Сточарство

  • Креатор на темата Johnny Stulic
  • Време на започнување

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Не се занимавам со сточарско производство имам само растително, но ќе пробам да ти одговорам.

Не се работи дали некој сточар има или нема воља и дали сака да извезе готов производ готовиот производ во сточарството се произведува од суровина месо или млеко, а нивните продажни цени не дозволуваат на фармер да акумулира средства да гради производен капацитет (извозен-индустриски тип), голем дел од сточарите работат за гола егзистенција.

Кога се работи за производство на финален производ на самата фарма-домаќинство се се сведува на производ за мал круг локални потрошувачи, а не за извоз. Доколку некој сточар има доволно капитал да финансира сопствен производен погон-извозен за млеко или месо и најмалата производна линија (со најмал капацитет за еден производ) вреди неколку стотици илјади евра (треба да е исо-стандардизирана) плус објект за опремата изграден по хасап критериуми повторно вреди неколку стотици илјади евра. Ако некој фармер теоретски го направи ова за да ја искористи опремата повторно треба да откупува суровина од друѓи фармери за да го искористи капацитетот 100 % бидејќи кај нас нема доволно голем семеен-фармер да снабдува самостојно производен капацитет од ваков калибар затоа нема ниту ќе има извоз на готов производ од фармер туку ќе извезуваат големите млекари пр.-Битолска или месари пр.-МИК и др кои не се во сопственост на фармери.

Голем фармер во наши услови би можел да исфинансира некоја дискретна куќа на имотот за селски туризам (швалер туризам) и да прима викенд туристи на ноќевање со вечера и појадок на производи произведени на самото стопанство во домашни услови и на тој начин да оствари екстра приход. Мал фармер има неколку избори може да продава млеко по куќи на домашна адреса во пластично шише 35-40 ден./лит. или да продава илегално јајца, сирење и домашни колбаси на пазар и да биде казнет од Здравствен инспекторат, Инспекторат за храна и вино или УЈП, а откако ќе плати казна ќе го продава млекото легално на млекара за 18-20 денари и ќе му го плаќаат на трансакциска сметка по 30-60 дена зависно од млекарата, а откако ќе виде малиот сточар со 4-5 крави дека нема живот ќе ги продаде и ќе бара работа во фабрика за 200 евра.
Слушај вака.. За жалења не ги постирав јас прашањата. Секаде читам жалење од сите.

Тргни све на страна, што на пример бугарите или србите се попаметни и подобри од нас? Ако гледаш на страната зошто НЕМОЖЕШ секад ќе има причини !

Па нека почне илегално да продава и заработените пари нека ги инвестира во легално производство и амбалажа. Знам дека ме читаш и мислиш дека зборам нешто невозможно ама немогуче другите народи да успеваат во се и сешто. Сегде во секоја држава има проблеми, како човекот ќе се снајде тоа е негов успех и неуспех.
 
Член од
29 мај 2014
Мислења
12
Поени од реакции
10
За 20.000 е во лихварство можеш и метак да попиеш.

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
Vo lihvarstvo za bilo koja suma mozes da "popiesh" metak,lihvarstvo e nesto sto nikogas ne bi go rabotel a toa sto go napisav e objasnuvanje zosto makedoncinjata se odlucuvaat za toj biznis....pobrzo ke te prifatat so toj biznis otkolku tie 20.000 evra ili kolku i da se gi vlozis vo stocarstvo ili sto i da e ama da e posteno...ova e zalosno ama vistinito.....
 
Член од
3 април 2014
Мислења
23
Поени од реакции
42
rumkd како што сфатив те интересираат шталски крави најдобро направи си сам бизнис план во консултација со сточар практичар кој работи со години во дејноста(јас сум сточар инженер но не работам во сточарство), калкулирај со просечните цени на пазарот и со макс/мин цени ова што ти го пишувам јас дека ќе го направиш овој нето приход 4000 евра годишно (просечна плата месечно) земи го само како рамка за сопствена калкулација.
РАСХОДИ (71% храна + 29% други трошоци = 7000 евра/год.)
5 крави * 4500 кг сено = 22,5 тони сено годишно * 110 евра/тон = 2500 евра/год.
5 крави * 2500 кг жито = 12,5 тони жито годишно * 200 евра/тон = 2500 евра/год.
Оваа количина на храна сметам дека е доволна за една крава-годишно и нејзиното теле 200 кг. да го продадете по 5-5,5 месеци.
Трошок за храна ВАРИЈАБИЛЕН во зависност од годината-(суша, поплава-скапа храна) или сезоната-(жетва-евтина храна, зима-скапа храна), овие цени кои ги калкулирав се некои просечни цени за добиточна храна кога би ја купувале, ако ја произведете на сопствена земја калкулирајте 20% помали расходи, а ако произведете силажа тогаш сте со 50% поефтина храна. Многумина калкулираат дека за грло крава е потребно еден хектар површина ова земете го со резерва, ако фати суша, а површината е без систем за наводнување нема да ви се доволни ни три хектари по грло (2012 год. во зима тон жито чинеше 300 евра=33% зголемување на расходите, а цената на откуп на млекото е иста)
Ветеринарни трошоци ВАРИЈАБИЛЕН во примеров 500 евра/год. (една доза за да се осемени крава е од мин. 10 евра се осеменува најчесто двократно во еден циклус, а понекогаш се потребни 3-4 циклуси), не калкулирам со смртност, но сметајте дека ако ви умре една крава не сте изгубиле само над 1200 евра грло туку губите и млеко и теле од тоа грло во кое сте вложувале со години.
Релативно фиксни трошоци ВАРИЈАБИЛЕН 1500 евра/год. (транспорт на храна за крави, струја, вода, телефон, пат до фарма и назад и др. непланирани расходи)

ПРИХОДИ (16% месо/животни + 81 % млеко + 3 % субвенција = 11000 евра/год.)
5 крави * 1 теле = 5 телиња отелени
5 телиња – 20 % смртност = 4 телиња продуктивни
Кај кравите не калкулирав смртност ВАРИЈАБИЛНА но наведов дека е можна, но овде се работи за млада нежна категорија затоа калкулирав висок % смртност.
4 телиња продуктивни – 1 жен.тел. за ремонт на основно стадо = 3 телиња за продажба
3 телиња * 200 кг/жива мера = 600 кг/ж.м. * 2 евра/кг = 1200 евра/год. од телиња
Цената на жива мера е ВАРИЈАБИЛНА калкулирав со ориентациона цена не сум во тек која е моментално.
1 стара крава ремонт на стадо * 600 кг * 1евро/кг/ж.м. = 600 евра/год. од крави
5 крави * 5500 лит/год = 27500 лит/год * 20 ден/лит = 8900 евра/год. од млеко
Млечноста е индивидуална карактеристика со генетска предиспозиција овде калкулирав 5500лит/год/лактација овде не влегува конзумираното млеко од телето само продаденото.
5 крави * 3000 ден.год/субвенција = 300 евра/год. од субвенции

Во декември месец во УЈП треба да поднесете образец ПДД-ЗЕ во кој ќе ги наведете приходите остварени од земјоделие-сточарство како физичко лице на вкупната сума што сами ќе ја впишете паушално или ви е платена преку трансакциска сметка во текот на годината ќе добиете даночно решение со сума 2 % од остварениот приход во примеров 214 евра (во приходот законски не влегуваат добиените субвенции)

1. Од оваа калкулација земете ја со резерва бидејќи секоја ВАРИЈАЦИЈА од погоре од цена на храна 70% па до продажни цени влијаат на крајниот финансиски резултат на фармата. Ако најдеш купувачи да го носиш млекото до врата во пластично шише ќе заработуваш 30-40 ден./лит.

2. По мое мислење земете го со резерва фарма со испод 5 крави во наши услови неможе да опстои на пазар и тоа од неа да живее само еден член во семејството, а не цело семејство.

3. никаде во калкулациите не калкулирав амортизациони стапки за опрема, објект, трактор или рати за кредит без тоа не ви е комплетен бизнис планот, животните како основно средство за работа во сточарството имаат карактеристика на саморепродукција.

4. Работата е без одмор заборавете на викенд, празник, одмор.

5. Фармата не е лажица за секоја уста, а кај нас политичарите најчесто тресат зелени па измислуваат приказни дека социјалци ќе работат земјоделие-сточарство, за да покренете вакво минимално производство под услов да поседувате објект со инфраструктура, трактор и нешто сопствена земја 3-4 хектари да произведете барем 30-40 % храна ви се потребни минимум 13000 евра само за набавка на кравите и храната+другите трошоци за да стартувате со производство.

5. Ако немате 1.објект, 2.земја, 3.трактор, а имате 20000 евра тогаш вложете ги во друга дејност бидејќи вољата и оваа сума пари нема да ви бидат доволни, ако имате барем 2 од овие 3 нешта како капитал тогаш инвестирајте ги парите во крави (ова е мој став не е генерално правило).
 
Fala ti mnogu za objasnuvanjeto sigurno si se iznamacil samo za da go napises zamisluvam kolku treba seto toa da go ostvaris vo sekoj slucaj odlicno napisano so mnogu fakticki raboti kade sto poslednite redovi se najbitni-cistata vistina a ne nekakvo vetuvanje od necija strana deka se ke odi kako podmackano samo ti istrcaj se i vlozi gi parite....
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Променетата исхрана ги менува земјоделството и сточарството

Најмногу ќе се зголеми производството на месо од живина, кое ќе сочинува 50 отсто од вкупното производство, како и на свинско месо (30 отсто). Живината е евтин извор на протеини и не е подложена на верски или културолошки забрани. Ова месо ќе стане најпопуларен месен продукт во следните десетина години

http://www.dw.de/променетата-исхрана-ги-менува-земјоделството-и-сточарството/a-17781019
 
Член од
29 мај 2014
Мислења
12
Поени од реакции
10
Aj dobrovecer kako pred tri meseci kade sto pobarav odgovor na nekoi prasanja (i gi dobiv-blagodaram) ama nekako zapre seto toa...dali nekoj stana farmer ili seto toa ostana"na papiru",dali nekoj od vas ima nekoi novi informacii vo vrska so ovaa problematika zasto i jas ostanav samo na ideja.........
 
Член од
13 јануари 2013
Мислења
18
Поени од реакции
4
Poveke sum zainteresiran za firmi koj gradat farmi i popratni objekti, dali znaete nekoj ili bi preporacuvale??
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.955
Поени од реакции
35.491
...od poraka na poraka se si mislam deka e poarno da ja batalam idejava i da si sedam madro i da si rabotam kaj sto sum sega
Кога го напиша првиот пост беше толку оптимист и спремен да си почнеш бизнисот , и после неколку 10тина постови класичното македонче те уби со својата негативност и деструктивност. Форумот е пун со вакви ликови кои се експерти за се , ( во случајот крави ) иако крава имаат видено само на паковката на милка чоколадо.

И после зошто скапувал македонскиот народ по фабрики како Дрекселмајер. Море цел животен век да го поминете таму , ебаве титовата идеологија ЗА ПЛАТА.
 
Del Boy...не е добро за здравјето да се нервираш,далеку сум јас со работата и со платата од тој твој Дрекслермајер,а Титовата идеологија сум ја почитувал и ќе ја почитувам-тука се разликувам од поединци.Тоа дали некој ми дал совет или не воопшто не ме одврати од намислата да започнам бизнис и покрај платата.Навистина се мачам ама малку по малку оди бизнисот.
А ти продолжи да даваш совети и мислења по цел форум-како што гледам само за тоа и те бива.
 
Абе титовец , јас намерно застанав на твоја страна оти за прв пат гледам човек од твоја генерација да пробува да се пробие у светот на капитализмот , ти ми сереш овде кој давал мислења за што. Не му ја секирај за мене , јас имам големи планови , далеку поголеми од 5 крави и една штала. Фала богу не планирам цел живот за плата да играм.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Абе титовец , јас намерно застанав на твоја страна оти за прв пат гледам човек од твоја генерација да пробува да се пробие у светот на капитализмот , ти ми сереш овде кој давал мислења за што. Не му ја секирај за мене , јас имам големи планови , далеку поголеми од 5 крави и една штала. Фала богу не планирам цел живот за плата да играм.
- се надевам вакви планови , ако не, ќе ме разочараш...;) ..кравата е само пондер, може да се пише се... од количка за гевреци... до брод за контејнери:
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.302
Поени од реакции
22.588
- се надевам вакви планови , ако не, ќе ме разочараш...;) ..кравата е само пондер, може да се пише се... од количка за гевреци... до брод за контејнери:
На ова може да се додаде 9та МАКЕДОНСКА опција, на крај собираш субвенции за 9 крави...
 
Член од
29 мај 2014
Мислења
12
Поени од реакции
10
Абе титовец , јас намерно застанав на твоја страна оти за прв пат гледам човек од твоја генерација да пробува да се пробие у светот на капитализмот , ти ми сереш овде кој давал мислења за што. Не му ја секирај за мене , јас имам големи планови , далеку поголеми од 5 крави и една штала. Фала богу не планирам цел живот за плата да играм.
Ако со претходниот коментар си застанал позади мене тогаш фала-"немој бате не ме брани"...иначе малку повеќе се расфрлаш со терминологии-ова овде е далеку од капитализам.Во врска со серењето...сигурен сум дека родителите не би се гордееле со тебе ако знаат каков ти е речникот(или тоа е речникот од ДрекслермаЈер).И не се 5 крави туку се кози и се далеку повеќе од 5...чисто информативно и најискрено ти посакувам се најдобро во големите планови кои како што гледам ќе почекаат затоа што на форумов имаш 1 милион како мене што нестрпливо чекаат да им кажеш да не серат и да им одредиш цел во животот.
Za domovinu s Titom-NAPRIJED
 
Член од
27 декември 2015
Мислења
1
Поени од реакции
0
Dali nekoj od vas znae koj mlekari vo Makedonija vrsat otkup na KOZJO mleko, kolku e cenata, uslovi...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom