Имам Триглецериди испод долна граница.БТЊ работата е у тоа што барем еднаш дневно јадам месо околу 200г, пијам кафе со шекер, јадам благо, јадам тестенини...У принцип јадам се што ги качува триглецеридите. Холестеролот ми е у граници на нормала отприлика на средина.Совет како да ги качам у граници на нормалаТХЏ
... најчесто сите се жалат на покачени вредности тригицериди и начин како да ги намалат, ама ете има случаеви кога имаме состојба на ниски вредности на триглицериди!
... постојат различни видови липиди, вклучувајќи стероиди, фосфолипиди и триглицериди што телото може да го депонира и користи како енергетска резерва, а тука во овој случај таа резерва ни е ниска и само по себе тоа не е нешто загрижувачки ниту пак здравствено штетно за разлика кога се покачени тиглицеридите ,
НО важно е да „пронајдеме“ зошто се ниски тие триглицериди во телото, а не како да ги зголемиме т.е. да ја најдеме и третираме основната причина на некој здравствен проблем (скриен можеби) кој како спореден резултат дава ниски вредности на триглицериди!
велиш дека холестеролот ти е во нормала? за кој холестерол мислиш? вкупен?
кога се прави лабораториско испитување на липидниот статус се испитува следново:
- триглицериди
- вкупен холестерол
- ХДЛ или „добар“ холестерол
- ЛДЛ или „лош“ холестерол
- вкупни липиди
еве неколку опции за ниски вредности на триглицериди:
1... диета (неа не ја објаснуваме оти велиш дека јадеш калорична храна што би се рекло внесуваш и липиди)
2... често пати висока вредност на ЛДЛ „лош“ холестерол дава ниски вредности на триглицериди, така да не спомнуваш која вредност ти е ЛДЛ, оти според формулата крајно е нормален вкупен холестерол?
3... емоционални симптоми, како што се депресија, вознемиреност, раздразливост дава промена на начин на исхрана т.е. гадење од калорична „мрсна“ исхрана!
4... „масни столици“ (steatorrhea) состојба кога телото не апсорбира правилно масни материи, т.е. може да се има појава т.н. (malabsorption) телото не може правилно да апсорбира јаглехидрати, протеини или масти поради некој проблем со тенките црева, а може и некоја општа пречка во дигестивниот тракт!
5... примена на некои лекови
6... проблеми со штитна жлезда која е одговорна за регулирање на метаболизамот во човекот, конкретно состојба на хипер активна штитна жлезда или хипертиреоидизам каде имаме ненамерно слабеење без разлика од внес на храна и трошење на повеќе енергија отколку што му е потребна на човекот, а со тоа и „трошење“на триглицериди!
-се пронаоѓаш во некоја точка од гореизнесеното?