Тендери и начини кои се користат за местење на тендери

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Значајните буџетски заштеди при јавните набваки кои се постигнаа со воведувањето на електронските аукции се доказ дека корупцијата е намалена.. Оти колачот кој порано го делеа директорите и добавувачите сега е значајно намален. Колачот секако е разлика во набавна и продажна цена на производите.
Точно, се постигнаа заштеди, но од друга страна квалитетот на извршените услуги е во краен план и еднаков речиси на нула. Затоа се што е сработено ќе биде чкарт. Погледни ги само новите улици после година-две како се распаѓаат...

Инаку, и со електронските аукции се постигнуваат ниски цени кои не се логични. Пример, учествував на наддавање за најниска цена, а најниската цена (според реална пресметка на чинење на услугите) под која не ни се исплатеше да спуштиме беше 1.200.000 мкд. На аукцијата стигна до нереални и неверојатни 170.000 мкд. Се згазивме од смеење. Тоа значи дека тој што понудил таква нереална цена најверојатно е договорен или некој му шепнал дека нема да бидат извршени сите услуги во спецификацијата па му се исплати да оди со таква цена, или - некој му ветил дека со анекси или појма немам какви финти накнадно ќе ја зголемат сумата.

И ако исполниш услови и дадеш најконкурентна цена.. Нема жива сила што ќе ти го земи тендерот.
Ете, погоре опишав како ќе ти го земат.
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Ете, погоре опишав како ќе ти го земат.
Пази реков да исполниш услови и да понудиш најконкурентна цена...
Ти опиша како ќе ти го земат на надавање на аукција.. Тоа е друго..


За анексите многу ќе завршат во затвор.
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Точно, се постигнаа заштеди, но од друга страна квалитетот на извршените услуги е во краен план и еднаков речиси на нула. Затоа се што е сработено ќе биде чкарт. Погледни ги само новите улици после година-две како се распаѓаат...

Инаку, и со електронските аукции се постигнуваат ниски цени кои не се логични. Пример, учествував на наддавање за најниска цена, а најниската цена (според реална пресметка на чинење на услугите) под која не ни се исплатеше да спуштиме беше 1.200.000 мкд. На аукцијата стигна до нереални и неверојатни 170.000 мкд. Се згазивме од смеење. Тоа значи дека тој што понудил таква нереална цена најверојатно е договорен или некој му шепнал дека нема да бидат извршени сите услуги во спецификацијата па му се исплати да оди со таква цена, или - некој му ветил дека со анекси или појма немам какви финти накнадно ќе ја зголемат сумата.
Позната тендерска финта, се дава нереално ниска цена, испод секоја пазарна и економска логика за наводно се да биде транспарентно и потоа се потпишува анекс или потдоговор за непредвидени трошоци. Тие непредвидени трошоци достигнуваат астрономски суми . ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom