Тинекс, Веро, СП, Кам, Рамстор и Тедико-кој е лидер на пазарот?

Кој е најчесто вашиот избор?

  • Тинекс

    Гласови: 34 30,1%
  • Веро

    Гласови: 33 29,2%
  • СП

    Гласови: 12 10,6%
  • Кам

    Гласови: 15 13,3%
  • Рамстор

    Гласови: 13 11,5%
  • Тедико

    Гласови: 6 5,3%

  • Вкупно гласачи
    113

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Неколку големи имиња го креираат пазарот на супермаркет во Скопје. Тинекс, Веро, СП, Кам, Рамстор и Тедико. Малку да ги анализираме овие воглавно помоќни и големи имиња.

Каков е вашиот впечаток и вашето искуство?
Кој од овие 5 имиња е лидер на пазарот во Скопје, но и во Македонија?

Во последно време како што конкуренцијата станува поголема, така трката по купувачи и клиенти се зголемува. Секоја од нив се обидува на различен начин да привлече што поголем број на купувачи.

Промоции, екстра цени, гратис производи, награди игри....

Според вас, кој од овие неколку имиња има најдобри цени?
Кој има најдобра услуга, Најуслужлив персонал?
Најдобри услови и секако која од овие компании води најголема грижа за своите корисници?

Едноставно, кој е вашиот избор: Тинекс, Веро, СП, Кам, Рамстор или Тедико?
Кој е лидер на пазарот?
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Па добро, водат грижа некои.. Еве, рамстор имаат клуб картички, тинекс редовно имаат некои попусти, веро наводно имаат попуст, ама секогаш се со 10тина % повисоки цени од другите... Мојот избор е тинекс, пред се најблиску ми е, има осетно пониски цени од другите, имаат секогаш попусти на одредени производи и вработените се прилично фини.. Иако, и рамстор не е лош, само ми е ептен надвор од пат..
 

KoNtEjNeR

sapun
Член од
19 декември 2005
Мислења
2.306
Поени од реакции
44
SP , maxi D.
tineks se mnogu neorganizirani...
ne site ali...
vo nekoi od tineks marketite uste rabotat stari zeni sto voopsto nemaat poima od marketing i zadovoluvanje na zelbite na potrosuvacot...
gi mrzi da ja namestat robata, koga ke pobaras nesto namrsteno te glea...
naracka na roba ne znaat da si napravat.. (znaat ama nejkat!)
a za razlika od niv..sm market narackite za roba si gi imaat spremeno pred da dojde komercijalista od firmite..
sami si ja redat robata ne ja ostavaat rasfrlana, uslugata e na povisoko nivo i ima dobri ceni.
 
Член од
27 септември 2007
Мислења
53
Поени од реакции
1
Каков Тинекс не си играјте, грчињата го шијат тој наш колонијал :)
 

СпаЈдеР

DissentiveMoron202
Член од
1 март 2006
Мислења
3.201
Поени од реакции
52
Во Гевгелија имаме само Тедико,но мене истиот и не ми личи на супермаркет. Имаат цени ко во сите продавници(ок,по нешто намалуват за 1 денар,ама во споредба со другите е булшит).
СП Маркет и Кам,никад не сум бил и не ги коментирам
Тинекс,ок е,ама многу се изнервирав кога со тетка ми бевме да купиме Вајкрем. Истиот стоеше на различно место од каде што секогаш беше,ама убаво истакнат,последен вајкрем. Јас го зграпчив,ама тетка ми го зеде од рака и го сврте. Сакаше да види рок. Денот беше 21.10.2007. Рокот траеше до 01.10.2007
Веро,поскапи цени од другине.
Рамстор(Не знам шо да речам за ова...)

Без разлика што викам,мислам дека водечкиот од овие,таканаречениот лидер е Тинекс... :toe:
 

Tutkar

Богомил
Член од
6 декември 2005
Мислења
1.967
Поени од реакции
34
тинекс и јас мислам дека е на врвот, со СП држат најголем дел од пазарот во МК
 

Bush(av)

Aut inveniam viam aut faciam.
Член од
30 април 2007
Мислења
758
Поени од реакции
7
Ќе мора да кажам Тинекс.
Веро ми се најскапи и некако нај..недостапни. Рамстор ќе го оставам без коментар, иако хипермаркетот е океј. Тедико..СП...хмм не се непто посебно.
 

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Гласав за Веро поради тоа што мислам дека праи најголем промет од сите...Ама ние по дома најчесто си пазариме од Тинекс пошо цените каде-каде се поприфатливи за разлика од Веро.
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.113
Поени од реакции
824
Порано претежно купував од Тинекс, па од Веро а сега од Рамстор! Некако овој маркет ми е најголем и ми има поширока палета производи, нешто што го нема во Веро/Тинекс, таму сум го нашол. Само ме нервира кога мирисаат печените кокошки... До Diamond се осеќа :-D
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Ќе се обидам за сите посебно да дадам коментар кој ќе ги опфати квалитетот на услугата и односот кон потрошувачите, квалитетот на персоналот и нивната организираност, цените, разновидноста на асортиманот и да ги истакнам позитивните и негативните страни, бидејќи сите ги имаат.

Веро

Веро е во најголема предност со продажните објекти, но не со нивниот број, туку со нивната големина, среденост и хигиена. Убедливо најголем асортиман на производи, без разлика дали станува збор за прехрамбени артикли, козметика, средства за домаќинство...ова е многу битно, бидејќи една од најиритирачките работи за купувачот е кога џабе влегол и не ја комплетирал листата на потребни намирници, па мора потоа да се шета и до друг маркет за да го најде потребниот производ. Значи, скоро никогаш не ми се случило да излезам од Веро, а да не испазарам тоа што ми треба.

Персоналот е добро организиран, во доволен број, и точно се знае кој што работи. Касиерот е касиер, месарот е месар, редачот на роба е редач на роба. Љубезни се, културни, позитивни, претежно млади (нема теткици и бркати чикици), педантни и средени.

Слободно може да се каже дека Веро е еден од најскапите маркети. Пензионерите и оние кои го шетаат пола град за денар поефтино нека заборават на Веро.

Тинекс

Тинекс е маркет кој убедливо води според бројот на продажните места, но не се истакнува нешто посебно според нивната уреденост и изгледот. Не се истакнува ни според услугата на персоналот, ниту па според некои којзнае какви поволни цени. Слободно може да се каже дека политиката на Тинекс е "златна средина". Значи, се труди да држи некое пристојно ниво, но нема аспирации да прерасне во нешто повеќе. Нема којзнае колку асортиман, но сепак ги има сите секојдневни намирници, во доволен број. Нема којзнае каква услуга, но не е ни за критика. Тинекс е маркет за средната класа, баш онака - маркет за секој ден.

Скопски Пазар (Макси Д, СП Маркет)

Исто како и Тинекс, и овие спаѓаат во златната средина. За разлика од Тинекс, овие имаат аспирации да одат накај елитата, ама сиротите незнаат како. Безуспешно се обидуваат да глумат маалски Веро (почнаа да отвараат поголеми објекти, да ја реорганизираат шемата на персоналот, да прават промоции и акции), ама со полуписмен менаџмент и неписмени продавачи тешко им оди. Овие маркети се пример за хаос во услугата - продавачот е и касиер, и редач на роба, и чистач, и шеф. Е така богами не ја бива. Често се случува да се натегаат кој да седне на каса, а кој да му покаже на муштеријата каде е некој производ. Хаос ин лаос. Бидејќи пола од персоналот се во директни роднински врски со сопствениците и другите вработени во компанијата, а другата половина се вработени поради некој друг интерес, па и не можеш да очекуваш којзнае каква услуга.

Во поглед на асортиман се задоволително снабдени, но ништо екстра. Во поглед на цени се океј, не се лакомат многу.

Тедико

Не би трошел многу зборови. Селско маркетче. Од поефтинките, ама со најмал асортиман. По неколку видови од артикал, а многу артикли воопшто и ги нема. Претежно мали објекти, несредени, неуслужлив персонал (15 луѓе чекаат на една каса, 3 продавачи си прават муабет позади рафт и никој не седнува на втора каса да расчисти гужва). Во Тедико би купил само цигари. И пиво. Услуга? Што беше тоа... "Види таму на рафт негде..."

Кам

Бетер и од Тедико. Убедливо најмал асортиман (се некои чкљ фирми), ама се наоѓа и по некој добар и ефтин производ кој го нема во другите маркети. Пример, има убави и ефтинки кашкавалчиња, туни и слично кои самите ги увезуваат. Ама, онака - дупка жива. Ко да влегуваш во Центро или Славија пред распад на СФРЈ.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Vero прави најголем промет, само цените малце да ги намалеа...
 

head

ЧОВЕКОТ СО МАЛО ТЕЛО
Член од
15 септември 2005
Мислења
1.360
Поени од реакции
512
ВЕРО , дефинитивно се лидери !
Јес да се Грци газдиве , ама ги бива бе луѓето . Знаат да се организираат , избор огромен,услуга супер , со други зборови да ти е мерак да влазеш внатре . Знам дека секогаш излагам од ВЕРО со поголем број на производи од планираниот . Е сега малку ме нервираат тоа промоциите , на секој рафт има по некоја промоција , што лично мене ми смета .
А за КАМ да не зборам... Пред некој ден ме извадија од такт . Ај што продавниците им се батал , ќе речеш се компензира со релативно пониските цен . Наполнив цела количка,бев внатре едно 20 минути , и доаѓам на каса и давам картичка , а кокошката ми вика `не работиме со картички`. Им оставив се и си излегов . Глупаци невидени... Па на рабуш да не даваат уште . . .
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Јас сум за тинекс, бидејќи има добро развиена мрежа на маркети, понудата ги покрива до 90% од потребите, услугата, полека но сигурно просечната старост на вработените се намалува, е не е се толку чисти како веро или рамстор (кој има само два маркети чинам). Како и да е во маало на 3 минути пешки ми е првиот воопшто отворен Тинекс, па секогаш се прошетувам до таму за да купам нешто наместо да купувам во колонијалите и пиљарите пред влез кои со нивните гајби со патлиџани, краставици и компири во влез ми имаат влезено.
Инаку секогаш кога треба повеќе да се купува и плус некои работи кои поретко се купуваат, моите сепак идат или во веро 2 или во рамстор поради нормално поголемиот избор.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom