Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Член од
20 март 2015
Мислења
38
Поени од реакции
50
дечки, паѓате во парничарска параноја; незнам дали вие сте или кој друг што ја насочи целата работа во погрешен правец. Адвокатите ваши гајле си немаат, вие си имате проблем ако не плаќате. А право е на секој да си ги бара интересите, но треба да гледа реално. Не верувам дека постои власт која ќе дозволи масовно откажување на граѓаните од топловодно градско греење. Не е само интересоте на компаниите, впрочем тие произведуват и електрична енергија, туку нема технички основ градот да премине на комплетно поединечно греење на струја или да не се занесуваме на дрва, кога има исто така големи протести против загадувањето. Па да се потсетиме, во Битола престана со работа едно време градската топлана, но сега пак работи .
Протестите требаше да бидат против високата цена на квч топлинска енергија и скапите режиски трошоци и барање за воведување мерење по потрошувач, а со што поточно ќе се одреди и колку треба да платат исклучените.. Наместо тоа протестите се сведоа за интересите на некокумина што имаат судски спорови со ТПЛФ и Бег.

Си земаш за право ти да ни кажеш зошто биле организирани протестите?! Не ти е срам? Ние ги организираме и ние знаеме што бараме!!! Не ти! И пак ти си земаш за право да ни кажеш дека ние ТРЕБА ДА ПЛАТИМЕ! НИКОГАШ не си дошол на протест а велиш неколкумина сме биле. Оди кој ден сакаш во суд за да видиш дека се "неколкумина"! За памет ќе се фатиш колкумина сме! Не десетина, туку стотици и илјадници!
Со ова пак потврдуваш дека си дел од АРАМИИТЕ кои му ја цицаат крвта на народот. Затоа устата ти фати пена. Гледаш дека на овој форум ТИ си ОСАМЕН!!! Затоа уште еднаш ти велам - ИШ ИШ ИШ ИИИШШШШШШШШШШШШШШШШШ
 
D

Darko_ufo

Гостин
Јас стварно не знам зашто протестираат, зашто не сакаат да плаќаат парно??? Дали е тоа некоја младешка бунтовност, дали такви им се годините... Па што ако немаат парно? Не можат да си ќутат и да плаќаат? Што ако претходно ги исклучиле од мрежата поради не можност за плаќање? Па на крај краева што кур ако немаат пари? Парно ќе си плаќаат и еден ден кога ќе им помине таа младешка бунтовност дури и ќе се срамат што протестирале.

''Никола Груевски''
 
Т

Триптико

Гостин
Не туку менувај бои. На телефон ич не се чита. Црвена да, ама сина... Ужас е.
 
Член од
20 март 2015
Мислења
38
Поени од реакции
50
Во ред Триптико. Еве го во нови бои.

Ireal напиша:
дечки, паѓате во парничарска параноја; незнам дали вие сте или кој друг што ја насочи целата работа во погрешен правец. Адвокатите ваши гајле си немаат, вие си имате проблем ако не плаќате. А право е на секој да си ги бара интересите, но треба да гледа реално. Не верувам дека постои власт која ќе дозволи масовно откажување на граѓаните од топловодно градско греење. Не е само интересоте на компаниите, впрочем тие произведуват и електрична енергија, туку нема технички основ градот да премине на комплетно поединечно греење на струја или да не се занесуваме на дрва, кога има исто така големи протести против загадувањето. Па да се потсетиме, во Битола престана со работа едно време градската топлана, но сега пак работи .
Протестите требаше да бидат против високата цена на квч топлинска енергија и скапите режиски трошоци и барање за воведување мерење по потрошувач, а со што поточно ќе се одреди и колку треба да платат исклучените.. Наместо тоа протестите се сведоа за интересите на некокумина што имаат судски спорови со ТПЛФ и Бег.

Црвеното е негово а ова подвлеченото е мое, како реплика на неговото.

Си земаш за право ти да ни кажеш зошто биле организирани протестите?! Не ти е срам? Ние ги организираме и ние знаеме што бараме!!! Не ти! И пак ти си земаш за право да ни кажеш дека ние ТРЕБА ДА ПЛАТИМЕ! НИКОГАШ не си дошол на протест а велиш неколкумина сме биле. Оди кој ден сакаш во суд за да видиш дека се "неколкумина"! За памет ќе се фатиш колкумина сме! Не десетина, туку стотици и илјадници!
Со ова пак потврдуваш дека си дел од АРАМИИТЕ кои му ја цицаат крвта на народот. Затоа устата ти фати пена. Гледаш дека на овој форум ТИ си ОСАМЕН!!! Затоа уште еднаш ти велам - ИШ ИШ ИШ ИИИШШШШШШШШШШШШШШШШШ
 
Т

Триптико

Гостин
@БЕГ-ова Чорба колку да видиш како излегува

Вака е нормално

Вака е кога некој одговара

А последново кога ќе се селектира одговарањето. Обично сите одговараат на цел пост, па да не се чита оригиналот, може на едно место двете да се видат. Ме разбираш? :)
 
Член од
20 март 2015
Мислења
38
Поени од реакции
50
@БЕГ-ова Чорба колку да видиш како излегува

А последново кога ќе се селектира одговарањето. Обично сите одговараат на цел пост, па да не се чита оригиналот, може на едно место двете да се видат. Ме разбираш? :)

Во ред е! Ти благодарам на сугестијата. Во иднина ќе биде како што треба.
Поздрав
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Важно за исклучените!
Информација за приклучување кон жалбата со повеќе жалители до Судот во Стразбур

Жалбата ја подготвува адвокат Гордана Каркалашева Трајковска, адреса,Т.Ц. Мавровка. Ул. Бул. Гоце Делчев бр. 7, зграда 1 влез 1, локал 64 – мезанин. Телефони, фиксен 3112-756, мобилен 070 – 225 – 613; Е-меил karkalasevagordana@hotmail.com.

Се поднесуват следниве документи како фотокопии во еден примерок: 1. - Решение донесено од нотарот; 2. – Приговор на решението; 3. – Првостепена пресуда; 4. – Жалба на првостепена пресуда; 5.- Второстепена пресуда и 6. – 1000 денари во готово за трошоци. Листовите да не се хевтаат само со спајалица. Рок за поднесување н документите, за првата тура е, 25. 02. 2016
Второстепената пресуда не сме да биде постара од 6 месеци
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ние не сме сами во нашата борба против криминалот со парното:

Градоначалникот на општина Карпош, Стефчо Јакимовски, до сега, шест , од вкупно десет, училишта исклучи од Топлификација.

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски до сега исклучи четири училишта, а планира наскоро да исклучи уште седум училишта

http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=71BFCCE01CC10A4D984C76F9613EFEFB

http://dnevnik.mk/?ItemID=169D78E19452DC49A45BCE46320EC7EC
 
B

Bafra

Па на што ќе се греат ако ги исклучуваат...
Мислиш Стефчо и Коце се против БЕГ ?? Некако ми е несфатливо кога БЕГ е миленик на власта.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Па на што ќе се греат ако ги исклучуваат...
Мислиш Стефчо и Коце се против БЕГ ?? Некако ми е несфатливо кога БЕГ е миленик на власта.
Да - овие градоначалници се против БЕГ-овите. Хохштаплерите од Топлификација за затоплување на едно училиште наплатуваат просечно 80 - 100 илјади евра годишно. Живи ги одраа дечињата. Во Бомбите имаше пресметано дека за затоплување на една училница наплатуваат 3000 евра годишно.
Тоа се огромни пари. Една училница има 40 м2, а криминалците од Топлификација наплатуват огромна сума секоја година
Очигедно Стефчо и Коце се добри градоначалници кои совесно работат
Инаку школите сега се затоплуваат на гас или нафта. А како што видовте во последниот напис, Стефчо последното училиште го преоријентиирал на топлотни пумпи. И сега намето 100 илјади евра годишно, ќе плаќаат 7000 евра годишно. Прочитајте ја првата вест
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.809
Поени од реакции
15.732
Топлификација ( Бег) има интерес ако се откаже некое школо ... тие и другите државни фирми(посебно болници) се воглавном должници. а не можат да ги исклучат...
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
@Смрт за зони и пајак воз. соопштениево ти го состави?:) Многу е онака непартиско :)
Утре со почеток во 12 часот кај Триумфалната капија исклучените од парно организираат нов протест 51 по ред.

„Сега, кога на сите им е познато, дека партиите од демократската опозиција, веднаш по победата на парламентарните избори, ќе ги укинат срамните одредби според кои БЕГ ги тужи исклучените, БЕГ го засилува притисокот против исклучените. Од овој месец, БЕГ ги тужи исклучените секој три месеци, наместо на шест месеци, како што претходно практикуваше. Затоа на протестот во сабота ќе се зборува за начините исклучените од Топлификација, што повеќе да ги одолговлекуваат судењата и на тој начин, неосудени, да ја дочекаат победата на партиите од демократската опозиција и своето спасување“ се вели во исменото соопштение.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544

Kajgana Shop

На врв Bottom