Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.087
се ти е парцијално и конфузно...имам луѓе што живееле и на запад под кирија во колективна станбена зграда каде има и приватни станови. .
Што е конфузно, што немаме друг вид гориво или информациите за составот, потеклото на членовите на РКЕ и нивните интереси и одлуки. Колку видови далечински системи на греење има Словенија и колку оператори? Колкав % од Словенија е гасифициран, колкав % е опфатен со други видови енергенси (биогорива, дрва и нивната цена на пример)? Словенија за 2007 има 52 компании кои дистрибуираат т.н. далечинско греење, Словенија се има гасифицирано уште во претходниот систем. Словенија има скроз друг економски профил, инфраструктура и развој на урбани и рурални места.
Понатаму без конкретни податоци за договор и прекин на договор, % на зафаќање од приходи и други информации, повеќе за Словенија не можам да дискутирам. На страна фактот што ти го посочи цел свет па тврдиш -не е предвидено поединечно откажување никаде во светот-. Те замолив за извор на податок од каде тоа тврдење.
Впрочем така и беше на времето, во една комшиска зграда кога се исклучија мнозинството самата ТПЛФ ги викна корисниците да се откажат бидејќи станува прескапо централното, нема резон да кружи вода низ цела зграда за малку станови
на времето за фиксен телефон двојник и тројник се чекаше и по година дена, се плаќаше конекција 1000 марки...работата е да не останеме во тоа време.
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Следната среда на 03. 06. 2015, Уставниот суд повторно ќе ги оценува одредбите според кои исклучените се задолжуваат со плаќање
http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=22687
Ако ова се случи - подгответе се за невидена општонародна веселба
 
Член од
20 март 2015
Мислења
38
Поени од реакции
50
Што е конфузно, што немаме друг вид гориво или информациите за составот, потеклото на членовите на РКЕ и нивните интереси и одлуки. Колку видови далечински системи на греење има Словенија и колку оператори? Колкав % од Словенија е гасифициран, колкав % е опфатен со други видови енергенси (биогорива, дрва и нивната цена на пример)? Словенија за 2007 има 52 компании кои дистрибуираат т.н. далечинско греење, Словенија се има гасифицирано уште во претходниот систем. Словенија има скроз друг економски профил, инфраструктура и развој на урбани и рурални места.
Понатаму без конкретни податоци за договор и прекин на договор, % на зафаќање од приходи и други информации, повеќе за Словенија не можам да дискутирам. На страна фактот што ти го посочи цел свет па тврдиш -не е предвидено поединечно откажување никаде во светот-. Те замолив за извор на податок од каде тоа тврдење.
на времето за фиксен телефон двојник и тројник се чекаше и по година дена, се плаќаше конекција 1000 марки...работата е да не останеме во тоа време.
Работата е во нешто друго - да ни проработи СВЕСТА дека имаме свои ПРАВА и ОБВРСКИ, а не само ОБВРСКИ. Кога ќе го сфатиме тоа ќе отпочнеме да живееме ДОСТОИНСТВЕН живот каков што живеат високо развиените земји.

Телефоните не можат да се споредуваат со парното според ништо. А се согласувам со тебе дека и преку тогашните фамозни договори арамиите ни УКРАДОА многу пари. Ако воопшто може да ни биде некаква утеха е фактот дека тогаш не украдоа еднократно. Овие денешни арамии имаат намера не само ние трајно да им бидеме овци за стрижење, туку и нашите деца, внуци итн. да им станат овци на нивните идни потомци. Е па, тоа НЕ МОЖЕ (NO PASSARAN - што би рекла Долорес Ибарури).

Во минатото немавме невладини организации или неформални здруженија како нашево, вооружени со граѓанска свест, свест за своите-нашите лични права, непоколебливи ви својата цврста намера да успеат. Всушност, граѓанскиот сектор има функција да биде коректор на државата а богами во тој контекст и борец против ваквите криминални шеми. Суштествено прашање е - дали имам, имаш, имаме свест и доволно храброст, доблест, решителност да се фатиме во костец со арамиите. Јас ЗНАМ дека овој криминал ќе МОРА да престане. Дали веќе уште во среда ќе падне - НЕ ЗНАМ. А дека сигурно ќе падне - УБЕДЕН СУМ. Инаку, зошто би се зафаќале со т.н. Сизифовска работа? Тогаш да ја навалиме главата за да не ни ја пресече јатаганот. Оттука и онаа народната - подобро ужасен крај, отколку ужас без крај. Секој борец е драгоцен во секоја борба па и во оваа нашава. И не заборавај - денес ние бараме поддршка за оваа наша мака. Можеш да ни ја дадеш или пак не. Утре, ако тебе ти затреба поддршка за нешто каде што ние немаме мака, дали имаш право да бараш наша поддршка?!

По втор пат кажувам - нашиве "парни крвопијци" од сите нас ќе го добијат само мојот АВАТАР.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во вторник, во 11,30 ќе има судење по граѓанската тужба која исклученте ја поднесоа против Топлификација и Регулаторна
На судењето, како публика можат да присуствуваат сите - исклучени, приклучени и тие кои воопшто немаат парно.
Судењето ќе се одржи во големата сала на Врховниот суд
Собирање на граѓаните ќе биде во 11 часот пред зградата на Врховниот суд . Тоа е зграда во склоп на комплексот судови.
http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=22819
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Денешното рочиште за тужбата на исклучените е одложено. Причинаа за одлагање е што на тужените не им биле врачени поканите. Следното рочиште ќе се одржи на 23 јуни 2015 со почеток во 12 часот исто во големата судница на Врховниот суд
Планирајте да присуствувате, а и јас ќе Ве подсетам уште еднаш
http://24vesti.mk/odlozheno-rochishteto-vo-vrhoven-za-korisnicite-koi-ne-koristat-parno-greenje
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Утре ќе се одржи тринаесетиот протест на исклучените
Еве што се вели во информацијата за медијумите:

Ве информираме дека следната Сабота, на 13. 06. 2015, ќе се одржи тринаесеттиот протест на исклучените од Топлификација. Протест ќе се одржи на вообичаено место и време, кај Триумфалната порта, со почеток во 12 часот.

Овој протест ќе биде посветен на писмата кои се подготвени за амбасадите и анализата на резултатите од собирањето на потписи за овие писма. Како што е познато Владата на РМ, го одби барањето на граѓаните и сега единствен избор на исклучените им се Обединетите нации и Советот на Европа. Затоа не следниот протест ќе биде прочитана Универзалната декларација за човекови права која Генералното собрание на Обединетите нации ја донесе 1948 година.

За времетраењето на протестот граѓаните ќе можат да ги потпишат овие писма.

„ Бомбата 12 “, која ќе биде прочитана на протестот, представува продолжение од претходната бомба и ќе бидат објаснето што е тоа „ ангажирана моќност “ и какви измами се вршат со неа.

Ќе има и други содржини за кои мислиме дека ќе го привлечат вниманието на Вашите читатели, гледачи, односно слушатели. Затоа Ве покануваме да го следите протестот следната сабота.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Мислам дека ви е пореално да барате да се намали паушалот. Како може да не плаќате ништо? Сепак во згради живеете. Дали може некој да рече не сакам вода дома а живее во зграда? Кога живееш во зграда имаш и други обврски спрема влезот и тн. Не знам, ми нема логика.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.707
Поени од реакции
6.824

Можеш да ги раскинеш договорите и за вода и за струја. Ниту Водовод ниту ЕВН ќе ти бараат да плаќаш на веќе раскинат договор, како што бара Топлификација - БЕГ.
Инаку, се сложувам дека мора да има заеднички обврски во зградите
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Префрли се на нормалната човечка логика, и веднаш ќе ја видиш смислата.
нормалната логика вика дека тој што живее на приземје во десеткатница не треба да плаќа за лифт па пак плаќа...[DOUBLEPOST=1435132467][/DOUBLEPOST]
Можеш да ги раскинеш договорите и за вода и за струја. Ниту Водовод ниту ЕВН ќе ти бараат да плаќаш на веќе раскинат договор, како што бара Топлификација - БЕГ.
Инаку, се сложувам дека мора да има заеднички обврски во зградите
И со БЕГ може да раскинеш поентата ми беше дали мора да плаќаш за вода паушал ако прекинеш? Струја има логика затоа што инсталацијата не проаѓа низ станот. Треба инвеститорите да имаат договор со овие доставувачи на услуги под кои услови станарите може да ги раскинат договорите. Или самите станари мора да имаат таков договор.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom