Толеранција на грешки при Божји ветувања и пророштва

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Sekako deka ne znam sVe, ama mnogu da.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
22. Но, откако добив помош од Бога, стојам до ден денес и им сведочам на мали и на големи, зборувајќи само за она, што беа го зборувале Пророците и Мојсеј, дека ќе стане:
23. дека Христос ќе пострада и, откако прв ќе воскресне од мртвите, на народот и на незнабошците ќе им проповеда светлина.
Дела 26

Уште еден пример на непостоечко пророштво, имено Мојсеј никаде на кажува за Исус дека ќе воскресне и проповеда
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397

Ај малку да го разбијам Твојот монолог.

Еве што вели Мојсеј за Христа:
„...Господ, твојот Бог, ќе ти дигне пророк од браќата твои како мене, Него слушајте го...„. Второзаконие, 18.15.

Навистина, Мојсеј не споменува никакво воскреснување, но Ти самиот си прајш таква конструкција, небаре Мојсеј кажал такво нешто, а кажаното ѓоамити не се остварило...
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Ај малку да го разбијам Твојот монолог.

Еве што вели Мојсеј за Христа:
„...Господ, твојот Бог, ќе ти дигне пророк од браќата твои како мене, Него слушајте го...„. Второзаконие, 18.15.

Навистина, Мојсеј не споменува никакво воскреснување, но Ти самиот си прајш таква конструкција, небаре Мојсеј кажал такво нешто, а кажаното ѓоамити не се остварило...

Значи ај да се обидеме повторно,каде Мојсеј зборува: “ дека Христос ќе пострада и, откако прв ќе воскресне од мртвите, на народот и на незнабошците ќе им проповеда светлина. “
Ако нема нигде, значи во право сум и се работи за лажно пророштво, а ако има каде Мојсеј зборува дека Христос ќе пострада и, откако прв ќе воскресне од мртвите, на народот и на незнабошците ќе им проповеда светлина.посочи го тоа пророштво Мојсеево.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Значи ај да се обидеме повторно,каде Мојсеј зборува: “ дека Христос ќе пострада и, откако прв ќе воскресне од мртвите, на народот и на незнабошците ќе им проповеда светлина. “
Ако нема нигде, значи во право сум и се работи за лажно пророштво, а ако има каде Мојсеј зборува дека Христос ќе пострада и, откако прв ќе воскресне од мртвите, на народот и на незнабошците ќе им проповеда светлина.посочи го тоа пророштво Мојсеево.
Значи, ај може да видиме дека Пророците и Мојсеј се наведени „едно по друго„, односно Пророците и Мојсеј не се именувани само како „пророци„, оти и Мојсеј бил/е пророк, туку се одвоени при наведувањето. Така, пророците и Мојсеј можеле да наведат пророштва врзани за Христа (раѓање, живот, дела, смрт, воскресение...) што не значи дека Пророците буквално се повторувале еден со друг, туку можеле да наведат само дел од нештата, а во контекст од Христовиот живот на Земјава.

Така, можеш да продолжиш со монологот...

Се извинувам што Те прекинав.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Значи, ај може да видиме дека Пророците и Мојсеј се наведени „едно по друго„, односно Пророците и Мојсеј не се именувани само како „пророци„, оти и Мојсеј бил/е пророк, туку се одвоени при наведувањето. Така, пророците и Мојсеј можеле да наведат пророштва врзани за Христа (раѓање, живот, дела, смрт, воскресение...) што не значи дека Пророците буквално се повторувале еден со друг, туку можеле да наведат само дел од нештата, а во контекст од Христовиот живот на Земјава.

Така, можеш да продолжиш со монологот...

Се извинувам што Те прекинав.
лажно пророштво
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
976
Значи, ај може да видиме дека Пророците и Мојсеј се наведени „едно по друго„, односно Пророците и Мојсеј не се именувани само како „пророци„, оти и Мојсеј бил/е пророк, туку се одвоени при наведувањето. Така, пророците и Мојсеј можеле да наведат пророштва врзани за Христа (раѓање, живот, дела, смрт, воскресение...) што не значи дека Пророците буквално се повторувале еден со друг, туку можеле да наведат само дел од нештата, а во контекст од Христовиот живот на Земјава.
...
.

Сепак, Единствениот Вистински и Совршен БОГ и преку Св.Пр. Мојсеј ни укажува на спасителната жртва која што Јагнето БОЖЈЕ лично ја принесе, за спасение на сите кои што со дечјо срце ќе поверуваат!

Впрочем, истото го прави (помеѓу другите) дури и преку Св.Пр. Авраам, кога му укажува на Вечното Евангелие - Кое во Исус за спасение на сите кои ќе поверуваат стана човек - кое никогаш и никако неможе да биде разбрано и сватено од неверните и кривоверните буквалисти, кои Го немаат Духот на Уникатното Чедо БОЖЈЕ!

Резиме: Пророчанствата се исполнети, а некои дури и пред нашите очи се исполнуваат, но тие биле и останале сокриени за срцата, очите и ушите на неверниците и кривоверниците!

Со уши ќе чуете, и нема да разберете,
со очи ќе гледате, и нема да видите,
зашто срцето ви закоравело!

.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
.

Резиме: Пророчанствата се исполнети, а некои дури и пред нашите очи се исполнуваат, но тие биле и останале сокриени за срцата, очите и ушите на неверниците и кривоверниците!

.
На 15 страни имаш прпоштва кои не се исполниле, пророштва кои делумно се исполниле и пророштва кои и не постојат а се повикуваат на нив.
Тоа е доволен показател дека сето тоа е плод на човечка имагинација и фантазија а не некаков невидлив дедо кој не гледа од облаците и ни спрема вечни пеколни маки ако клецниме нешто одстрана
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Едно од ветувањата кое е 100% погрешно е она дадено на Исус дека набрзо ќе се врати, (уште во време на генерациите пред 2000 години) и дека при тоа следно враќање ќе воспоставел божјо царство, имено тој на многу места тоа го споменал и ветил како на пример:

23. Ако ве падат од еден град, бегајте во друг. Зашто, вистина, ви велам: нема да ги обиколите Израилевите градови, додека дојде Синот Човечки.
Maтеј 10

30. Тогаш ќе се јави на небото знакот на Синот Човечки и ќе се расплачат сите земни племиња, и ќе Го видат Синот Човечки како иде на небеските облаци, со голема слава и сила;
.........
34. Вистина ви велам: нема да премине овој род, додека сето тоа не се исполни.
Mатеј 24

63. Но Исус молчеше. А првосвештеникот Му рече: „Те заколнувам во Живиот Бог да ни кажеш: Ти ли си Христос, Син Божји?”
64. Исус му одговори: „Ти рече! Ви велам пак: отсега ќе Го гледате Синот Човечки како седи оддесно на силата и како доаѓа по небеските облаци.”

37. зашто уште малку, сосема малку и „Оној што иде, ќе дојде и нема да се забави.
Eвреите 10

1. И им рече: „Вистина, ви велам: тука стојат некои, што нема да вкусат смрт, дури не го видат царството Божјо, дојдено во сила.”
Марко 9

27. Вистина ви велам, овде стојат некои, што не ќе вкусат смрт, дури не го видат царството Божјо.”
Лука 9
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Eдна од многуте промашени и непостоечки повикувања на стариот завет е во Матеј 12:5 каде Исус на кој му се префрла дека во Сабота направил нешто шо не смее... тој одговара:

“Или, не сте ли читале во Законот дека во саботен ден свештениците ја нарушуваат саботата и пак не се виновни?“

Но вакво нешто не постои во Законот.
Измислено е.

На ова не реагираат ни свештеници ни тие околу него а кои добро го познаваат Законот а и чудно би било за Исус кој бил рабин да не знае дека такво нешто го нема во Законот, тоа само докажува дека евангелијата се пишеани со децении и децении после Исус и то од луѓе кои не г следеле, не го познавале и не го знаеле дури ни Стариот завет.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Една од поголемите невистини во библјата е и она кога госпот решил во настап на депресија и неконтролиран бес, да испотепа се живо и диво на земјата.
Имено

7. И рече Господ: „Ќе ги истребам луѓето што сум ги создал, од земјата – од човекот до животното, ѕверовите и птиците небески – оти се кајам што ги создадов.”

поштеден беше само Ное со семејството кои повторно ја населија земјата, арно ама потаму во библијата наоѓаме дек чудесно преживеале и големите дивови (потомци на бвоговите и жените човечки:

32. А оние, што беа оделе заедно со него, рекоа: “Не можеме да одиме против тој народ, зашто е посилен од нас.”
33. И протурија ужасни гласови меѓу синовите Израилеви за земјата, што ја беа разгледале и велеа: “Земјата што ја изодивме, за да ја разгледаме, е земја, која ги голта своите жители, и сите, што ги видовме на неа, се многу поголеми.
34. И таму видовме исполини, од родот Енахов; ние изгледавме пред нив како скакулци, такви бевме и во нивните очи.”

Значи и ова ветување на дедо боже ќе го ставиме во категорија на - неисполнето
 
Kajgana Shop

На врв Bottom