Студирам психологија

Дискусија во форумот 'Образование' започната од Magde., 19 јануари 2009.

  1. Magde.

    Magde. Модератор

    Член од:
    13 септември 2007
    Мислења:
    5.243
    Допаѓања:
    1.965
    Есејски даваат и социологија и педагогија. За години не треба да се учи, општо треба да знаеш.
    Ицко е супер, лесно ќе поминете кај него зашо само он има осет дека сепак сме психолози. Нема кај него дополнителни поени. Само редовност и колоквиуми.
    Кај Ицко полесно се шпминува на испит, на колоквиуми дава поише прашања, некои се како дефиниции, некои се есејски. Има и да му нацрташ нешо, коа ќе учите за мозоци - ќе треба да ги знаете и тие. Мислам дека ќе ви дае примрок од колоквиум.
  2. Жозефин

    Жозефин

    Член од:
    3 март 2009
    Мислења:
    597
    Допаѓања:
    173
    Мммм фала... Иако не звучат многу привлечно одговориве.. Ама ај, како сите, така и ние, ќе пројдеме вајда...
  3. Жозефин

    Жозефин

    Член од:
    3 март 2009
    Мислења:
    597
    Допаѓања:
    173
    Магиии е сеа сварно ми треба совет, ни рекоа денес викендов да размислиме кои изборни да си ги одбереме за втор семестар, у Понеделник треба да кажеме. Па ја право кај тебе на консултации, да не избрзам сама ко минатиот пат, со социологија си заглавив :)
    Вакааа, како опции ги иаме овие (најверојатно и ги знаеш, ама ја да си напишам за секој случај.)
    Социјална заштита, кај Сунчица Димитријоска
    Специјална педагогија кај Горан Ајдински
    Епистемологија, не пишува кај кого
    Естетика кај Иван Џепароски
    Етика кај Иванчо Атанасовски
    Ликовна семиотика кај Никос Чаусидис

    Па, знаеш. Кој предмет е каков, кој професор е каков :) Ај жити све ако не те мрзи опиши пошо сварно сме на мака :)
  4. Magde.

    Magde. Модератор

    Член од:
    13 септември 2007
    Мислења:
    5.243
    Допаѓања:
    1.965
    Ликовна семиотика - ОБАВЕЗНО!!!
    Ептен убав предмет е, многу работи од тоа ќе ти помогнат понатака во психологијата.
    Јас имав Етика и поминавме ептен лесно, предавањата му се закон, филозофија е секако, али онака ептен кул раскажуа чоекот, а на испит (пошо не ни дае колоквиуми да не не замара) ни даде се на заокружување, и ни помагаше дури..
    Лесно се поминува како и да е...
    Соцјална заштита ијам сеа и исто лесно с епоминува, не треба да идеш на предавања, ти ги дава она прашањата... и тоа...
    Другите не сум ги имала и не знам шо и како е....

    За ликовна семиотика ич не се мисли, а за другиве ти кажав за кои знам...
  5. Жозефин

    Жозефин

    Член од:
    3 март 2009
    Мислења:
    597
    Допаѓања:
    173
    Еј, фала ептен. Ми помогна, баш, ја ни толку не знаев :) Па, најверојатно тие три ќе идат, шо. Чим нема компликации и глупости нема шо да се мислам. Фала уше еднаш :)
  6. Жозефин

    Жозефин

    Член од:
    3 март 2009
    Мислења:
    597
    Допаѓања:
    173
    Мaggie капачето! Ако знаеш да ми кажеш... Социологија кај Илија ако не сум положила за еден поен, нема шанса нешо да напраам за да не идам на усно? На колоквиумите иам по 20 поени, и семинарска му напраив 10 поени. Нема шанса да ми дозволи некој есеј или превод да му напраам и да ме пушти за еден поен?
  7. Magde.

    Magde. Модератор

    Член од:
    13 септември 2007
    Мислења:
    5.243
    Допаѓања:
    1.965
    Па не знам, оди кенкај му, качи му се на глава ако треба, мене ми попушти за 3 поени, али ако те има фатено на око, ондак нема шанса. Немој да му се дереш или да бидеш дрска, глеај со убаво да му објасниш. И мене ме малретираше вака, мн е ретардиран
  8. Жозефин

    Жозефин

    Член од:
    3 март 2009
    Мислења:
    597
    Допаѓања:
    173
    Не бе, ме нема фатено на око, онака на предавања сум му активна, и супер ми реагираше. Еднаш ДУРИ и ми кажа дека иам многу добар стил на пишување :) Иначе по природа не сум таква дрска или да се дерам, а и не би било соодветно да идам да молам за оцена а да бидам дрска. У секој случај фино ќе му објаснам, ќе напраам муабет. Само тоа, дали иам шанса за еден поен да ми попушти да не идам на испит пошо нема шанса јас тоа све пак од поново да го учам...
  9. Goddess of Chaos

    Goddess of Chaos Nixe Nox

    Член од:
    16 август 2005
    Мислења:
    6.308
    Допаѓања:
    221
    Студирам психологија! Јееееееееее.... :)
    Ми беше прв избор уште од почетокот на средно, ама сите (па и јас) очекуваа дека ќе се премислам уште 534635 пати додека да дојде големиот момент.
    Така и бидна, имав нови мушички нон-стоп, за на крај пак со ќејф да си се вратам на првата љубов. And boy am i glad i did.
    Сега дури ме чекаат вистинските предизвици додека си го најдам патот во пребогатиот внатрешен свет на психологијата....
    На emilija jakimovska и Magde. им се допаѓа ова.
  10. Luna ***

    Luna ***

    Член од:
    8 декември 2010
    Мислења:
    42
    Допаѓања:
    5
    Ќе можеш ли да ми кажеш кои се предусловите за упис на тој факултет?Кои предмети се полагаат,на што треба да се обрне внимание и така натаму...
  11. Magde.

    Magde. Модератор

    Член од:
    13 септември 2007
    Мислења:
    5.243
    Допаѓања:
    1.965
    Tреба да имаш повисоки оцени и предмети кои ти требаат се психологија, филозофија, биологија и математика. Барем тие беа коа јас се запишував. Е сеа тоа со полагањата матура, не знам како иде пошо јас не полагав, овие помаливе полагаа па нека те посочат они шо предмети земаа.

    --- надополнето ---

    Ако ти требаат некои информации или помош за нешо, слободно пиши ми. :)
    На Goddess of Chaos му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Goddess of Chaos

    Goddess of Chaos Nixe Nox

    Член од:
    16 август 2005
    Мислења:
    6.308
    Допаѓања:
    221
    Јас полагав македонски, англиски, филозофија и историја. Ништо директно поврзано со психологија.
    Затоа би рекла дека на нашиов факултет тоа баш и не е битно. Од друга страна, предзнаењето од одредени предмети (набројани погоре од Магде) ќе ти помогне во снаоѓање со новиот материјал овде, така да полагањето на тие предмети е покорисно лично за тебе отколку за уписот.

    Високиот просек е важен, доколку ти значи да влезеш во државна квота.
    Официјално примаат 40 редовни студенти (20 државна, 20 приватна) а ете оваа година примија 100 (и нешто ситно), што значи дека оние кои беа скоро сигурни дека нема да влезат, влегоа без мака.

    Тоа е моето искуство од уписот минатата година.
    Ако имаш некое поспецифично прашање, shoot. (;
    На hoody му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Жозефин

    Жозефин

    Член од:
    3 март 2009
    Мислења:
    597
    Допаѓања:
    173
    Јас оваа година се запишав на психологија, и кога се распрашував за предмети, ми рекоа странски јазик, или математика, не е важно, историја, биологија, информатика, или може од тие социологија, филозофија ако си ги учела по две години минимум. Зашто само за проектна можеш тој предмет да си го учела една година, а другиве мора да ти се по минимум две години. Јас одбрав Македонски, Англиски (екстерни) и Биологија и Физикална терапија (стручен). И проектна по психологија, што не мора да значи дека мораш да одбереш психологија за проектна зашто предметот од проектната не ти влегува во услов за упис. Значи можеш што се вика математика да одбереш, нема да имаш проблем. И препорачливо е да имаш добар успех од средно, зашто еве оваа година имаше голема навалица и да не ја проширеа квотата, многу деца со релативно висок просек немаше да влезат.
  14. Luna ***

    Luna ***

    Член од:
    8 декември 2010
    Мислења:
    42
    Допаѓања:
    5
    Фала многу. :)
  15. PurplePuma

    PurplePuma Somewhere, over the rainbow...

    Член од:
    21 јануари 2009
    Мислења:
    7.607
    Допаѓања:
    7.440
    Здраво дечки :)

    Јас сум 4 семестар психологија во Тетово и имам прилично застрашувачко тажно смешно и забавно патешествие со моево студирање :)

    Гледам овде сте се студенти од УКИМ ... Веројатно затоа што вкупно 6-7 македонци има на ДУТ во сите 4 години.

    Се запишав таму во прв уписен рок зошто мислев дека во Скопје нема да ме примат (бев одлична од 1-3 година, во 4 не, плус завршив во Борис, па на матура полагав Мак, Анг, бизнис, економија и социологија проектна). Меѓутоа, од мојот клас една година подоцна примија моја соученичка со далеку послаб просек од мене (јас на матура имав само 1 4-ка). Како и да е, во моја генерација секако ќе ме примеа, затоа што многу малку имаа повеќе поени од мене, веројатно ќе бев некаде помеѓу државна и приватна квота :)

    И така почнав да патувам секој ден Скопје-Тетово-Скопје... Почнав да слушам предавања на албански јазик, што од една страна ме одмараше на почетокот зошто не морав јас да се замарам премногу, а од друга ме нервираше страшно зошто не знаев албански па имав проблем со разбирање и доразбирање на предавањата, а да не зборувам колку ми беше досадно и колку се ми се одмили. Плус, имав ептен шкарт предмети, врска со ништо немаа - ние имаме 14 предмети годишно, 4 повеќе од УКИМ. Ама затоа имаме чудесии, како што учиме Англиски 4 семестри, по 1 семестар Албански и Македонски, па психологија на спорт, итн итн итн... Ама приметив и дека многу предмети се измешани - Ние учиме 2 пати повеќе физиологија (нема нешто што не учиме), после во прв семестар логика, антропологија.... Нешто што е изборен предмет мислам во 3 година на УКИМ.. После, ние во 2ра учиме Теории на личноста - а во трета Личност (во Скопје е обратно)... Психологија на педагогија (поточно ученици - професори психологија)..

    Во Тетово сме поделени на професори и психолози (односно после дипломирање едните ќе бидат професори по психологија а другиве психолози) а до 3 година исто учиме. Јас сум професионална насока, ама џабе, пак си учам и како професор да бидам и ме отруа со децава и нивното воспитување!!!!!!

    Мене ми е целта да работам во болница (клиничка) или во форензичка психологија. Дали некој од вас има некаква информација ----- каде има постдипломски за двете насоки. Друго, дали кај нас воопшто барем малце е развиена форензичката психологија? Бидејќи не успеав да најдам податок дека воопшто постои како постдипломски студии, туку психолозиве од затвориве ги однесоа на 3 дена семинар некој па ги специјализираа туку така за форензички психолози. Бидејќи мојата работа деф нема да биде во никаква образовна или академска установа, морам да одберам нешто од ова, мада имам време...

    И друго, начув некои податоци дека потребно е да се оди на 2 годишен курс за психотерапија зависи од школата која ќе ја одбереш (психоанализа, бихевиоризам ...) ... Дали некој има некаква информација, дали ако веќе се мора, може да одам пред да дипломирам? Односно додека сум студент?

    Фала ви дечки однапред... и да, бидејќи јас сум во вечна потрага по литература (моите колеги учат 100 а јас 150 страни, на пример :) :) :) ) веројатно ќе ве искористам, па ако има некој нешто од следново, ве молам да ме контактира!!

    Историја на психологија
    Теории на личноста (1 и 2, кај мене, не знам како е на УКИМ)
    Психологија на колективното однесување
    Психологија на односите меѓу половите -- или јас како што си викам Сексологија :)

Сподели преку: