Турнир во мал фудбал "ПЕТРОВДЕН" Мешеишта !

Член од
2 октомври 2011
Мислења
841
Поени од реакции
504
Во селото Мешеишта и оваа година по 41. пат ќе биде одржан традиционалниот турнир во мал фудбал “Петровден”.

Пријавувањето е во тек и ќе трае се до 19.06.2015 година (Петок) до 22:00 часот, а вашето учество може да го резервирате кај лицето Крцоски Игор – Манце на телефонскиот број: 075/ 701-800.

Учеството на турнирот изнесува 3.000 денари, а ждрепката за распоред на екипите во групи ќе се врши на 20.06.2015 година во 21:00часот во Домот на Култура во Мешеишта. Натпреварите ќе се играат во вечерните часови под рефлекторско осветлување, а фондот на наградите ќе биде соопштен на денот на влечењето.

Турнирот ќе се одржи од 21.06.2015 година до 12.07.2015 година.

Се молат сите заинтересирани екипи да го запазат рокот за пријавување, во спортивно по изминатиот рок пријавувањето нема да биде прифатено.

turnir.jpg

Турниров има и своја фб страница но и свој вебсајт.
https://www.facebook.com/TurnirPetrovden?fref=ts
Еве линк од фб страницата каде можете да видите и слики од претходните години и слики од теренот.
http://turnir.meseista.mk/
А еве го и вебсајтот на кој секојдневно ке бидат објавувани натпреварите и резултатите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom