Трендови во МК медиумите од кои ни се кења

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Колку подебилно, толку подобро...

На времето, медиумите беа посветени на известување за настани кои ги следеле како се случуваат интервјуирајќи повеќе извори.
Но еј, тоа срање е досадно. Фактите не се секси. Вистината е како жена без добри цицки. Шпекулирањето и пристрасноста е тоа што во денешно време е секси.

Необјективност

Медиумите кај нас станаа предвидливи до тој степен што не е тешко човек да претпостави што ќе прочита уште пред да прочита. Необјективноста е присутна во форма на извртени наслови, игри на зборови, па и во цели текстови базирани на тенденциозни шпекулации, во кои новинарот по некоја „случајност“ заборава да земе изјава и од другата спомната страна, а не често медиумите ги игнорираат демантите кои ги добиваат. Политичките и бизнис интереси се главната причина за оваа појава, но често тоа се должи и на капацитетот на оној кој стои зад текстот. Медиумите се толку објективни што постојат два типа кога е објективноста во прашање: 1) Во Македонија е сè розево и 2) Во Македонија е сè црно.

Експертутки

Секогаш кога треба да се пушти „пробен балон“ во јавноста, да се одвлече вниманието на јавноста во друга насока од некоја незгодна актуелна тема или да се направи перење на мозоци, во медиумите се појавуваат едни исти „експерти“. Еј, па низ годините веќе научивме во кој медиум кој „експерт“ може да го очекуваме, што ќе ни каже и во каква ситуација може да го очекуваме да се појави и да не просветли. Политички експерти, историски експерти, експерти за маркетинг, економија, за спорт... Најчесто немаат ни еден ден реално работно искуство иако задолжително имаат титула м-р или д-р, ама се експерти затоа што цел живот се на платен список на некоја мистериозна невладина организација која е секогаш подготвена како куче на ланец да се појави таму каде што треба во пакет со експертите. Секоја партија и секој медиум си има своја експертутка.

Ексклузивно

Демек тие ексклузивно дознале како се снимала и демек тие го снимиле видеото
Некогаш, под „ексклузивно“ се подразбираше вест или било каква форма на текстуална или аудио-визуелна содржина која ја има само медиумот кој ја објавил, затоа што тој ја продуцирал. И никој друг. Во денешно време, на новинарите не им е проблем да најават вест како „ексклузивна“ иако ја има речиси секој медиум, па дури и доколку оригинално не ја продуцирале тие, туку е преведена од некој странски медиум.

Скандалозно, шокантно, фрапантно

Леле, како ќе спиеме сега...
„Скандалозно: Станија ја покажа цицката“. Шокантно: уредникот не му удри чврга на новинарчето идиотче. Фрапантно: сопственикот на медиумот не ги отпуштил двајцата. Ова наједноставно ја доловува ситуацијата во медиумите кои љубат во секој втор наслов да ги употребуваат зборчињава во надеж дека ќе ја зголемат читаноста.

Кардашијан, Станија, колку подебилно - толку подобро...

И драги читатели, еве ја веста на денот...
Живееме во време на Кардашијанизам. Океј, никој не вели дека не треба да постојат и медиуми наречени таблоиди за глупа публика која сака да чита глупи „вести“ или вакви рубрики во медиумите кои имаат реноме, секој си има целна група на публика, но во повеќето медиуми ваквите содржини почнаа да стануваат доминантни. Океј, содржини за некоја која ја покажала цицката/г'зот/ватевер се читани, но ако одите по таа логика за да зголемите читаност - претворете го медиумот во тотален порно сајт, па ќе ви биде уште почитан.

Идиотски серии

Латино-американски, турски, хрватски, бугарски... сапуници кои немаат крај, а по крајот почнува нова уште поидиотска. Во борбата за рејтинг на гледаност, телевизиите го најдоа рецептот кој бара најмалку ресурси и средства, а носи најголема гледаност. „Абе серијава е супер, ама кој ќе ја гледа, ќе има рејтинг нула, дај купете пак турска, ќе имаме супер рејтинг“ е менталната парадигма која владее во моментов.

Имате нешто да додадете?

виа Кајгана
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Добровечер почитувани гледачи ова се вестите на денот.....
 
Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.581
Поени од реакции
13.214
Meне многу ме изнервира Трендо, на Оффнет имаше една статија која наликуваше на горенаведените, која била најчитаната статија на Оффнет, па после тоа кога ќе се отвореше сајтот имаше pop-up порака до читачите кое објаснуваше дека баш таа статија била најчитана и тоа предизвикало разочарување на Трендо и тимот зошто баш таа статија била најчитана, а не некои си колумни или други квалитетни содржини. Поради тој факт, им идело, цитирам, да се убијат. :facepalm:
А тоа уствари беше уште поевтин трик да се отвара ефтината статија и да се набилда читаноста. На крај краева, можеле да ја тргнат, ако толку им „штетела“.

Лицемерие до даска.
 
LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
од сите новинари у МК , од сите смешни портали по нет и на FB , од сите wanna be US курвички ко Накова , ама највеќе од се ми се СЕРЕ од простио македонски народ шо ги чита,зборе и прифаќа горенаведените срања.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Научниците конечно открија зошто мажите заспиваат веднаш по сексот.
Научниците докажаа: мажите изневеруваат повеќе од жените.
Научниците ја открија тајната на шопинг манијата кај жените.

Од кога тоа научниците се замараат со вакви глупости? Кои воопшто се тие научници... :tapp: Отвараш статијата и два реда текст, го видоизмениле бомбастичниот наслов и додале 100 слики. Бедно.
 
M

Moon Child

Гостин
Алелуја, одамна серам за ова насекаде, по оние бедни сајтови што билдаат посетеност на сметка на голи цицки и газови. Кога и да отворам ФБ на почетна ми се појавуваат цицките на Станија, Накова или Сораја. Тие се тие. Да не беа овие личности, некои сајтови во Македонија немаше ни да знаеме дека постојат и одамна ќе пропаднеа поради непосетеност. Тоа треба да се бојкотира и да не се отвара, не отруја со глупи муабети за цицки, а по коментари приметувам дека и на машки почна да им се сере од такви статии. Еднаш на Много им коментирав ми вратија дека народот сакал тоа да го чита, па затоа такви статии пишувале. Нема грешка, народот чита тоа што ќе му дадеш да чита, ако прекинат да го потат за Станија, Сораја и други србски курви, народот ќе прекине да се интересира за тоа, ама пошто они го потат, ете тие се одржуваат во јавноста и се полнат пари.
За необјективноста на новинарите веќе не ми се ни зборува. Нема еден единствен релевантен медиум. Одамна ги одлајкнав Плусинфо и Скај, почна да ми се сере од нив и сфатив дека се исто релевантни колку што е Сител на пример.
--- надополнето: 25 јули 2012 во 15:01 ---

И се Британски научници го откриваат ова:tapp:
 
Од Кембриџ ! Ама и јенките се бааѓи вешти со откривањето :D

Веќе има тема за портали ко Семето или Никогаш не вели никогаш , и тај моронизам тешко го дигестирам .. посебно коа почнат да замарат со религија ...
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Најболна точка ми се сериите и бомбардирањето со: Хилтон, Кардашијан, Сораја и кои да се веќе...
Не можам, ме полнат со негативна енергија...
Браво за прилогот, се си е добро кажано...
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Meне многу ме изнервира Трендо, на Оффнет имаше една статија која наликуваше на горенаведените, која била најчитаната статија на Оффнет, па после тоа кога ќе се отвореше сајтот имаше pop-up порака до читачите кое објаснуваше дека баш таа статија била најчитана и тоа предизвикало разочарување на Трендо и тимот зошто баш таа статија била најчитана, а не некои си колумни или други квалитетни содржини. Поради тој факт, им идело, цитирам, да се убијат. :facepalm:
А тоа уствари беше уште поевтин трик да се отвара ефтината статија и да се набилда читаноста. На крај краева, можеле да ја тргнат, ако толку им „штетела“.

Лицемерие до даска.

Тоа не беше фалење туку имаа пишано дека им иде да се самоубијат затоа што при толку содржини и вести најчитана била статијата за дебилните бугарски матуранти

П.С. Acid Коко си ја заборавил во приказнава, едно време а отвориш одредени портали само неа ја имаше :)
 
S

Sagan

Гостин
Од трендовите, последниве месеци најмногу доминира објективноста. Така, за да човек се информира објективно, треба да почепка за иста информација на повеќе сајтови (3-4 барем). По примањето на информациите, во мозокот се создава едно тапо чуство кое најарно се опишува со: ''...what the fu*k...?''

Untitled1.jpg
VS
Untitled.jpg
 
Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Ам го имет научено народов дек е зависен од чашитлама.... и ај сеа ќе му ги полниме батериите со работи што сакат да ги слушат, гледат, читат...
ФБ нормално имат голема улога во целава ситуација.. нешто слично ко би-турбо на нитро полнење...
Кликни ЛАЈК за да видиш некоја исунчана со тангата в гзе..

Абе р/еволуција или транзиција, еден ден ќе не зборват.. ЕЕЕ на времето во 21век ко живееле луѓето се десила виртуелна катаклизма, па затоа ние денес се раѓаме со УСБ влезој, наместо полови органи.
 
С

сашенко

Гостин
Meне многу ме изнервира Трендо, на Оффнет имаше една статија која наликуваше на горенаведените, која била најчитаната статија на Оффнет, па после тоа кога ќе се отвореше сајтот имаше pop-up порака до читачите кое објаснуваше дека баш таа статија била најчитана и тоа предизвикало разочарување на Трендо и тимот зошто баш таа статија била најчитана, а не некои си колумни или други квалитетни содржини. Поради тој факт, им идело, цитирам, да се убијат. :facepalm:
А тоа уствари беше уште поевтин трик да се отвара ефтината статија и да се набилда читаноста. На крај краева, можеле да ја тргнат, ако толку им „штетела“.

Лицемерие до даска.
Сериозен си? Муабетот на Трендо беше колку и да се трудиш да направиш нешто сам, да напишеш ти самиот нешто интересно или паметно тоа нема никогаш да биде повеќе кликано од вест со цицките на Кардишијан. Џабе е да се трудиш му беше мауабетот, денес најпосетени сајтови се најчесто оние со наслови како што Acid кажа: Скандалозно! На Џоли и падна лижавчето додека одеше по улица, Шокантно! Шарапова му месела кифлички на Џокович со тениски рекет :pos:...

И Трендо рече таква вест ставиле како тест тогаш и таа вест била отворена повеќе од било која на офнет до тогаш. И тоа бааги голема разлика имаше од другите вести :ROFLMAO:
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Јас кога викав дека “пукањето сеир“ е една од најгрдите човечки особини, никој не ми веруваше... Од желбата за пукање сеир и сеирџиство, посебно на Балканот, топ теми се кој колку пати прднал, колку пати сменила силикони или каде била на одмор, наместо теми кои навистина го засегнуваат и влијаат на општеството.

Што би рекле Србите: “Тражили сте, гледајте...“
 
М

Мартин`

Гостин
Содржината се пишува според она што го интересира народот, а очигледно нашиот неписмен народ го интересираат повеќе статии како Александар Накова или секој втор ден некоја вест за газот на Ким Кардашијан или некоја рандом дроља во светов.

ИТ.ком.мк - 7.500 фанови на фб
tocka.com.mk - 116.000 фанови на фб
Кајгана - 22.000 фанови на фб

Запазете го болдот, во споредба на пример со квалитетни портали како ИТ или Кајгана :rolleyes: а горе доле слична е состојбата и со “познатите“ личности.. Станија, Сораја, Кристијан Голубович, МЦ Стојан, Куча посо итн.. имаат повеќе фанови отколку писатели како Иво Андрич на пример или музичари како Кирил Џајковски и многу други кои се светлосни години пред дебилите ..
 
Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.581
Поени од реакции
13.214
Тоа не беше фалење туку имаа пишано дека им иде да се самоубијат затоа што при толку содржини и вести најчитана била статијата за дебилните бугарски матуранти

П.С. Acid Коко си ја заборавил во приказнава, едно време а отвориш одредени портали само неа ја имаше :)
Сериозен си? Муабетот на Трендо беше колку и да се трудиш да направиш нешто сам, да напишеш ти самиот нешто интересно или паметно тоа нема никогаш да биде повеќе кликано од вест со цицките на Кардишијан. Џабе е да се трудиш му беше мауабетот, денес најпосетени сајтови се најчесто оние со наслови како што Acid кажа: Скандалозно! На Џоли и падна лижавчето додека одеше по улица, Шокантно! Шарапова му месела кифлички на Џокович со тениски рекет :pos:...

И Трендо рече таква вест ставиле како тест тогаш и таа вест била отворена повеќе од било која на офнет до тогаш. И тоа бааги голема разлика имаше од другите вести :ROFLMAO:
Не му беше тест, 100%.

Али во ред, зошто на тој начин пристапија со „самоубиство“ поради читаност на таква статија. Па тие вчерашни се па не знаат дека sex sells, или кај нас, Bulgaria sells? И кои се тие па да ги осудуваат луѓето на нивниот невкус, кога токму поради преплавеност од такви статии се оформува истиот тој нивни невкус? Кога тие се директен причинител да има mindless содржини на порталите?

1. Зошто ја објавиле статијата, кога им е испод части и им иди да се убијат?
2. Зошто ги вреѓаат нивните читатели кои поради таа статија и слични на неа прават заработка, а не од колумни и хаику поезии?

Тоа тие е исто како сега Сител да излези и на вести Латас пола саат да ги ремети луѓето што гледаат турски серии.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom