Трендови во МК медиумите од кои ни се кења

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992


Либертас единствено успеа да потврди дека посочената сметка навистина е на Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ за изборите, но не и дали пораката која ја добивме е автентична.
ама има една грешка во ПринСкринот, не е иста сметка за секој град.. за Струмица е онаа на Вицета
И шо јадеш по дома вака кога им префрлаш по цела плата? Вака ве држат да ви се вкусни сендвичите по митинзи? Па и чорба некоја треба да ви даат, запек ќе фатиш.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.801
Поени од реакции
15.719


Либертас единствено успеа да потврди дека посочената сметка навистина е на Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ за изборите, но не и дали пораката која ја добивме е автентична.
ама има една грешка во ПринСкринот, не е иста сметка за секој град.. за Струмица е онаа на Вицета

ВРОНГ !! Тука се е коректно, а друго е дали некому се допаѓа или не
Кој е проблемот? Ако ја земеме во предвид историјата на вмро, ништо чудно пораката да е автентична.
http://forum.kajgana.com/threads/Акции-на-СЈО-Генерална-дискусија.80714/page-1017#post-7889808
кој стои зад пораката ?? нема ниту потпис ниту печат, а жиросметките се општопозната работа. како може само во Крива Паланка ?? се ова е лук и вода
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.128
На 2-ри декември воспоставена линијата Охрид - Цирих, која ќе биде воспоставена на 17-ти декември од аеродромот Свети Апостол Павле во Охрид од кој ќе се реализираат авионски линии на релација Скопје - Цирих :pos:

По по по дрога А1!
http://a1on.mk/wordpress/archives/676279

Воспоставена директна авиолинија Охрид – Цирих со „Германија флуг АГ“
02/12/2016 11:34 Прегледанo: 382 пати.

FacebookTwitter

Од 17 декември годинава ќе биде воспоставена директна авио линија од Скопје до Цирих со швајцарската авиокомпанија „Германија флуг АГ“, соопшти денеска ТАВ Македонија.

Оваа дестинација веднаш ќе биде додадена на распоредот на аеродромот „Св. Апостол Павле“. Летовите ќе се реализираат во соработка со тур-операторот „Ер Приштина“, а билети веќе можат да се резервираат на интернет-страницата www.airprishtina.com.

Според договореното меѓу ТАВ и „Германија флуг АГ“, авиокомпанијата ќе оперира еднаш неделно во зимскиот ред на летање за сезоната 2016/17, а тој бројот ќе се зголеми на двапати во неделата во текот на летото следната година. Претставниците на авиопревозникот неодамна ја посетија Македонија на покана на ТАВ и се сретнаа со членови на маркетинг-одделот на аеродромскиот оператор, како и со менаџментот на „ТАВ Македонија“.

– Навистина сме среќни што оваа соработка ќе почне да се реализира и на тој начин ќе се зајакнат нашите напори за презентирање на Македонија како атрактивна туристичка дестинација и особено, едно од нејзините најубави места, Охридското езеро и градот. Очекуваме оваа рута да служи како добра врска помеѓу Македонија и Швајцарија, но и да функционира како линк меѓу Германија, особено нејзиниот јужен дел, и Швајцарија со Македонија како крајната дестинација, истакна Серкан Карахатај, маркетинг-координатор во „ТАВ Аеродроми“.

Додавањето на оваа дестинација е дел од маркетинг-активностите на ТАВ со цел да се прошири листата со летови на двата македонски аеродрома – скопскиот „Александар Велики“ и охридскиот „Св. Апостол Павле“. Неодамна, на покана на ТАВ, поголем број француски и полски тур-оператори ја посетија Македонија и Охрид со истата цел – воспоставување нови летови и зголемување на сообраќајот на охридскиот аеродром.

– Летовите од Охрид до Цирих ќе ги реализираме во име на нашиот партнер „Ер Приштина“. Пресреќни сме што нашето долгогодишно партнерство ќе го прошириме со оваа нова рута. „Ер Приштина“ и „Германија флуг АГ“ веќе соработуваат во Швајцарија на летовите од Цирих до Скопје, како и од Цирих и Женева до Приштина, вели Урс А. Пелицони, главен комерцијален директор и извршен член на одборот на „Германија флуг АГ“.

Оваа авиокомпанија, чие седиште е во Глатбруг, Цирих, е основана во август 2014 година. По првиот лет во март 2015, авиопревозникот обезбедува услуги на низа дестинации за одмор и до градови во балканскиот регион.

Освен воведување нови линии, „ТАВ Македонија“ годинава евидентира и зголемен број на патници. Во првите 10 месеци од 2016, во споредба со истиот период лани, има пораст за 16 отсто односно на двата аеродрома, „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид, е достигнат вкупен број од 1.534.591 патници. Во истот временски период бројот на полетувања и слетувања е зголемен за 11 проценти, односно реализирани се вкупно 14.406 летови.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Заев: Нема веќе судбината на тетка Зоре да ја делат болните граѓани во Македонија

Вакви наслови како тетка Зоре, баба Ѓурѓа, Дедо Столе...
Затоа што мислам дека политичариве ги заболе стапот за индивидуалните судбини.
Емотивен разговор на 100- годишна баба со Милошоски: Со сите сили да победиме, ќе победиме! (ВИДЕО)

Овие се натпреваруваат бе кој покуртонска вест ќе напише.
 

SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.859
Поени од реакции
4.791
Duri i slika\video ima od "aerodromot".

http://faktor.mk/video-ruski-avion-se-urna-ne-uspea-da-sleta

ВИДЕО: Руски авион се урна, не успеа да слета



Објавено во: Свет05 Декември, 2016



Руски авион Су-33 се урна во морето по неуспешен обид да слета на аеродромот „Адмирал Кузнецов", соопштија руски агенции, цитирајќи го руското Министерство за одбрана.

Авиони беше испратен во Средоземното Море за воените операции во Сирија.

Пилотот е катапултиран навреме и е безбеден.

Ова е втор авион, кој Русите го губат од средината на ноември, на пат кон сириските брегови.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.225
Поени од реакции
78.817
^ чудно како најпатриотскиот сајт употребува србизми, па имаме се припрема, наместо се подготвува.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.801
Поени од реакции
15.719
Најстудено и најзагадено утрово во Скопје
Најстудено утрово е во Скопје. Според УХМР во во Скопје измерени се – 7 степени, – 6 во Дебар, Демир Капија, -5 во Струмица, Штип, Тетово, -4 во Битола и Скопје, -3 во Лазарополе, Маврово и Куманово, -2 во Крива Паланка, Охрид и Прилеп, 0 во Виница, Претор, 2 Крушево и Пожаране, 3 во Тополчани, 4 во Ѓуриште, 7 во Гевгелија, до 8 во Дојран.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
^ Скопје има две мерни станици, едната на Петровец, другата на Зајчев рид
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.801
Поени од реакции
15.719
^ Скопје има две мерни станици, едната на Петровец, другата на Зајчев рид
тоа го пишува и на сите веб сајтови ( во заграда), ама овие сега во предизборен бизнис немаат време да прочитаат ....
И не се само они, и не е само до мерните станици...да соберам написи за измерени температури ќе има шаренило големо од медиум до медиуми...Што воопшто креваат магла, боље такви портали нека не се упуштаат во ништо конкретно
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Една иста вест, два сајта контролирани од ботови, очигледно. Дали преживеаниот се бори за живот или е во добра здравствена состојба - информацијата одберете си ја на еци-пеци-пец.
Бај д веј, telegraf.mk на фотографијата е Кобилица, а не Попова Шапка.

Untitled.jpg Untitled2.jpg
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.801
Поени од реакции
15.719
21.12.2016, 17:31
Одложено судењето на Павле Богоевски

На продолжението на судскиот процес се очекува да се дебатира за вештиот наод и мислење изработен од Бирото за судски вештачења, а според кое штетата од боењето на зградата на Министерството за култура чини 388.000 денари. Бранителот на Богоевски,

 

Kajgana Shop

На врв Bottom