Голман - Оливер Кан,типот го обожавав,а што се имаше освоени и постигнато со Баерн и Германија по негова заслуга за мене го прави голман на декадата.Од 1999 па наваму има освојувано 7 титули во Бундеслигата,5 во германскиот куп,1 лига на шампиони(во финалето на Валенсија и фати 2 пенала
),2 пати фудбалер на годината во Германија,3 пати најдобар голман во светот,4 пати најдобар европски голман,2 пати влегува во избор за најдобар(2 пати е трет) европски фудбалер,најдобар играч на СП 2002............(тоа му се успесите од 99 наваму само,пред тоа има уште доста)
Лев бек - Роберто Карлос.Легенда,еден од најпознатите фудбалери во светот.125 настапи за Бразил,со нив освоено СП 02.Легенда на Реал Мадрид,370 настапи има.Ја освојува Ла Лига 3 пати,купот на Шпанија 2 пати и ЛШ 2 пати и два пати е дел од тимот на годината(02 и 03)......И за него ова му се само успесите од 99 наваму.
Централни бекови-Паоло Малдини и Алесандро Неста.Имаат освојувано се што може да се освои,а секогаш биле важен дел од својата екипа.Малдини дури и на 40 години сеуште беше одличен играч.
Десен бек - Кафу,има играно во Рома и Милан,едни од најдобрите екипи во светот.Секогаш бил во прв состав,освујувал многу титули,а Пеле го има вбројано во најдобрите 100 живи фудбалери.
Лево крило-Роналдињо.Фудбалер на декадата.Еден од најатрактивните играчи некогаш,неверојатна техника има,а противниците редовно ги прави магариња.Со Барселона 2 пати го освојува првенството,и еднаш ЛШ,а со Бразил и светското првенство 2002.Индивидуално најголеми успеси му се: 2 пати најдобар фудбалер на светот,3 пати во најдобрите 11 на годината и е избран во најдобрата 11 на СП 2002.
Средина-Стивен Џерард,Ливерпул не е ништо без него и е нивен капитен.Еден од најдобрите англиски играчи некогаш.Индивидуално има освоено многу награди,а и со Ливерпул има доста титули(освен таа во Премиер лигата,а како што иде нема ни сега да ја освои).
Зинедин Зидан-што да се каже за него.Во свое време најскап играч во историјата пред да го стигнат трансферите на Кака и Кики Роналдо.Според мене најдобар франциси фудбалер некогаш.Штета што многу ќе го запомнат само по главата во гради на Матераци.:pos2:Ролингот му е најбољи,а неговиот гол против Баер е еден од најубавите.
Десно-Дејвид Бекам,само видете му ги слободните удари и постигнувањата.Нема подобар од него на таа позиција.
Напад
Роналдо-бројот на постигнати голови и тоа што на само 19 години е избран за најдобар фудбалер доволно зборат за него.Да не му беа повредите уште каде ли ќе му беше крајот.Неверојатна завршница, како за пример со Барселона 49 настапи,а 47 гола има дадено.А и со остантите екипи учинокот му е сличен.
Раул,човекот има се направено со Реал.Има постигнато еден куп голови.