Тука коментираме книги

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Зошто читаш секташки книги ?? :)
А што е секташка книга според тебе?

Нема врска книга ко книга уметничко дело, ако сакаш да спориме нешто околу нејзе земи прочитај ја, зошто вака со етикети не бива.Паметниот човек прво проверува па после зборува.
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
А што е секташка книга според тебе?
Епа рече дека читаш книга од Л.Рон Хабард.
Хабард е лудак(медицински ментално болен) и основач на секта по име скиентологија или дијанетика. Само што не се претставува како секта, туку некое "философско учење кое помага на луѓе" :pos: а всушност е лоповско друштво за перење мозок и крадење пари.
Прогуглај и ќе видиш што е како е во врска со сектата.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Епа рече дека читаш книга од Л.Рон Хабард.
Хабард е лудак(медицински ментално болен) и основач на секта по име скиентологија или дијанетика. Само што не се претставува како секта, туку некое "философско учење кое помага на луѓе" :pos: а всушност е лоповско друштво за перење мозок и крадење пари.
Прогуглај и ќе видиш што е како е во врска со сектата.
А имаш прочитано нешто од него?
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
А имаш прочитано нешто од него?
Не морам да читам книги психологија напишани од човек што врска нема со тематиката за која пишува.
Убаво ти реков, прочитај малку за Л.Рон Хабард и неговите гомнарии, па после читај ги книгите негови.
Да не ја должиме, има тема за скиентологија во подфорум Филозофија мислам.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Една од поинтересните книги, во секој случај понеобичните кои сум ги прочитала е "Бадем". Ја препорачувам, особено на девојките. Станува збор за автобиографска исповед на една арапска жена.
Дали во оваа книга се зборува за бегството на арапската жена од прангите на општеството?Бидејќи ми препорачуваа една книга на која не и го запаметив насловот,па ме интересира дали девојката во романот ќе побегне од својата земја и ќе живее на начин на кој сака?

Ја препорачувам „Шангај бејб“ автобиографска приказна за јапонска девојка,се чита во еден здив.
Вероника реши да умре,не ми остави некој посебен впечаток:toe:напорна ми беше.
 
Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
НЕ мислам дека не си во право, Книгите на ДИТАС ИМААТ ПОУКА И ТОА ТАКВА КАКО што ни е потребна во нашево општество, ни дава една визија во какво општество живееме >>>> .. Ти ја препорачувам "СКРШЕНА ДУША "

бај д веј имам прочитано 5 6 книги од ДИТАС вистина е дека е нискокласен писател ама сепак .. има нешто прочитај ке видиш..(за вехатион)

забелешка од модератор: Ако знаеш за опцијата измени, зошто по ѓаволите пишуваш пост под пост? :toe:
скршена душа ја читав во осмо. После тоа 2 дена не се смеев. Книгата е само да те згрози и преплаши, а не гледам каква поука би применил од таму

Една од поинтересните книги, во секој случај понеобичните кои сум ги прочитала е "Бадем". Ја препорачувам, особено на девојките. Станува збор за автобиографска исповед на една арапска жена.
книгата е добра стварно. Кажува мнг за менталитетот на муслиманките

Ја прочитав. Океј е, не ништо посебно, баш онака лимонада ко што викаш ама добра е за релаксација.
Ама не би дала 500 денари за неа, не ја купив, ја читав во универзитетска библиотека и не жалам, едно искуство плус. :)
Од Јустен Гардер ,,Светот на Софија``. А ни ја не знам што му е филмот во ,,Девојката со портокали``, ни на мене не ми е ништо посебно. Ни ја не би дала 500ден.

Дали некој ја прочитал ,,Шмизла`` од Тасевски. Обично луѓево вртат глави заради насловот, ама драмите се лудило
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Мене ме интересираат коментари околу „Мајсторот и Маргарита“, ако некој ја читал да ми каже за што се работи и нешто повеќе околу книгата.
Мајсторот и Маргарита е најпознатиот роман на рускиот писател Михаил Булгаков и претставува класично дело во руската литература на ХХ век.
Булгаков го пишувал овој роман од 1928 година па сè до крајот на својот живот (1940 година). Во списанието „Москва“, во 1966 година, била објавена скратената цензурирана верзија на ова дело (12 отсто од целовкупното дело). За само неколку часа од објавувањето биле продадени 150.000 примероци од овој весник.
Романот го опишува тогашниот живот во Москва на еден алегориски и сатиричен начин. Многу критичари го вбројуват ова дело помеѓу најзначајните руски романи во ХХ век и го сметат за најдобра сатира на времето која е насочена спрема крутата бирократија на атеистичкиот Советски Сојуз.
Втората главна тема на романот е поврзана со човековите вредности и поими како што се доброто и злото, Бог и ѓаволот, животот и смртта. Прашањето за вечната игра на промена помеѓу доброто и злотом како и на надмоќта и хуманоста е во тесна поврзаност претставувањето на московскиот живот. „Мајсторот и Маргарита“ тешко може да се класифицира. Ова дело истовремено е и парабола, сатира, роман на идејата, роман на тајната и роман на модерната фантастика. Дејството е засновано врз паралелизмот на две основни линии, едната ги следи настаните во Јудеја во триесетите години н.е., а другата – настаните во Москва во триесетите години на ХХ век.
Еден ден, во придружба на разни помошници – посебно на една огромна мачка со име Бегемот – во Москва пристигнува, Воланд, ѓаволот во вид на човек од странство, уметник, професор по црна магија. Скоро потоа тој ќе предизвика мешаница во животот на градот.
Во Првиот дел се среќава еден од главните ликови – Мајсторот, огорчен автор, кој неуспехот на својот роман за Понтиј Пилат и Христос го вовлекло во таков очај што го запалил и се оттргнал од реалниот свет, вклучувајќи ја и својата љубовница, Маргарита. Главното дејство од првиот дел на романот „Мајсторот и Маргарита“ е посветено на магиската претстава на сатаната во Театрот. Вториот дел го воведува ликот на Маргарита. Таа одбива да очајува, му се придружува на Воланд и на Полноќниот Бал станува вештерка со надприродни сили.
Вторта главна линија на дејството во „Мајсторот и Маргарита“ се однесува на сторијата за Понтиј Пилат, опишана Воланд. Таа ги следи настаните во Ерусалим и се зановува на приказната за Пилатовата осуда на Јешуа (така се наведува Исус во овој роман; всушност сите имиња се изменети освен на Пилат).

Од пријател... :wink:​
 
VertigO

750ml ракија
Член од
11 декември 2008
Мислења
297
Поени од реакции
47
скршена душа ја читав во осмо. После тоа 2 дена не се смеев. Книгата е само да те згрози и преплаши, а не гледам каква поука би применил од таму
А што е со книгите на дитас? Што жанр се?

Инаку дали ја има некој читано белата масаи?! Добра книга според мене иако темата малце ме напна. Цивилизирана жена да се вљубува во некој што далеку од поимот цивилизираност ми изгледа сосема лудо.. Многу размислувања во мене побуди таа книга. Размислувања како, ако ете, по *некоја* случајност, ти се ти се побудат чувства кон човек од таква комплетно различна култура, дали би дозволила тие чуства да прераснат во нешто поголемо и да се развиат во врска брак или пак спротивното, ни на крај памет нема да џитнеш поглед на некој што е до толку различен од тебе?

Како и да е интересна ми беше книгата, можеби поради спротивните гледишта што ги имам јас кон животот и тие на главниот лик.
 
човекот пишува за случувања во Македонија кои не и се познати на јавноста ( општествени и политички) Морничави ствари во секој случај
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
А што е со книгите на дитас? Што жанр се?

Инаку дали ја има некој читано белата масаи?! Добра книга според мене иако темата малце ме напна. Цивилизирана жена да се вљубува во некој што далеку од поимот цивилизираност ми изгледа сосема лудо.. Многу размислувања во мене побуди таа книга. Размислувања како, ако ете, по *некоја* случајност, ти се ти се побудат чувства кон човек од таква комплетно различна култура, дали би дозволила тие чуства да прераснат во нешто поголемо и да се развиат во врска брак или пак спротивното, ни на крај памет нема да џитнеш поглед на некој што е до толку различен од тебе?

Како и да е интересна ми беше книгата, можеби поради спротивните гледишта што ги имам јас кон животот и тие на главниот лик.
Дитас пишува романи со низок литературен израз, значи крајно прости, со приказни кои се стопроцентно вистинити, со изменети имиња, за да си ја зачува главата на вратот. Има обелоденето потресни стории. Истите да ги обелоденеше некој писател со лексика и талент, книгиве ќе беа барем квалитетни.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Дамари од Антони де Мело е книга која се чита многу брзо и е лесна да се разбере а сепак содржи толку големи вистини.Мене ме научи да верувам во чуда,да верувам во себе,и ми дава сила да одам напред,да давам добрина,и да се смејам во животот.откако ја прочитав,станав поблагодарна личност и научив повеке да се радувам на животот
Се сложувам со Ани, Дамари е закон! Многу поучни и духовити приказни, и јас брзо ги прочитав но згрешив. Некои од нив не ги сфатив и ги прескокнав а сега гледам дека тоа биле најмудрите, бар за мене лично.
Би сакал да ја прочитам и Мудрости од песокот (суфиски приказни) од Ошо.

Морепловци од Виктор Иго. Оние што читале од Иго веќе го познаваат неговиот стил и ќе бидат колку толку спремни за оваа книга, другите што ќе ја читаат поради моја препорака малку ќе ме пцујат бидејќи Иго е тежок за читање, забегува во своите размислувања и описи нашироко, но тоа е тој.

Се зборува за млад и добродушен човек, морнар, самотник, со име Жилијат, кој живее на островот Гернзи на почетокот на 19. век, несфатен и изолиран од луѓето поради разноразни суевериа дека е демон и којзнае што, затоа што е тивок, повлечен, избегнува дружење, а всушност тоа е самотијата со која тие го имаат обвиткано. Но и тој познавајќи ги какви слепци се, ги избегнува. Жилијат се заљубува, па таткото на девојката го губи паробродот со кој печали за леб, па Жилијат тргнува во невозможна мисија, сам насред море да од полупотонатиот брод го извади моторот (тоа е еден прекрасен опис) па кога се враќа со моторот како победник, сфаќа дека девојката не го сака, сака друг, и тој, следејќи го инстинктот, како повик од природата, влегува во морето и намерно се дави во плимата.
Оваа книга ме замисли околу тоа дека најдобрите луѓе често не ги приметуваме, самотници се, и ги сметаме за чудни, па и ги мешаме со манијаци понекогаш. А и околу самоубиството како повик на природата, а не како кукавичлук се замислив, иако сметам дека е симболички повеќе, како - вистинскиот живот престанува кога човек
целосно ќе се разочара и во љубов и во луѓе. Се друго е рутина.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011
Дали во оваа книга се зборува за бегството на арапската жена од прангите на општеството?Бидејќи ми препорачуваа една книга на која не и го запаметив насловот,па ме интересира дали девојката во романот ќе побегне од својата земја и ќе живее на начин на кој сака?
Taa e книгата што ти ја збореле, но не ти ја препорачувам..
Приказната е убава, има добра поента, но е напишана со одвратен речник на зборови...
Мене ми се лошеше кога читав...
Премногу е вулгарно напишана..Барем за мој вкус..
 
Wa_sa_ka_ha_ta

свежо офарбана
Член од
16 мај 2009
Мислења
72
Поени од реакции
4
Инаку дали ја има некој читано белата масаи?! Добра книга според мене иако темата малце ме напна. Цивилизирана жена да се вљубува во некој што далеку од поимот цивилизираност ми изгледа сосема лудо.. Многу размислувања во мене побуди таа книга. Размислувања како, ако ете, по *некоја* случајност, ти се ти се побудат чувства кон човек од таква комплетно различна култура, дали би дозволила тие чуства да прераснат во нешто поголемо и да се развиат во врска брак или пак спротивното, ни на крај памет нема да џитнеш поглед на некој што е до толку различен од тебе?

Како и да е интересна ми беше книгата, можеби поради спротивните гледишта што ги имам јас кон животот и тие на главниот лик.
Искрено очекував многу повеќе од книгата „Белата масаи„ како и вториот дел „Враќање од Африка„...посебно затоа што имам патувано во Кенија, ги имам посетено Масаите и донекаде ја познавам нивната филозофија на животот. Очекував многу повеќе информации за животот на Масаите и многу по живописни информации. И двете книги се напишани многу лошо, дури во некој момент помислуваш дека е ненормална посебно затоа што кога веќе во живо ќе ги сретнеш сигурно нема да помислиш како она што го опишува нејзин Убавец и неоодолив.
Ако си заинтересирана да прочиташ нешто повеќе за животот на Масаите и за Африка а при тоа да уживаш во книгата ќе ти предложам други изданија многу подобри и поинтересни што кога ќе седнеш да ги читаш нема да ги оставиш додека не ги завршиш.
На пр.
Facing the Lion: Growing Up Maasai on the African Savanna

Whatever You Do, Don't Run, od Peter Allison
The Eye of the Elephant: An Epic Adventure in the African Wilderness, Cordelia and Mark Owens

Единствен проблем е што ги нема на Македонски јазик (барем јас ги немам сретнато)

Поздрав, и се надевам дека ќе ужуваш во нив кога ќе ги најдеш:helou:
 
Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Инаку дали ја има некој читано белата масаи?! Добра книга според мене иако темата малце ме напна. Цивилизирана жена да се вљубува во некој што далеку од поимот цивилизираност ми изгледа сосема лудо.. Многу размислувања во мене побуди таа книга. Размислувања како, ако ете, по *некоја* случајност, ти се ти се побудат чувства кон човек од таква комплетно различна култура, дали би дозволила тие чуства да прераснат во нешто поголемо и да се развиат во врска брак или пак спротивното, ни на крај памет нема да џитнеш поглед на некој што е до толку различен од тебе?

Како и да е интересна ми беше книгата, можеби поради спротивните гледишта што ги имам јас кон животот и тие на главниот лик.
Одамна е пишан постов, но ми текна дека ја имам прочитано книгава. Ај најпросто да си кажам мислење.
Темата е интересна и фино е опишан животот на таа жена додека се труди да се вклопи во таа средина на племиња. Некако како да испадна дека само таа прави компромиси и само таа успеа да се прилагоди и да живее во светот на нејзиниот маж. Ама па и дојде преку глава целото негово однесување и навики, па дојде момент кога се запраша дали воопшто го сака и што сака кај него чувствувајќи дека чувствата избледиле.
Целата таа разлика меѓу нив, нивната култура поточно, си го направи своето и се очекуваше таков крај да има книгава. Јас барем не очекував да заврши поинаку, премногу беа поинакви во се`, екстремно различни.
Ми беше интересно опишувањето како живее тој народ, каде живеат тие луѓе и што знаат за да го преживеат денот. А и нејзината сила која ја црпеше од љубовта што ја чувствуваше кон него до моментот кога ја изгуби последната надеж.
Ама преводот шо беше ужасен, беше.

walker girl напиша:
Мене ме интересираат коментари околу „Мајсторот и Маргарита“, ако некој ја читал да ми каже за што се работи и нешто повеќе околу книгата. :smir:
Ех, дури сега го читам и овој пост, па сигурно до сега некој ти ја искоментирал книгава:)
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Блудниот син од Чарлс Буковски. Негова автобиографска книга, со псевдоним Хенри Кинаски, ја опишува својата прва младост откога памти за себе се до 20. година. Несреќно детство, проблеми и неразбирања со родителите, потоа и со околината, со другите деца, малтретирање, понижување, тага, бес, болка, со повремени ретки светли моменти. Еден од тие светли моменти за него се кога се боксира со скоро професионален боксер и добива добар ќотек но успева неколку пати и тој да го удри, и сосема да заборави на болката и стравот, се опушта тотално и ужива во акцијата, ко во Фајт клаб филмот. Оваа книга наменета за сите татковци да научат како не смеат со своите деца. Можеби би била и обавезна лектира да не е вулгарна, но тогаш дали би била тоа што е... Оние што внимателно ја читале рекле дека постои нешто толку убаво и нежно во неа што како нишка се провлекува меѓу тие груби редови.
Една од најдобрите и најинтересни книги, не само според мене.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom