Турнири во мал фудбал

Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
Секоја година во нашава држава се одржуваат турнири во мал фудбал,било Новогодишен/Божикен или Летен Турнир. Фондовите за награди се доста добри,настапуваат познати играчи од Македонскиот фудбал и други фудбалски работници.

Како најорганизирани и најмасовни турнири можам да кажам дека се турнирите "Илиден" во Ново Село,Струмичко и "Тихо" Миравци,Гевгелиско.

Турнирот "Илинден" секоја година е се помасовен и помасовен,а учество земаат и екипи од соседна Република Бугарија,оваа година дури 7 екипи ако не се лажам.Секој ден на локалната телевизија ВИС се пренесува по 1 дерби натпревар(доколку сакате да проследите некој натпревар и да видете каква е организацијата кликнете на линков и секој ден од 16.30 има пренос од некој натпревар).Учествуваат играчи што настапуваат за професионални футсал екипи од Македонија,репрезентативци и т.н. Турнирот има и официјална страница која секој ден се апдејтира(update). www.ftilinden.com

Турнирот "Тихо" исто така е доста масовен и убаво организиран турнир,кој се одржува во чест на прерано починатиот Тихомир Костадинов,кој бил голем љубител на фудбалот. Исто така и на овој турнир настапуваат познати фудбалери од државава. Овој турнир се одржува од далечната 1989 година. Повеке за него на:
http://www.tiho.com.mk/


Ова беше како инфо за овие 2 турнири,кои според мене се најдобро организирани и најмасовно посетени.

Дали некој од вас има учествувано/учествува на ваков турнир некаде во државава? Дали имате освоено некоја награда и каква?

Ако имате информации за некој турнир некаде во вашето населено место,постирајте информации,посетеност награден фонд и т.н


Јас лично имам настапувано на повеке турнири,имам освоено 3ти места и парични награди. Последен пат освоивме 3 место на Новогодишно/божикниот турнир во Струмица,кој беше доста јак турнир со доста јаки екипи.
Имам настапувано и на турнирот во Ново Село.


It's your turn :smir:
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.692
Поени од реакции
4.520
Во Велес сега заврши победи Црна река 100 000 денари,второ Куманово 50 000,трето Жито Маркети 30 000 и четврто Снупи (Хенис репрезентацијата) 10 000.
Добар турир се повеќе и подобри екипи од година на година и фонтот го качуваат.
 

Falcao

rossonero per sempre
Член од
28 мај 2008
Мислења
1.986
Поени од реакции
561
Во Велес сега заврши победи Црна река 100 000 денари,второ Куманово 50 000,трето Жито Маркети 30 000 и четврто Снупи (Хенис репрезентацијата) 10 000.
Добар турир се повеќе и подобри екипи од година на година и фонтот го качуваат.
Јас играв за нив. 30 000 кој ти ги дава:) Се игра 4+1

Инаку имаше и турнир у Пирава, Гевгелиско ... Награден фонд беше:
1. 100 000
2. 50 000
3. 30 000
4. 10 000
И таму буцнавме 30 000 , трето место :)
Се игра 5+1

У Ново Село играме ама јас не се нафатив за таму да одам, преморен сум, другарите мои играат. Спонзор им е спонзорот на турнирот: ПЛОДОВИ ФРУТИС мислам дека беа. И од 3 имаат три победи.

У Миравци отпаднавме во групите, немавме играчи. Кој на одмор, кој повреден и така ...
И разбрав дека по заврпувањето на групите ќе има гласање од останатите екипи дали да продолжат да се игра по истите правила 5+1 и 5ка фудбал или да се воведе 4+1 со мало фудбалче шо не скака.

Исто така има и турнирче во едно Велешко село, Дурфулија. Прво место е 60 000 у недела играме финале ...:vozbud:
Има турнир у Св. Николе, Валандово, Јосифово, ама за разлика од горе наведените се каде каде послаби.
 

Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
Во Охрид знам има многу турнири премногу :helou: и во Г.Лисиче имаше пред некој мерсец
 

Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
Повекето турнири се одржуваат на асфалт(на цимент). Дали знае некој дали има некаде каде што се игра на вештачка трева или нешто слично?

Инаку на поголемите турнири,наградниот фонд е скоро ист на сите турнири.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Има кај нас турнир у Валандово..Мислам дека прва награда е 50,000..Иначе турнирот е крстен Петровден(панаѓур у Валандово е на петровен) и се игра во тоа време 20 јуни-13 јули,ама знае и покасно да заврши..Оваа година го освои Ада-Пром Валандово(фала боду валандовска екипа):baeh:
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.503
Поени од реакции
6.129
Турнирот во ново село е можеби и најдобриот турнир во земјава.Стварно добар е но и таму како и на останатите турнире се местат натпревари :toe:
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.533
Поени од реакции
1.515
во Скопје има ли некои турнири?
 

tufekciev

Барсa <3
Член од
6 февруари 2009
Мислења
2.242
Поени од реакции
802
Св. Николе ...

1. 40. 000 ден.
2. 20. 000 ден.
3. 10. 000 ден.

:smir:
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.554
Јас имам играно на турнир.И многу е интересно играш за пари поз.:back:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.334
Поени од реакции
57.898
Секоја година се игра турнирот во Враништа. Тоа е на 3-4 км од Струга (од таму е репрезентативецот Игор Митрески). Се игра секоја година скоро месец дена, започнува во мај а завршува секогаш на 2-ри јуни (Св.Никола).

Имињата на екипите се од локални фирми/спонзори од крајбрежјето, а за подобрите екипи играат фудбалери кои настапуваат или настапувале во првата и втората фудбалска лига.

Еве краток историјат.

Еве и информација од финалето оваа година.

Има и други вакви турнири во Струшко но овој е најреномиран и најодбро организиран од сите.
 
Член од
6 март 2009
Мислења
979
Поени од реакции
853
Турнир Нова Колонија 2009
Овој турнир cе одржува по 5 пат и cтанува cе помаcовен
Иначе Наc. Нова Колонија cе наоќа во општина Гази Баба поточно пред затворот КПД Идризово
Cе игра 4+1 на бетон
Овој турнир е еден од најорганизираните во Cкопје
Турнирот започнува на 15 авгуcт а трае до 8 cептември
За ден-два ке објавам cе подетално
Позз ☻
 
Член од
6 март 2009
Мислења
979
Поени од реакции
853
5ти Традиционален турнир во мал фудбал во
наcелба Нова Колонија !
Од 15.08.2009 до 08.09.2009 во наcелба Нова Колонија по 5ти пат ке cе одржи турнир во мал фудбал под рефлектори !
Cите заинтереcирани љубители на фудбалот можат да земат учеcтво !
Cекој екипа може да пријави најмалку 6 ,а најмногу 10 играчи !
Натпреварите ке cе играат по cиcтем 4+1 !
Учеcтво од екипа е 2000 денари !
Награди ке има за I меcто, II меcто, III меcто , и награди за публиката !
ПРИЈАВИ ЕКИПА БИДЕТЕ И ВИЕ CО НАЈДОБРИТЕ !

Пријави :
Kриcтијан Гари - 072-254-080
Цобе - 072-244-890
Ице - 070-531-866






------------------------------------------------------------------------------------
Малку инфо :
Наcелбата Нова Колонија cе наоќа во општина Гази Баба пред затворот КПД Идризово !
Турнирот cе одржува по 5ти пат !
Доcегашни победници :
2005- Руcки Чај
2006- Филип II
2007- Нова Колонија
2008- Коцкари
2009 - ?
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Веќе 5 - 6 години во Карпош 1 во основното училиште Христијан Тодоровски - Карпош се одржува турнир во мал фудбал. Првите години беше помал, ама заднив има многу екипи и се игра за повеќе пари.
Точно сумата не ја знам, ама ако дознаам ќе пишам, а се игра на крајот од август и почеток од септември.
Мислам дека е во чест на еден поранешен навивач на Вардар кој не е жив веќе, но не сум сигурен.
 

TheOther1

Interista Per Sempre!
Член од
25 ноември 2007
Мислења
1.346
Поени од реакции
484
Еве веќе 6-та година каде се одржува турнир во мал фудбал во Велгошти (Охридско)

По повод празникот Св.Петка се одржува турнир во мал фудбал во Велгошти.
Турнирот започнува на 17.07.2009.

Награди за освоените места:
1. 50.000ден.
2. 30.000ден.
3. 18.000ден.
4. 6.000ден.

Награди исто така ќе има и за најдобар играч и за најдобар голман на турнирот.

Учество 3000ден.

http://mk.velgosti.com/index.php/sport/fudbal.html?task=view

Досегашни победници на турнирот:
1. Враништа
2. Враништа
3. Чанди Компани
4. Ритам
5. Спаски Трејд - Пердул


Победничката екипа Екипата "Ритам" Победници на Традиционалниот Велгошки турнир во мал фудбал за 2007 Година
(инаку да се пофалам и јас играв во екипата на Ритам...лево-горе-третиот во бела маица :back:)


Прво Место Спаски Трејд (Велгошти Турнир 2008)

*Инаку вечерва (07.08.2009) се игра финалето во Велгошти помеѓу екипите на Спаски Трејд - Пердул против Скопско. ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom