ми кажаја дека темјанот ги топи камењата во бубрези (но да се пази при голтање темјанот да не дојде во контакт со забите зашто ќе ги расипел), јас земав од веро кутивче со темјан за кандило од 50 денари, имаше два вида бел и шарен таму вработени ми кажаја дека за лек го земале белиот темјан и јас земав од тој. се добро само сега незнам дали да почнам да пијам, па ако има некој некакво искуство нека помогне?
Јас пиев темјан, имам камења во бубрези, јас го пиев вака, првин наутро на гладно пиев лажица маслиново масло, па го голтав темјанчето, па на крај сок од лимон, и така секој ден. Помага темјанот, ги нагризува камењата само треба да пазиш да не дојде во допир со заби, затоа што ги нагризува забите и е штетен за нив.
Правилниот рецепт за пиење на темјанот е вака
Да се пие на гладно, наутро, значи првин маслиново масло една - 1 ипол супена лажица. Потоа темјано се крши во керамички сад со 1-2 лешника, темјанот се толчи со дрвен толчник, не со метален (никако), потоа тоа столченото се става во лимонов сок и се пие. Мада мене ме мрзеше да го толчам па си пиев така средно големи темјанчиња цели.
Побарај на интернет има и други вакви домашни лекови за камења во бубрези, како лимони мед се мешаат и слично.