Студирам психологија

Bic

Член од
16 септември 2009
Мислења
5
Поени од реакции
0
Здраво, дали има тука некој знае нешто за постдипломски по психологија (двегодишни студии)? како одат полагањата на делови/колоквиуми или цел испит и дали се признати студиите надвор односно дали ќе може ако се заврши тука првата година директно да се префрли во странство и таму да се пишува магистерска или пак за запишување на докторат во странство ако неможе после првата година? Исто ако некој знае за тоа колку е тешко да се заврши со висок просек? Било која информација ќе ми помогне многу. Поздрав до сите.
 
Член од
31 мај 2012
Мислења
228
Поени од реакции
146
Дај кажете нешто за просоцијално однесување кај проф. Михајло, каков е предметот?
Овој семестар имаме изборни кај него, кај Јанаков и кај Кениг.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011
Дај кажете нешто за просоцијално однесување кај проф. Михајло, каков е предметот?
Овој семестар имаме изборни кај него, кај Јанаков и кај Кениг.
Си имала социјална кај него?
Епа исто само полошо. :D
Не можам да му простам што го уништува еден од најубавите предмети.
Кога го слушав на предавања и вежби како секогаш ми објаснува методологија, сакав да го удрам. Мислам дека ќе си пукне од мака што Бешка е на факс.
Шо изборни имате?
Кенинг и Бешка се мнооооогу полабави на изборни предмети, ама ако ми кажеш меѓу шо бирате ќе ти кажам искуство или шо ијам слушано од колеги
Кениг tips, pros and cons? :D
Оди на предавања и вежби секоаш, труди се да бидеш максимално активен, положи на колоквиуми.
Кениг е закон, за обожавам иако ме падна статистика едно 1000 пати минимум.
Квадрат пишав ради неа.
Ама како човек и професор е супер.
Не знам шо сакаш да знаеш, многу ти е прашањево општо.
 
Член од
31 мај 2012
Мислења
228
Поени од реакции
146
Психологија на личен развој - Јанаков, Просоцијално однесување - Михајло и Квалитативни методи - Кениг. Тој е изборот. Од овие три треба два да избереме.:)
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011
Психологија на личен развој - Јанаков, Просоцијално однесување - Михајло и Квалитативни методи - Кениг. Тој е изборот. Од овие три треба два да избереме.:)
Психологија на личен развој - Јанаков - на предметов ќе пишувае дневник, нема колоквиуми или испити и Јанаков дава задачи што треба да се пишува. Интересен предмет е, невообичаен.

Просоцијално однесување - Михајло - предметот е убав ама Михајло е слдкфхчслкдхфчолихеоифхсчдлкх... врска нема од предавање или објаснување, колоквиумите и испитите му се рандом реченици од книга шо би значело дека треба цела книга да ја знеш на памет...така да не знам...

Квалитативни методи - Кениг. Ја предметов не го одбрав пошто ми фуфеше од Кеиг, ама сите колеги што го слушаа рекоа дека Кениг е 100 пати по опуштена и по океј на овој, и дека предметов им помогнал многу за пишување дипломска и воопшто разбирање поубаво на методологија.

Јас да сум би одбрала Личен развој и квалитативни..
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Што им е катиљ на Бешка, Михајло и Благоја?
Пошто и Кениг ми ја збореа за таква, али океј пројдов.

Sent from my E2003 using Tapatalk
 
Член од
24 јули 2015
Мислења
7
Поени од реакции
0
Здраво, сакам да запишам психолгија но никаде не најдов конкретни информации. Се исплати ли да го учиш факултетот, дали има просперитет од него, работа и слично? Колку часа си на факултетот неделно? И дали го препорачувате?
 
Член од
14 јануари 2013
Мислења
81
Поени од реакции
16
Што им е катиљ на Бешка, Михајло и Благоја?
Пошто и Кениг ми ја збореа за таква, али океј пројдов.

Sent from my E2003 using Tapatalk
jas sum zaglavena kaj site gore navedeni :D mi ostanaa 7 ispiti do diplomska ama lugevo se teshki pefekcionisti i dosta principielni... najdobro e da cekas da se penzioniraat hahahhahahha :D
 
Член од
5 август 2015
Мислења
5
Поени од реакции
1
Дечки, сакам од Септември да започнам некоја приватна обука. Јас знам за овие, доколку некој знае и за други школи/едукативни работилници, или да сподели искуства и сл. нека пише. Тенкс

https://www.facebook.com/psihointegra?sk=timeline&app_data
http://www.institut-alternativa.com.mk/

(Не можам да најдам линк за гешталт работилниците , овие на Водно што идеа 2 пати месечно ако знаете, за викенди имаа работилници... )

Отворив и посебна тема http://goo.gl/SPRTtw
 
Член од
28 октомври 2015
Мислења
2
Поени од реакции
0
Ве молам некој да каже кои се книгите по следниве предмети на Психологија, УКИМ:

Општа психологија
Социјална психологија
Развојна психологија
Психологија на личност
Методологија
Статистика

Дали се многу тешки и обемни предметиве или? Фала многу.
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Ве молам некој да каже кои се книгите по следниве предмети на Психологија, УКИМ:

Општа психологија
Социјална психологија
Развојна психологија
Психологија на личност
Методологија
Статистика

Дали се многу тешки и обемни предметиве или? Фала многу.
У скриптарата на филозофски факултет ќе ги најдеш.

Општа ти е 200 страни. Кај Ачковска. Лесен е предметов.

Социјална е кај Михајло. Неам слушано кај него, али е катиљ човек од кажување.
Развојна е кај Ана Фрицханд. Срце е, предобро предава, а колеги шо слушаа кај неа друг предмет одлично поминаа.
Психологија на личност кај Јанаков. Исто неам слушано, али добро предава, катиљ како човек, али ако имаш научено, немаш проблем.
Методологија кај Бешка. Исто неам слушано. Али исто ко Јанаков.
Статистика кај Нина Кениг. За мене личност најдобриот професор на институтов досеа. Принципиелна и знае да цени знаење многу.
 
Член од
28 октомври 2015
Мислења
2
Поени од реакции
0
Финтата е што овие ми се услов за запишување на втор циклус како недипломиран психолог. Треба да ги полагам три крај на ноември, три крај на декември, за да се запишам во јануари. Се плашам да не не е баш изводливо и да си барам друг факултет за мастер... Пошто нема ни да ги слушам ни ништо. А скриптара мислиш на книжарницата кај влезот на фзф? Фала.
 
Член од
15 јули 2016
Мислења
38
Поени од реакции
26
Има некој завршено? Каде работите? Колкави се можностите за вработување со факултетов?
 
Член од
14 август 2016
Мислења
6
Поени од реакции
0
Имам огромна желба да студирам на факултетов и имам околу 87 поени, дали има шанса да ме примат?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom