Зависи за каква работа станува збор. За државна админстрација немам никакво искуство, не знам како реагираат. На факултет една професорка ме има бутнато на испит ради тетоважата, една ме има избркано од испит затоа што косата ми била бушава (читај виткана)
Во приватните фирми, особено работа во канцеларија, у принцип прават проблем, ама за видливи тетоважи, така да, ако планираш да се тетовираш на грб, стомак, рамо, гради или нога реално не ни мораш да ја пријавиш пошто нема како да ја видат. Кај мене на работа, не ми направија проблем што имам две видливи тетоважи, али ми беше потенцирано дека мора да бидат покриени во секое време додека сум таму, дали со облека или стегачи - свеедно. А пази, работам во канцеларија каде нема прием на странки или клиенти, канцеларија од затворен тип каде единствени луѓе со кои се среќаваш во текот на работниот ден се колегите.
Тоа е, овде сеуште се врзуваат неубави етикети за секој со тетоважа или пирс. Никогаш не ми било јасно како тетоважата ќе влијае на мојот работен перформанс, или зошто некој би се вознемирил ако види тетоважа, а не, рецимо - зелена сенка за очи ушлапана преку веѓи, али така си е. Ќе се покриваме и криеме се до некое понормално време