корист на земјоделецот и оние култури кои имаат силни вредности на странскиот пазар а се забранети или контролирани со некакви застарени закони..По мене очигледно се измешани лонците.На пример зошто административецот да зема поголема плата од земјоделецот?Ако земјоделецот ја добие вистинската цена на производот ќе напреднеме многу во смисол на личниот буџет како и подобриот квалитет на производот и други добивки за државата..Сметам дека е потребно ревидирање доколку постои и таква можност да повече не се уништува земјоделецот и да конечно земјоделскиот труд си ја добие вистинската цена.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom