Тодор Александров

Член од
11 март 2015
Мислења
1.117
Поени од реакции
982
Бидејќи неколку пати беше спомнат овој наводен цитат, да ве упатам: Тодор Александров никогаш не рекол такво нешто! Се работи за шарена бугарска лага.

Да рекол, ќе цитираа извор, но таков - нема!

Слични лаги поминуваат кај побугарената раја на исток од нас која е со исклучитечно ниско ниво, па често гледате како прават сликички со наводниов цитат.

Инаку, по прашањето на Александров за Македонија речиси целосно се сложувам со тебе.

.
Изјавите на еден човек се најмалиот проблем. Дали го рекол тоа или не, не е толку важно.
Меѓутоа има еден друг проблем. Зошто иставиов или некој сличен цитат не е монтиран на Гоце Делчев, Сандански, Влахов или било кој друг од повлијателните личности во организацијата.
Како патриот во ниеден случај не можам и нема да се сложам да го славам Александров пред било кој друг активист, иако тоа ни се наметнува во последно време во голема мера!
Дури мислам дека беше и на протестите "За заедничка Македонија", (овие што влегоа во собрание) извадија некоја лоша песна од стилот ниту Гоце Делчев ниту Даме Груев, само Тодор Александров (знам дека тоа не е точниот текст али идеше нешто во таа смисла)
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Меѓутоа ти својот суд за Тодор Александров беше спремен да го дадеш врз основа на таа конкретна но сепак лажна бугарска изјава. Затоа интервенирав за да си сигурен дека нема такво нешто.

Инаку Бугарите се обиделе да им монтираат на сите македонски дејци што си ги спомнал -- било изјави, било слики.

Уште нешто за кое што погреши во дискусијата: Паница е Македонец по потекло, а не етнички Бугарин.

Песната "Ќе те питам нешто бабо, право да ми кажеш" е за Гоце Делчев не за Тодор Александров. И таму "некој" се обидел да направи редакција.

За мене најголемиот македонски водач бил и ќе остане Јане Сандански!
 
Член од
4 август 2017
Мислења
40
Поени од реакции
22
А Паница рекол:
Кој ви кажа дека јас сум Бугарин? Така мислите и вие, како што мислат и илјадници? Ние од ВМРО не сме Бугари! Ние сме Македонци! Мора утре да ви ги објаснам овие работи, задолжително, штом и вие комунистите на Грција нè сметате за Бугари! Треба да знаете дека нè навредувате кога ни велите Бугари!...Ние сме Македонци, ова сакам да го сфатите! Ќе ја задржиме Пиринска Македонија под наша управа, привремено, како што ја имаме сега, зошто Цанков не се осмелува да нè нападне. И подоцна, заедно со КПБ, и вас од КПГ и КПЈ, ќе се стремиме за автономија на цела Македонија, за да направиме наша држава, како што ја замислуваше и првиот наш водач Сандански“.

https://mk.wikipedia.org/wiki/Тодор_Паница
 

Attachments

Член од
4 август 2017
Мислења
40
Поени од реакции
22
Сигурно немаш повеќе од мене прочитано,но не сме тука да се натегаме,дај ми аргументи,докази во врска со бугарофилството на Тодор Александров
Документи и докази за "бугарофилството" на ТА нема никакви.
Еден Македонец не може да биде "македонофил".
Един болгарин не може да б'де "бугарофил".
За последното, ако навистина имаш "много прочитано" веке ке да си прочел.
ТА е бил БГ офицер - заколнат и бакнал БГ знаме и БГ Конституција.

Имаш оште да четеш
http://strumski.com/?s=Тодор+Александров&op=Т'рси![DOUBLEPOST=1516448768][/DOUBLEPOST]Телеграма односно ТА Молба до ТА за приемане во ВМРО
Srpski_izvestaj_za_Todor_Aleksandrov,_1918.JPG 800px-BASA-1932K-1-12-47.JPG
 
Последно уредено:

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.378
Поени од реакции
544
Сигурно немаш повеќе од мене прочитано,но не сме тука да се натегаме,дај ми аргументи,докази во врска со бугарофилството на Тодор Александров,немој некој наштимани цитати само,преку глава ми се.

Ако не си запознаен околу делувањето на здружението и како тоа функционира,да престанеме тука да зборуваме во врска со нив.
Факт е дека се прво такво здружение формирано на територијата на Македонија кое делува вон партијата со свои активности и има планска работа во текот на целата година.
Многу други “патриотски“ здруженија излегоа после тоа здружение,но и згазнаа со брзина на светлината.Само тоа успеа да опстои,да се зголеми и да има се поголем број поддржувачи.

Ретко кој е запознаен со ликот и делото на Тодор Александров и неговата борба за слободата на Македонија.
Немојте да читате читанки за осмо одделение во кои се пишува само за Гоце Делчев,Питу Гули и Јане Сандански.
Отворете ги и книгите во кои се пишува за “црните“ довчерашни ликови во редовите на ВМОРО и ќе увидите колку само погрешно сте размислувале.


Кaжи какви работи има за него,да дискутираме
Во однос на Тодор Александров не можеме да зборуваме за бугарофилство. Имаме бугарофилство кај Љубчо Георгиевск, кој се чувствува македонец, позитивно е настроен кон Бугарија.

Еве што им го испрати на роднините на полковникот Борис Дрангов (роден во Скопје):
"Моите искрени сочуства за тешката загуба што ја претрпевте со смртта на вашиот син, брат и сопруг потполковник Борис Дрангов. Да се утешиме дека херојски погинал на полето на честа за слобода на татковината и обединувањето на бугарскиот народ и дека неговата загуба се пожали на сите што го познват и се слушнале него. Поклон пред смртните остатоци на великиот покојник."
28 мај 1917 - Софија, Тодор Александров

Писмото е од архива на семејство Дрангови, објавено во збирката на Красимир Узунов - "Феноменот Дрангов - Сеќавања за полковникот Борис Дрангов", Универзитетска издавачка куќа "Св. Климент Охридски", Софија, 1997, стр. 253

Еве уште нешто:
 

Boogie

no pain no game
Член од
4 декември 2005
Мислења
985
Поени од реакции
544
Ма баш е Бугарофилство и тоа у онаа вистинска смисла на “филство” ко Југослафилството што беше. Значи креирање на една нова нација а тоа би било Бугарската, тие не се бугари по нација, немаат никаква врска со турски род или со Аспарух но во политичка борба пробуваат да создадат некоја нова нација. Таа идеја умора многу бргу кај Александров затоа и на крај е убиен, се откажува од Бугарофилството у секаква смисла и преминува на нова изворна идеја за Македонски народ,држава и јазик.
За тоа најверојатно треба да заблагодариме на Бугарите и разочараноста на Александров од нивната бирократија и политиканство, постојано го лажат и му ветуваат а на крај ни автономијата во пиринско која ја заговараат по задушувањето на комунистичкото востание не ја добива. Е затоа Александров е денес најголем Македонец и со право може да се вброи во татковците на Македонската нација


Sent from my iPhone using Tapatalk Pro
 
Член од
4 август 2017
Мислења
40
Поени од реакции
22
Значи креирање на една нова нација а тоа би било Бугарската, тие не се бугари по нација, немаат никаква врска со турски род или со Аспарух но во политичка борба пробуваат да создадат некоја нова нација.
Ако некој е "креирал"(создал) нова БГ нација тоа знаеш ли кои се? Не знаеш!!!
Тие креатори на БГ нација се почти сите од Македонската земја.
Почни од К'рчович, Пејчинович, Прличев, Джинот, Миладиновци, Шапкарев и т.н. и т.н.
Сите тие се БГ креатори.
Во секое селце МК "креаторите" учители, попове, еснафи, трговци, змледелци се креирале БГ училиште, БГ екзархијска црква, БГ внестник, БГ книги.
Каде и да копнеш во историјата на МК се БГ ке фатиш.
Еј момче - на Иван Вазов дедото е од Македонија.
Иван Вазов има толку много пишано за МК, јазикот на стиховете му е речиси македонски.
Иван Вазов е пишувал за МК повеке од Венко Марковски и Кочо Рацин земени заедно.

ТА е убиен зошто не го е подпишал мајскиот манифест.
Нема негов подпис - подписот е на Димитар Влахов.
ТА е убиен заради послешните декларации на ВМРО.
Прочети по подробно темава. Има оригинални документи. Не јади трици.
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.378
Поени од реакции
544
Ма баш е Бугарофилство и тоа у онаа вистинска смисла на “филство” ко Југослафилството што беше. Значи креирање на една нова нација а тоа би било Бугарската, тие не се бугари по нација, немаат никаква врска со турски род или со Аспарух но во политичка борба пробуваат да создадат некоја нова нација. Таа идеја умора многу бргу кај Александров затоа и на крај е убиен, се откажува од Бугарофилството у секаква смисла и преминува на нова изворна идеја за Македонски народ,држава и јазик.
За тоа најверојатно треба да заблагодариме на Бугарите и разочараноста на Александров од нивната бирократија и политиканство, постојано го лажат и му ветуваат а на крај ни автономијата во пиринско која ја заговараат по задушувањето на комунистичкото востание не ја добива. Е затоа Александров е денес најголем Македонец и со право може да се вброи во татковците на Македонската нација


Sent from my iPhone using Tapatalk Pro
До последно, Тодор Александров остана борец за слободата на Македонија. Во едно од последните писма од 2 август 1924 година, потпишани од него и од Протогеров на 10 страници, тој никогаш не спомнал "Автономија", туку зборува за слободата на Македонија. Ако внимателно ги испитате неговите писма од Првата светска војна, може јасно да видите дека тој вели дека Македонија е свободна во тоа време.

Еве интервју на керка му Марија додека е жива:
Дали мислите дека Бугарија јправи потребното во овие тешки времиња за Р Македонија?

Понекогаш ми е тешко дека правиме толку многу. Ние се бориме да бидеме добри пријатели, а во повеќето случаи македонската влада, особено некои кругови таму, се многу недобродушни кон Бугарија и се што е поврзано со неа. Јасно е дека никој не сака да ја смени границата. Потребни се само добри односи. Сакаме оние луѓе кои ја сочуваа нивната бугарска самосвест бидат оставени на мира, да ги остават, како и насекаде во светот, да се чувствуваат Бугари.
Баба Марија почина пред 13 години.[DOUBLEPOST=1516736667][/DOUBLEPOST]Нешто што едвај го знаете. На крајот на декември минатата година (нема и месец) се родија двајцата најнови членови на фамилијата - праправнуците на Тодор Александров - Тодор и Дарин.
 
Последно уредено:

Boogie

no pain no game
Член од
4 декември 2005
Мислења
985
Поени од реакции
544
Ако некој е "креирал"(создал) нова БГ нација тоа знаеш ли кои се? Не знаеш!!!
Тие креатори на БГ нација се почти сите од Македонската земја.
Почни од К'рчович, Пејчинович, Прличев, Джинот, Миладиновци, Шапкарев и т.н. и т.н.
Сите тие се БГ креатори.
Во секое селце МК "креаторите" учители, попове, еснафи, трговци, змледелци се креирале БГ училиште, БГ екзархијска црква, БГ внестник, БГ книги.
Каде и да копнеш во историјата на МК се БГ ке фатиш.
Еј момче - на Иван Вазов дедото е од Македонија.
Иван Вазов има толку много пишано за МК, јазикот на стиховете му е речиси македонски.
Иван Вазов е пишувал за МК повеке од Венко Марковски и Кочо Рацин земени заедно.

ТА е убиен зошто не го е подпишал мајскиот манифест.
Нема негов подпис - подписот е на Димитар Влахов.
ТА е убиен заради послешните декларации на ВМРО.
Прочети по подробно темава. Има оригинални документи. Не јади трици.
Може тоа ти е желба но новата Бугарска нација е креирана од Руси и Германци, тие биеле копје како да ја уназадат Отоманската империја и да дограбаат што повеке, немој да мислиш дека на нив многу им значело населението во малото кнежевство бугарија. Околу тоа можеш да прочиташ во иљадници белешки на Гроф Игнатиев кој впрочем требало да биде и првиот Бугарски кнез. Неговиот гнев за измамата која Бугарите ја приредуваат ја искажува во очи на бугарските веледостојници во Софија и ги проколнува за измамата која бугарите ја прават кон русија. Но сепак како и што кажал Игнатиев така и биднало во историјата тој е запаметен како креатор на Бугарската нација и татко на бугарите.
Слепоќата не те остава да видиш Македонска нација и Македонски дејци па нормално дека ке се китите со нивните успеси, ваши и така немате - пасиј турци ве направи за да не станете тракијци и грци, шо повеке од тоа сакате?

Македонско не чепкајте со вашите погани потурчени раце.


Sent from my iPhone using Tapatalk Pro
 

Boogie

no pain no game
Член од
4 декември 2005
Мислења
985
Поени од реакции
544
Секоја чест за авторот и за тебе BOOGIE за стихотворението.
Подпишувам се под секое зборче.
Види се дека Македонци, Тракијци и Мизијци се тие коишто Б'лгарија мила ги е отк'рмила.
Б'лгарија - от Дунав до Струга, от Преспа до Грамос, и т.н. и т.н.
Еве ви е вистинската историја- част от един велик но разпарчен народ от којшто не е останало почти ништо.

И се пишува чесТен зашто произлегува от ЧЕСТ.
Убаво е кога разбираш дека турколиките гагаузи и останати Бугарски племиња се само дел од новокреираната нација на Гроф Игнатиев и Руската Империја но незнам дали барем некогаш вие славофонскоте Бугари ке разберете дека не сте Аспарухови деца туку новокреирана нација. Згора на сето тоа треба да се помирите дека Македонците исто како што одбија да бидат Југословени одбија и да бидат Бугари, да има доста кои по урнекот на Јаничарите кои станаа Бугари но една шака луѓе не ви дава право на вас Бугарите да не третирате како дел од вашиот етнос. За нас Македонците вашите таканаречени Бугарски Македонци биле и ке останат торбеши и јаничари, луѓе кои за трошка леб си го продале својот национален идентитет и ништо друго.


Sent from my iPhone using Tapatalk Pro
 

Boogie

no pain no game
Член од
4 декември 2005
Мислења
985
Поени од реакции
544
Време е веке администраторот да ни избрише офтопиците. Темава е Тодор Алекснадров.

Но преди тоа сакам да ви кажам - абе дечки, вие сте контрадезинформатори.
Во пропагандата има три нива - информација, дезинформација и контрадезинформација.
кога се прави контра- се најдат луге на кои им се плака да трескат глопотевини, да јадат трици изобшто - да носат вода со рибарски мрежи и тоа да е видно од авион.
Кога ги видат и чујат нормалните луге ке си кажат - те се накакви шашавци, токмак-патриоти и т.н.
Не го кажувам со лошо. Не се льутам на вашиве тези.
За да ми е фул офтопикот ке ви разкажам как преди има нема 27 години отсекирахме комунистите со една контра-.
Направихме еден фалшив документ дека еден от нашиве нови демократи(честен и свестен човек) има офшорна фирма во Кипар. Тоа, да имаш офшорка и да си демократ - абсурд. Името на фирмата е "Стоименов и синове".
Имахме и официален документ от Кипар, дака таква фирме не постои.
дадовме фалсификатот на комунистичкиот вестник "Дума". На другиот ден цела БГ вреше - П.С. има офшорка.
После извадивме и вистината и комунистите како беа аслани така беа посрани.
А човекот П.С. штеше да ни тепа - фирмата "Стоименов и синове", а тој човекот имал четири керки - ма никој не му верува. Тоа е - со здраве да сте.
Додека одиме офтопик да ти кажам да си знаеш.
Македонците постоеле и ке постојат, ти ако сакаш може да пушташ какви сакаш документи и колку сакаш фалсификати. Без разлика дали те плаќаат бедни 10 евра на месец или 200 000 евра на месец ти нас и нашето самосознание неможеш да го смениш. На крајот на краиштата на вас е да решите дали сакате турци на Аспарух да бидете или Словенизирани турци пак од Аспарух - словени да сте знаеме дека неможете да бидете и затоа имате потреба од сецкање на мизи,македонци незнам траки или кои и да се више во таа ваша измислена нација.
Ние ке дадеме отворени раце и братска прегратка на секој Јаничар од Бугарија кој мислел дека има нешто турско во неговата крв, ние нашите Македонци ке ги штитиме и подржуваме без разлика каква и да е светската политика не бидејки сме многу богати не бидејки сме многу јаки туку бидејки “крв вода не станува” може да се превртите и поумрете од мака но Македонец турчин од Аспарух не станува.
Само да си знаеш :)


Sent from my iPhone using Tapatalk Pro
 
Член од
4 август 2017
Мислења
40
Поени од реакции
22
Додека одиме офтопик да ти кажам да си знаеш.
Македонците постоеле и ке постојат ти ако сакаш може да пушташ какви сакаш документи
БООГИ, од мојата уста никогаш нема да излезе сбор дека нема Македонци и Македонска нација.
Нека да се два милиони, нека да се двоица.
Правото на самоопределуване е свештено право за коешто са умирали, тепани и прогонети нашиве прадедовци. Самоопределуване како б'лгари.
Тоа што за мене е неприемливо е историјата.
Преди две недели едно момче од Охрид(студент во БГ) ми рече - јас сум и ке бидам Македонец, но дедо ми беше б'лгарин и баба ми и чичовци и т.н.
Секоја чест за тоа момче. Ако некој нешто го навреди за тоа дека е Македонец ке се "сработува" со мене.

Но историјата си е историја и е напишувана во оригиналните документи, не во учебниците или книгите на Жежов, Ачоска, Чепреганов, Влахов-Мицов(габровецот) и т.н.

Имајте си го идентитетот, бранете си го и т.н., но не го градете врху коските на убиените, мачените и прогонетите во името б'лгарско.
Тоа не ке го дозволиме.
Во БГ има неколко стотин хилјади едни малечки кукички - по 15 квадрати - тие се бежанските куки на около 1000 000 бежанци от Източна Тракија, Беломорска Тракија, Северна Добруджа, Беломорска и Вардарска Македонија, Покрајнините и т.н.
Од нив сега во БГ има 1000 000 БГ од македонско потекло - тие не проштаваме еничерското македоничерство, т.е. негирането на болгарското име во Македонија.

Ако некој нешто помага(доколко е во можност) за името, за НАТО, за ЕУ - тоа сме ние.
 

Boogie

no pain no game
Член од
4 декември 2005
Мислења
985
Поени од реакции
544
Не бе момче, дволичност и двојни аршини не ми се потребни да читам. Еве ја ти кажувам дека сум Македонец, дедо ми бил Македонец, таткото и дедо му исто биле Македонци и таа линија ми е лично позната најмалку 3 века наназад - кога бугари не ни постоеле туку биле печенези и гагаузи. ПраДедо ми има и живеено у Софија бидејки бил војвода на ВМРО а подоцна и бегалец но знаеш што им кажал на децата кога виделе дека дошла одлуката да се селат? Го прашале бидејки по потекло се од село, и не им било на децата мило да се враќаат од трамвај и калдрма во кал и на нива, но одговорот бил многу краток и јасен, “ова овдека не е наше ние не сме свои на своето иако куќата е на наше име, ова овде што гледате се е правење на дете во туѓа Мајка, ние имаме само една Мајка и таа е Македонија” Инаку да ти кажам дека мојата фамилија, дедо ми со мајка му,братот и сестрата имаат поминато 1,5 год српски затвор во Ниш бидејки прадедо ми бил Војвода и пак тоа не ги одвратило да се врати во Македонија бидејки Македонец не е кукавица да се внегздува на туѓо огниште туку си знае кое е негово!

На крај ке ти повторам тоа што е Бугаризирано а од Македонски етнос тоа за нас било и ке остане Јаничарска јадна душа бидејки мора некој и да потклекне на притисокот, но ние не се откажуваме од тие луѓе, секој ден ке им кажуваме дека турци од Аспарух не се и дека “крв вода не станува” секоја генерација со свој терет, тие можат да исправат вековна неправда која присилно е направена кон нивните предци, си треба само едукација и отворена конверзација. Затоа го имаме интернетот, денес е 21 век многу лесно се објаснува кој е Пасиј а кој Аспарух, Македонецот својата крв неможе да ја смени со вошлива Бугарска пропаганда, нема шанса :)



Sent from my iPhone using Tapatalk Pro
 

Kajgana Shop

На врв Bottom