Тука коментираме книги

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Tи се допаднаа тебе прочитаните книги од Владимир Костов и Велко Неделковски?
Од Велко Неделковски да. Но кога бев дете скоро сѐ за деца што ќе прочитав ми се допаѓаше. До Владимир Костов, не се сеќавам. „Свадбата на Мара“ е можеби единствената книга која сум ја читал во средно на која ни на миг од дејството не се сеќававам. Малце смешно, но кога ќе ја спомнам, во главава единствена слика што ми се создава е на песната на Нулта Позитив. :pos: Од Божин Павловски исто во средно ја работевме „Вест Ауст“ и мене ми беше еден од подосадните романи, иако, кога ќе помислам малку, единствен беше што се разликуваше по мотивите од останатите македонски писатели од тие генерации. Од Душко Родев, пак, имам прочитано една драма, „Здраво седма сило“ и ми се допаѓаше.
 
Член од
28 септември 2016
Мислења
35
Поени од реакции
17
Странецот од Ками и Старецот и морето од Хемингвеј се така надпросечни со длабока мисла за овој наш свет а сепак лесни за читање во споредба со Браќа Карамазови од Достоевски. Не знам дали има поразработено дело од него. Доколку го читаш со желба и интерес ова дело ти дава една таква надоградба на твојот поглед на овој свет (не значи и преобразба, не мора во се да се сложуваш со Достоевски ниту пак да расудуваш до бескрај за некои работи за кои тој расудува), поглед со многу проширен хоризонт, со отворање на сите закржлавени пори за кои некогаш не си ни бил свесен да ги анализираш. Навистина вредат тие илјада и кусур страни и денови што ги одвоив за тоа дело.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Табернакул
2 hrs ·
Почитувани,

Ве известуваме дека од 29 октомври 2016 книжарницата Табернакул престанува со работа.

Им благодариме на сите читатели и посетители во изминатите години за лојалноста.

Телефонскиот број 3133 058 и и-мејл адресата knizara@gmail.com ќе бидат во функција и понатаму за сите Ваши барања и информации.

:place::place::place::place:
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Никогаш нема да си ја комплетирам колекцијата од Достоевски :(
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.778
Поени од реакции
7.515
Знае некој колку е книгава ? Ја видов денес во Веро ама ми беше глупо да ја вадам од полицата ептен најгоре беше ќе растурев се и цена немаше истакнато доле како на сите производи. Во Веро во Тетово има еден куп книги од поактуелните.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.046
Поени од реакции
17.711
Ја има некој прочитано книгата "Синот на управникот на сиропиталиштето"? Онака по наслов и опис ми го привлече вниманието, дали некој може да даде препорака, било позитивна или негативна :D
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Од Велко Неделковски да. Но кога бев дете скоро сѐ за деца што ќе прочитав ми се допаѓаше.
Малку доцнам со коментаров, кој веројатно е и непотребен, ама... :)
Велко Неделковски и не е така лош, барем како писател за деца (оти друго од него не сум читал), а посебно како писател за деца од Македонија. Се сеќавам на еден негов роман, „Симчо“ кој го читав како дете. Ми се допадна книгата, што е реткост, оти писателите за деца кај нас или се прелигави, или се влезени во холивудски филм, или немаат поим од пишување. Со чест на ептен ретките исклучоци (меѓу кои не се „поетите“ Тарапуза, Џамбазов и многуте слични на нив.)
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.784
Поени од реакции
6.968
Пишувам некој текст за Куцкамен од Кортасар. Како повторно да ја препрочитувам цела книга, одново се вљубувам и се ежам. Една од поентите ми е дека овој роман е игра од која не е возможно да се напушти. Така се чувствувам и кога и да го отворам романов и прочитам некоја страна.
 
M

Mr.T

Гостин
Дали некој ја има прочитано книгата „Марсовецот“ од Енди Вир преводот на македонски што е ? Ме интересира дали е добар преводот зошто во план ми е да ја купам.
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Некој да ја прочитал Потекло од Ден Браун и ако ја има дали е добра како претходните?
 
Член од
10 септември 2014
Мислења
144
Поени од реакции
91
Дали има некој да понуди..би сакал да го купам романот Село зад седумте јасени од Славко Јаневски? Ако е користена дури и пожелно е книгата да е со оној постар така да се изразам Југословенски повез...некој да понуди??
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.096
Поени од реакции
8.871
Здраво на сите, се надевам ќе се најде некој кој може да ми одговори/препорача во врска со мојата дилема.

Планирам во зимскиот период да ја прочитам Војна и Мир од Толстој. Имам 2 опции - на Англиски од Wordsworth Classics и некоја стара верзија најверојатно на Српски јазик.

Од претходно искуство имам забележано дека ваков тип на книги значајно варираат во број на страни и детаљи во различни изданија. Би ми помогнало доколку некој кој ја има читано книгата сподели искуство.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom